Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 479619 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
Сега во маџари се градат 4 да се заокружи комплескот на ддс билдинг кај стара млекара, ако некој сака по на страна додека е во почетна фаза да си уредува по желба со прави ѕидови :D  претходниве 2 ламели исклучително брзо ги расподаде иако викаа дека квадрат е скап за таму но доста и океј материјали се вложени според мене таа е цената
Страшо/ДЕНИ нема штедено таму на материјал, тие згради се доста квалитетно изработени.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2123

Гратис имаш пумпа и перална хаха, ја гледав додека се градеше и затоа се решив за таму

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Влезовите во становите се ужас во скоро сите нови згради. Во пола од овие на биси влегуваш во дневна, а во другата половина во кујна/трпезарија. Мизерно.

Архитективе не знаат ходник што е изгледа.

Имаш во Џевахир како што сакаш влез. Ама од 99м2, 20 м2 се ходник. Па го имаш моментот, па ја за ходник ли да пкаќам толку пари и одржување.

Тоа е тоа што велам, цените се нереално високи за наш стандард или јас си мислам согласно официјалните бројќи дека кај нас преовладува сиромашно население. Па затоа сите се со муабетот, не сакам 1200е за ходник да плаќам.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Цените се нереално високи, а становите се распродадени уште во градба.

Во Скопје становите се продаваат на ангро.
Каков сакаш квалитет имај, стан не останува непродадени.

А кога се вели дека рипнал квадратот, сепак треба да се има предвид и за зголемените трошоци на инвеститорот. Порано даваа стан во зграда, 60-70К, сега е рипната тарифата на 100+ и тоа кеш. Ако било паркче, за 140К ќе се упише маркица. На страна "трошоците" надоле по хиерархија. Па понатаму зголемена цена на репро материјали (која ќе ја искомпензираат со не стандардни димензии а ќе ја наплатат), работна рака итн.
И пак на крајот, има кој сѐ тоа да го плати а ќарот е оооогромен.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Цените се нереално високи, а становите се распродадени уште во градба.

Во Скопје становите се продаваат на ангро.
Каков сакаш квалитет имај, стан не останува непродадени.

Главна причина за ова е што народот е финансиски неписмен, дури и оние што имаат повеќе пари.

Кај нас единствена добра инвестиција се смена купувањето на стан.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Треба и архитектите да вршат малце притисок нагоре инаку никогаш нема да се смени оваа пракса. Друга глупост во становиве на Биси се влезовите одма до скалите.

Притисок од архитекти. Немој вакви смешки.
Инвеститорот нас не гледа како пречка до дозвола за градење. Ние му сме непријател што го тера да гради по некој прописи и правила.

Многу е просто.
Доаѓа инвеститор и нарачува проект. Ти го правиш супер и тој ти го менва цел по негова желба. Го прави шит.
За да земиш плата на крај на денот, мора да го сработиш тоа. Затоа што колега друг ќе го наплати и тој ќе си ги земи парите. А ти ќе си останиш со гордоста в џеб.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281

Ах...значи исто како мојата приказна со свирки само што архитектот е бендот, инвеститорот е газдата на клубот, проектот е репертоарот на бендот, а колегите  се дуо микрофон и синтисајзер со Липе Цвату уснимана во аранжер.

Сфатен си.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Паднавме на:
Шо прајш? Цртам за пари.
Ти.
Свирам за пари.

;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Газдите на клубови обично знаат барем да запеат нешто, макар и Бело Копче.

Оди разбери се со new money паланечки газда кога нешто е погрешно.

Бонус трака:
"Не постои врата повисока од 2 метри"
- еден од тие газдите, откако ги згреши отворите наместо 222, ги направиле 202
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Да не барам подолго, само од Википедија:

Ретко кој се запрашал кој бил градоначалник на Скопје кога се изградил градскиот водовод од изворот „Рашче“ кај селото Радуша, кога се подигнала хидроцентралата „Матка“ на реката Треска, зградата на Собранието на Република Македонија, старата железничка станица во центарот на Скопје (урната во земјотресот во 1963 година), "Зеленото пазарче" до зградата на Парламентот, Офицерскиот дом (разрушен во земјотресот), старата зграда на Народната Банка на Македонија (исто така разурната во земјотресот), градскиот парк и зоолошката градина. Негови дела исто така се: урбанистичкиот план на градот, проширувањето на електричната мрежа и канализацискиот систем на целата територија на Скопје, машката гимназија „Кирил и Методиј“ и женската гимназија „Кралица Марија"“ ја обновил опожарената библиотека на Иса бег каде се наоѓала и книгата на најславниот лекар Хипократ на арапски јазик, што на латински се превела дури во 16 век на запад. Неговиот мандат траел седум и пол години

Освен овие дела, за време на неговиот мандат биле изградени дваесетина училишта, над 280 километри градски улици, воените скривници, проширена била градската болница, изградена нова градска кланица, изградени над 20 сообраќајни крстосници кои и денеска се користат, надвозници, мостови, пристапни и излезни патишта, неколку тениски и две фудбалски игралишта и детското одморалиште „Горно Водно“. Бил дел од тимот кој ја проектирал зградата на Академијата на науките и уметностите на Србија и на градската палата на градот Белград.

Со сите овие реализирани проекти тресончанецот Јосиф успеал Скопје да го претвори од обична турска касаба во модерен европски град. И денеска некои негови дела стојат построени низ скопска котлина како потсетник на дела какви никој пред него и потоа не успеал да направи за столицата на Република Македонија.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Влезовите во становите се ужас во скоро сите нови згради. Во пола од овие на биси влегуваш во дневна, а во другата половина во кујна/трпезарија. Мизерно.

Архитективе не знаат ходник што е изгледа.

Имаш во Џевахир како што сакаш влез. Ама од 99м2, 20 м2 се ходник. Па го имаш моментот, па ја за ходник ли да пкаќам толку пари и одржување.

Тоа е тоа што велам, цените се нереално високи за наш стандард или јас си мислам согласно официјалните бројќи дека кај нас преовладува сиромашно население. Па затоа сите се со муабетот, не сакам 1200е за ходник да плаќам.

Леле немој само Џевахир да спомињаш.

Што викаш имаш ходник пример 8м2 (или повеќе) ама немаш тераса (никаква) во некои станови.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8

imas stanovi so terasi i od niv si zemes :) sega do kraj godina gotov stanot 970e go davaat, i hodnik obavezno imas
ps: ako e tolku biten hodnikot neli ...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Колку е одржувањето во Џевахир што се збори дека било скапо?

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
ako dobro se sekaam bese 40denari m2...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Не е баш евтино, особено за поголема квадратура.