Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 478690 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Богатите луѓе не се глупи и сигурно тие не купуваат вакви станови. Така да останува прашањето кои се луѓето што даваат волку пари, а не се богати.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Систем АПП.

Со камата на 20 години 2400еур.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Инфлуенцерите. :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Не можам да ја сфатам оваа последнава мода со коси ѕидови. Глупости живи.

Не е тоа никаква мода.
Алчност за да се искористи и последниот сантиметар за повеќе м2.

Направиле зграда која ќе има 3-4 милиони евра ќар и се борат за 20 м2 на кров за да има косини.
Сериозно потребно е промена на цел систем за проектирање.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Абе еве Космос го гледам. Толкаво зданије, коси ѕидови внатре. Да не немал простор да се шири?!

Башка бараат сериозни суми пари за големи квадратури и ми тура столб сред соба и крив ѕид.

Море мрш!

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
ИЗИИС се криви за столбовите! :)))
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
ИЗИИС се криви за столбовите! :)))
abe ne se krivi stolbocite tuku zidovite :D :D
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
ИЗИИС се криви за столбовите! :)))
abe ne se krivi stolbocite tuku zidovite :D :D

Бранко е крив!

Пичка му материна...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Цениве за квадрат во Скопје се отидени доста нагоре. До степен на неисплатливост.

Стан во Капиштец, 84 квадрати, со очигледна потреба од реновирање (терацо во ходник, врати праисториски, дрвени прозори, купатило без штраф ставен откако се изградила зградата) го продаваат за 105.000 евра.

Летнало пилето.

Требаше да купам стан кога ме отера паметот натаму. Ќар ќе бев сега, после 2 години.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Многу е логично да расти цената на недвижностите.
Ако оди надолу, тогаш е проблем.

Само смешни се овие скокови на цени за м2 од 1100е - на 2100е. Посебно за некој што сеуште нема изградено една зграда.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Цениве за квадрат во Скопје се отидени доста нагоре. До степен на неисплатливост.

Стан во Капиштец, 84 квадрати, со очигледна потреба од реновирање (терацо во ходник, врати праисториски, дрвени прозори, купатило без штраф ставен откако се изградила зградата) го продаваат за 105.000 евра.

Летнало пилето.

Требаше да купам стан кога ме отера паметот натаму. Ќар ќе бев сега, после 2 години.

Капиштец секогаш била една од најскапите населби по м2 - убав распоред на соби, паркови, добра локација.

Штета само што не се изградени гаражи под зградите како што требало.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Море блазеси му, се дур има овци за стрижење нека стрижат.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Толку убава населба за нереновиран стан во нова зграда да чини 1250 евра за m²?

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Вреди,  има овци за стрижење,  има луѓе со пари очигледно и око нема да му трепни кога ќе ги дај, да имав јас 2200 истиот ќе го пишев, ќе се најди некоја будала да затвори пари и за таа цена.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4776
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Распоред на соби зависи од проектот на зградата, не од локацијата.

Каде има паркови во Капиштец? Во Скопје има вкупно 3 паркови за жал, Водно, Градски, Гази Баба и евентуално Сарај...тревници меѓу згради не би ги нарекол паркови.

Добра локација во Скопје како и секаде се смета да си поблиску до центар, што реално е важно само ако немаш лично превозно средство, а кај нас имаме повеќе коли од луѓе. Но, сите населби се пренаселени, нема никаде доволно паркинг, прљаво е насекаде, воздухот е загаден во цело Скопје преку цела година, а покрај тоа има и прилично сериозно загадување од бучава(возила/индустрија/угостителство). Зелени површини се сведени на минимуН и секој ден се повеќе се намалуваат, не би ме зачудило за некоја година да почнат да градат и во горе споменатите паркови некој ЕЛИТ МЕГА СУПЕРИУМ ПРЕСТИЖ МАКСИМУС ГРАНД ПРЕМИУМ ШЕНКИ ВЕРСАЧЕ КОМПЛЕКС(пошо нели не може да биде зграда број 13 и да бараш 2200е за м2...мамичка со ѕипца како ќе се пува каде живее).

Кога би имало нормален народ и инфраструктура, најдобра локација за живот моментално е вон градот....Скопска Црна Гора, Катланово и Горно/Долно Соње...во градов...Карпош 3/4 руските евентуално...мислам дека има најдобар сооднос зеленило/бетон, кеј и парк во близина, доволно паркинг, од 2 страни има булевари Илинден/Партизанска, школи градинки молови болница и релативно блиску до центар. А самите згради...јбг Хрушчовки.

BTW грото огласени цени се +10% повисоки од реалната цена по која ќе се продадат = резултат од ориенталната традиција на ценкање, од која си пати и македончето...еее баце ги заебав беспари им го земав станот хе хе...исто како и со нов голф од 30к, идеш у салон и спуштаат на 25к.