Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 478579 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Да кажете инфо за зграда во изградба или нова градба во која сеуште има останати станови кои се продаваат, а се од познат/солиден инвеститор? Локација Аеродром, Тафталиџе, Карпош 1 2 3, Центар. Ме интересираат станови со нормални цени, оние од 1300-1500 евра ми се скапи.

Овие што ги прават Голден Арт и Елена Лука моментално ги знам.

На Млечен:

https://linea-skopje.com.mk/proekti-vo-tek/

ЕДИТ: Сега гледам дека лошо сум прочитал, ми се виде дека ти бараш од 1300 до 1500....

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5383
И колку се цените на млечен? Паркинг каде врз другите коли со вилушкар ќе ги редиме :D. Не сериозно колку е квадрат?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
И колку се цените на млечен? Паркинг каде врз другите коли со вилушкар ќе ги редиме :D. Не сериозно колку е квадрат?

ДА, да, има опција кај комшијата пред врата или на паркингот кај Борис Трајковски.

Имаш и паркинг место/гаража ама и тоа се плаќа, а наскоро м2 паркинг место во СК ќе биде поскапо од м2 станбен простор.... јебига. Порано се тепаа да земат стан без паркинг и без подрум за да ги фатело поефтино... а пред 12-13 години паркинг место кошташе 700 еур...
И многу битно, ретко која гаража во мала зграда собира Range Rover или VOLVO XC90 !

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5383
Да купуваме паркинг места :). И мене така ми мириса дека ќе одиме натаму

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
проценетата вредност на становите во г.Скопје е качена за 10-15% :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
проценетата вредност на становите во г.Скопје е качена за 10-15% :)
И дневница на општ работник на градилиште е мин. 2000 денари.... не викам дека не вреди, ама медицински сестри, професори, работници во фабрики во 3 смени и други, работат за пола од тоа. А и на нив им треба стан да живеат, за жал цената е превисока за нормален човек да може да си дозволи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Да купуваме паркинг места :). И мене така ми мириса дека ќе одиме натаму
Колку е смешно после кога се дискутира за цената на паркинг места и гаражи, ама реалноста е таа. Бараат станови со ниедно место, или со едно. Наместо да бараат да докупат 2-3 гаражи плус со станот.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Тафталиџе ќе биде новото Дебар Маало.

Од Дрезденска до Теодосиј и сега е фрка за паркинг, набрзо ќе биде фрка и од Дрезденска накај Партизанска.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Почнаа да "растат" куќите?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
Тафталиџе ќе биде новото Дебар Маало.

Од Дрезденска до Теодосиј и сега е фрка за паркинг, набрзо ќе биде фрка и од Дрезденска накај Партизанска.
Автокоманда е новото Дебар Маало, абер немаат да воведат зонско.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Тафталиџе не може ди тој степен да биде сјебан како Дебар маало од причин што во Дебар маало по ДУП е П+6ката+П а во Тафталиџе е П+1кат+П. Али дека е хаос, хаос е.
Всушност, нема каде не е хаос. Едвај чекам да видиме по попис колку сме. Тогаш ќе има реална слика дали има вишок или недостиг на станбен простор.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
@Silvester Спомна дека ги знаеш Голден арт, мислам дека имаат доста избор сега, градат 4 згради (ламели) моментално, 2 до новата зелено бела зграда на Дабар во Аеродром (Тобако 2) и 2 на Трета Македонска бригада, види што има слободно во зградата (во градба) на Дабар во Аеродром (на потегот од кружниот кај поликлиника Јане Сандански спрема раскрсницата на Трета Македонска бригада (кај Тинекс), многу добра локација за во Аеродром. Има и една зграда во градба на интересна локација, исто Аеродром, спроти Рамстор кај Елена Лука што е, до новата зграда на Офис ком, не знам која фирма ја гради, помини разгледај, ми се допаѓа и таа локација, одма има големо игралиште со трева и реквизити за деца.
Своерачен потпис ;)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5383
Тафталиџе не може ди тој степен да биде сјебан како Дебар маало од причин што во Дебар маало по ДУП е П+6ката+П а во Тафталиџе е П+1кат+П. Али дека е хаос, хаос е.
Всушност, нема каде не е хаос. Едвај чекам да видиме по попис колку сме. Тогаш ќе има реална слика дали има вишок или недостиг на станбен простор.
Прашај ме мене што живеам тамо дали не е хаос. Градилиште стана катастрофа невидена... Дојдам ли малку покасно од работа подобро у Тетово да паркирам :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
@Silvester Спомна дека ги знаеш Голден арт, мислам дека имаат доста избор сега, градат 4 згради (ламели) моментално, 2 до новата зелено бела зграда на Дабар во Аеродром (Тобако 2) и 2 на Трета Македонска бригада, види што има слободно во зградата (во градба) на Дабар во Аеродром (на потегот од кружниот кај поликлиника Јане Сандански спрема раскрсницата на Трета Македонска бригада (кај Тинекс), многу добра локација за во Аеродром. Има и една зграда во градба на интересна локација, исто Аеродром, спроти Рамстор кај Елена Лука што е, до новата зграда на Офис ком, не знам која фирма ја гради, помини разгледај, ми се допаѓа и таа локација, одма има големо игралиште со трева и реквизити за деца.

Голден Арт кај Американ прават 3 згради и имаат солиден распоред, но немаат градско парно. Оваа што ја прават кај тобако 2 би требало да има парно. Дабар наспроти Агротехна разбрав дека барале 1150е м2 што ми е скапо. Оваа што викаш наспроти Рамстор Елена Лука, мислиш на таа што е одма спроти бензиската Макпетрол? Неа не знам кој ја гради, баш ќе појдам деновиве да видам. Ти од Офис Ком како си задоволен, првични импресии?

Првично барам стан во нова зграда каде ќе можам да купам подземни паркинг места (едно или две) и да има градско парно. Моментално имам градско парно и сум презадоволен. Плаќам 1100 денари за 55 м2, не му ја мислам воопшто, а во секој дел од денот температурата е 25 степени (можеби е висока, но се навикнав да седам по шорцови сред зима и ми одговара :) ). Башка што топлината од парно ми е многу попријатна од таа на клима. Е сега, ако ептен не можам да најдам со овие критериуми, тогаш ќе се бара друго чаре :)

Друго нешто што ме интересира. Дали доколку купам 2 подземни паркинг места едно до друго, можам да си ги преградам со врати за да можам да оставам точак, мотор,бандажите од колата и други работи? Дали може некако да се однеси струја поврзана на мојот струјомер? Дали е воопшто изводливо и дали некој од вас го има направено ова?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен VW

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 47
  • TESLA фанатик
колку медицински кадар продуцира МК? а колку градежен кадар?
Друже, понуда и побарувачка...

TESLA фанатик