@Silvester Спомна дека ги знаеш Голден арт, мислам дека имаат доста избор сега, градат 4 згради (ламели) моментално, 2 до новата зелено бела зграда на Дабар во Аеродром (Тобако 2) и 2 на Трета Македонска бригада, види што има слободно во зградата (во градба) на Дабар во Аеродром (на потегот од кружниот кај поликлиника Јане Сандански спрема раскрсницата на Трета Македонска бригада (кај Тинекс), многу добра локација за во Аеродром. Има и една зграда во градба на интересна локација, исто Аеродром, спроти Рамстор кај Елена Лука што е, до новата зграда на Офис ком, не знам која фирма ја гради, помини разгледај, ми се допаѓа и таа локација, одма има големо игралиште со трева и реквизити за деца.
Голден Арт кај Американ прават 3 згради и имаат солиден распоред, но немаат градско парно. Оваа што ја прават кај тобако 2 би требало да има парно. Дабар наспроти Агротехна разбрав дека барале 1150е м2 што ми е скапо. Оваа што викаш наспроти Рамстор Елена Лука, мислиш на таа што е одма спроти бензиската Макпетрол? Неа не знам кој ја гради, баш ќе појдам деновиве да видам. Ти од Офис Ком како си задоволен, првични импресии?
Првично барам стан во нова зграда каде ќе можам да купам подземни паркинг места (едно или две) и да има градско парно. Моментално имам градско парно и сум презадоволен. Плаќам 1100 денари за 55 м2, не му ја мислам воопшто, а во секој дел од денот температурата е 25 степени (можеби е висока, но се навикнав да седам по шорцови сред зима и ми одговара

). Башка што топлината од парно ми е многу попријатна од таа на клима. Е сега, ако ептен не можам да најдам со овие критериуми, тогаш ќе се бара друго чаре

Друго нешто што ме интересира. Дали доколку купам 2 подземни паркинг места едно до друго, можам да си ги преградам со врати за да можам да оставам точак, мотор,бандажите од колата и други работи? Дали може некако да се однеси струја поврзана на мојот струјомер? Дали е воопшто изводливо и дали некој од вас го има направено ова?