Според постов од AllMightyMe, а и според тоа што го гледам како работат и се рекламираат, овие се преваранти.
На фејсбук се рекламираат спонзорирано и имаа пишано дека новава зграда што ја прават е на Булевар Фрањо Клуз, а тоа уствари е мало уличе, одвај 2 коли се разминуваат. Сликата што ја имаа ставено за тоа како ќе изгледа зградата е направена како пред зградата да има простор од 7-8 метри, па простор на "булеварот" за паркирање коли, зеленила, дрва и сл. Зградата е на 3 метри од улицата, а зградата позади е на растојание од 10тина метри. Од 25 коментари само 2-3 се гледаа што се со пофални зборови, другите избришани/скриени.
Кога почнаа да копаат (пред 1 месец) за оваа зграда, кршеа цевки па сето со вода им се полнеше, многу фушерајски некако. После кога ископаа подлабоко најверојатно најдоа подземна вода и цело им се наполни со вода. Сега имаат пуштено 2 пумпи кои им ја испумпуваат водата за да можат да работат и да тураат бетон. Во меѓувреме на зградата позади неа -3то ниво се полни со вода... Гарант ќе има влага на подолните спратови.
Јас не би купил ни под разно од кај нив стан.
Маркетинг е заебана наука
Преваранти, малку силен збор, сепак не се Фиком.
Повеќето се исти, Саник се сѐ во едно, од проектант до надзор. Шо да прајме, Див запад држава, им се може. Инспекрори, шо е тоа, гледате на Преспав, не е случајно ликот таков.
Голден арт, Настел и Адора шо се малку поасални. Поготово Голден арт, имаат своја механизација, детаљно опишано што се како се употребува итн.
Ама да не се лажеме, кај сите ќе најдеш некоја замерка при примопредавање