Да се надоврзам на муабетот погоре... би се запрепастиле колку малку станови (избор) има над 100квадрати што е најнормално за 4воро члено семејство.. да не збориме ако имаш 3 деца.. сите нови згради по 1250-1400 квадрат обично имаат еден или два стана вакви ради купувна мок становите се 50-80 квадрати максимум и распореди како да ќе живеат кинези внатре а не Југословени по 2 метри

затоа се бара стари Станови правени по ју стандарди со мин 40 квадрати дневна

како што пишаа погоре јас знам станови во дебар маало од луна што се продадоа по 2500 квадрат 2 стана на спрат... знам за во центар на максим горки зградата нова што се гради сега исто има доста висок квадрат... тие турците кај рамстор исто мислам 1700 дека бараат од квадрат.. а за александрија бидејки ми е у двор буквално пред 2 години почнаа да продаваат по 699 еур па видоа дека се продаваат и кренаа..
За секој џеб има опции.. сакаш евтино имаш топанско, чаир, горче, сакаш поскапо имаш аеродром, ново лисиче... сакаш поскапо имаш центар карпош биси 1500 квадрат

има за секој по нешто...
а дека ќе идат нагоре ке идат..
Репер ми се околните големи градови ( софија/белград)
2010та година софија беше 700 квадрат сега у просек е 1500 беград беа по 900 еур во 2010 сега нови београд е 2500 а београд на води 4000 еур квадрат... и таму живеат луге и ваму

Sent from my iPhone using Tapatalk