За Скопје не знам, ама Охрид се претера. На булевар туристичка се продаваат станови во градба, без паркинг за 1300 евра квадрат. Инаку Охрид има еден феномен, од страната на булевар туристичка што е поблиску до езеро цените се 1100 нагоре, од другата страна цените се движат по 650-750 евра за квадрат, зборам за нови станови со идентичен квалитет на градба, далечина меѓу зградите е 5 минути пеш одење, ама на многу изгледа им значат 5 минути. Искрено се претера со урбанизацијата во Охрид, наместо да се градат повеќе куќи се оди на градба на огромни и досадни моноблокови каде луѓето ќе живеат во кафези. Не го сваќав тоа порано, ама сега се повеќе размислувам да си направам куќа во некоја од приградските населби на Охрид или околните села.