Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357319 пати)

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Долно Дупени?

Дупјачани, Прилепско.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Долно Дупени?

газолиз
путкокоп :D :D

vo pintija ima SVE !!! i likot od srpbija sto vika sve  ;D ;D ;D
a ima i mlogu dalnovodi pod koi ne se gradi  ;)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Да, овој дел е доста интересен. Често одиме во Ајватовци кај другар во викендица и е доста ок.
Асфалтиран пат, голем размак меѓу куќи, мир и тишина.
Јака у Илинден беше добра замисла и катастрофа реализација. Гледам дека има луѓе кои се надеваат дека тој концепт на домување ќе се развива баш во тој дел од скопска околина.
Супер. И ја би живеел надвор од Скопје ако има

Инфраструктура и одлична поврзаност со град до 20-30 минути со кола.
Одлично образование за деца, (средени градинки,школи
Среден водовод и канализација
Стабилна струја 24/7
Среден јавен градски превоз на не повеќе од 20мин
Супермаркети
Игралиште
Санкции за локални шерифи и гарантиран јавен ред и мир.
Хигиена
Матичен лекар
Училиште за странски јазици за деца

Утре ќе се нафатам да градам куќа.

Ова го има мислам во Влае и евентуално Црниче, Пржино и Жданец.

Најголем дел од нас не можат да си дозволат да потрошат 150-200к ЕУ за куќа.

Бидејќи споредбата е стан во Скопје 50-60м2 версус куќа во приградска населба до 60к еу. Бујрум дајте предлози.

И мислам дека ова нема никаква врска со стари скопјани или нешто друго поврзано со тоа кој од каде потекнува.

1. Живеам во Бунарџик, имам 5км до Живинарска фарма по супер асфалтиран пат, и уште 10км по автопат до Автокоманда, без никаков застој во сообраќајот освен на влез, cca 15мин.
2. Во Бунарџик има основно училиште ново изградено, градинка имам во Илинден на 4км, повторно по супер асфалтиран пат, а од пред неколку години има и средно техничко училиште, со повеќе смерови.
3. Водовод среден тип-топ, се кладам дека имам барем 3 пати појак притисок отколку во Центар, канализација за жал нема, ама па немав ни во Автокоманда до пред 4год. fuck logic.
4. Струјата си е стабилна 24/7 без никаков проблем, згора на се имам оптика од Телеком, која во Автокоманда каде што живеат моите сеуште ја нема.
5. Имам 2 продавнички во Бунарџик за основни намирници, во Илинден имам Стокомак, Кам, Жито, МајМаркет, сосема доволно.
6. Во Бунарџик има игралиште за мал фудбал и терен за голем фудбал пред нос.
7. Хигиената низ општината е за 5 нивоа подобра отколку во централното градско подрачје.
8. Матичен лекар има и тука, има и во Илинден ординации, за кој фала богу се надевам нема никогаш на ми притреба, а и матичен лекар освен што може да ти препише антибиотик и да ти даде упат, не гледам како на друг начин може да ти помогне премногу, така да и да се возиш 10мин до него не гледам проблем.
9. Училиште за странски јазици има во Илинден.

Сума сумарум, иако уште не сум купил мерач за ПМ2.5, чисто се сомневам дека кај мене дома границата на загаденост е надмината.
И сега да имам пари, и да се мислам стан во блиска околина на Центар или куќа на 15-20км од Центар, сепак би одбрал куќа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Што му фали на Сармазалино, освен што има многу ергени?  :)
Власи :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Може да грешам, ама во Јака лошата работа беше што комуналиите беа по едно евро, или вклучени во цената на плацот со јавното наддавање и бесплатниот проект за куќа.

А општината живее од комуналиите и даноците. Затоа не им се брза, не им се исплати, а може и немаат финансии за градење на водовод/одвод/струја и сл.
Затоа што тие тие пари треба од нешто друго да ги издвојат, а веројатно буџетот е лимитиран.

Во новата ЕКО населба на место на фабрика и околни депонии - Александрија во Влае, донесоа струја/вода/канализација/топлификација уште пред да се изградат сите згради, ама земаат комуналии од секој стан. Им се исплати да инвестираат

Иначе Јака е преубаво замислена.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Да, овој дел е доста интересен. Често одиме во Ајватовци кај другар во викендица и е доста ок.
Асфалтиран пат, голем размак меѓу куќи, мир и тишина.
Јака у Илинден беше добра замисла и катастрофа реализација. Гледам дека има луѓе кои се надеваат дека тој концепт на домување ќе се развива баш во тој дел од скопска околина.
Не успеа само поради алчноста на се знае кој. Луѓе испонаправија куќи, се исппозаглавија во кредити за да живеат сеуште под кирија.
Јас сум на ум сега да досаѓам многу за да ја направат клучката баш тука на тој мост кај зоната, така уште полесно ќе биде да се реши некој да инвестира тука.
Како што разбрав од еден пријател, планот првично за префрлување на Клиничкиот Центар бил за во околијава, меѓутоа знаеме кој донесува одлуки во државата и каде треба да одат
поголемите инвестиции.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Долно Дупени?

Свирипичино. Скопска населба. Легендата вели дека се наоѓа некаде после Драчево.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000

Колку ли само неброено интелектуалци има излезено од сите тие села, а тука коментирате како сѐ што живее таму е утепано и дотепано. А тоа, богами кажува многу повеќе за вас, отколку за луѓето што живеат и творат таму.



Кој искоментирал така?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Да, овој дел е доста интересен. Често одиме во Ајватовци кај другар во викендица и е доста ок.
Асфалтиран пат, голем размак меѓу куќи, мир и тишина.
Јака у Илинден беше добра замисла и катастрофа реализација. Гледам дека има луѓе кои се надеваат дека тој концепт на домување ќе се развива баш во тој дел од скопска околина.
Не успеа само поради алчноста на се знае кој. Луѓе испонаправија куќи, се исппозаглавија во кредити за да живеат сеуште под кирија.
Јас сум на ум сега да досаѓам многу за да ја направат клучката баш тука на тој мост кај зоната, така уште полесно ќе биде да се реши некој да инвестира тука.
Како што разбрав од еден пријател, планот првично за префрлување на Клиничкиот Центар бил за во околијава, меѓутоа знаеме кој донесува одлуки во државата и каде треба да одат
поголемите инвестиции.

najgolema bolka vo gazot na ilinden e sto e malce ko vo dupka, pa zato ima mnogu kuki problem so vlaga, i nema kanalizacija, se prognozira ekoloska bomba so zagaduvanje na podzemnite vodi ako ne se sredi nabrzo... :(

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Која е разликата помеѓу немањето струја, немањето вода, немањето “квалитетни училишта“, “немањето нормални услови“ за живот во околините надвор од Скопје (од централното подрачје) со тврдењето дека сѐ што живее надвор од тоа подрачје е дотепано и утепано?

А некој го кажал со многу зборови,  а го кажал утепано дотепано, исто му се фаќа.
 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Реднеци има и во град и во село. Во приградски населби и села има реднеци кои прават многу проблеми за нормален  живот. Се пијанчат, пукаат коа се пијани,  паркираат на сред улица. Општо нецивилизирано однесување.
Од друга страна во истите населби има и домаќини луѓе, работливи паметни и слично.
Во центар во зграда има реднеци неписмени кои фрлаат ѓубре низ прозор, пушат во лифт, чкртаат по фасади, се пијанчат по клупи итн. Општо нецивилизирано однесување.

Разликата е што во град има други поволности поради кои замижуваме пред овие работи.
Во приградски населби нема толку поволности, па не замижуваме.
Која е разликата помеѓу немањето струја, немањето вода, немањето “квалитетни училишта“, “немањето нормални услови“ за живот во околините надвор од Скопје (од централното подрачје) со тврдењето дека сѐ што живее надвор од тоа подрачје е дотепано и утепано?

А некој го кажал со многу зборови,  а го кажал утепано дотепано, исто му се фаќа.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Која е разликата помеѓу немањето струја, немањето вода, немањето “квалитетни училишта“, “немањето нормални услови“ за живот во околините надвор од Скопје (од централното подрачје) со тврдењето дека сѐ што живее надвор од тоа подрачје е дотепано и утепано?

А некој го кажал со многу зборови,  а го кажал утепано дотепано, исто му се фаќа.
 

Еве го мојот пост:
Имаше убав плац со барака горе кај амбасадите, околу 1000м2 за испод милион го даваше дечкото.

Иначе не се само патиштата, туку и супермаркети, школи за јазик/балет/карате/кошарка/пливање и што ли друго тренираат децата денес, градинки, основно и средно школо и за мене многу битно е какви соученици и комшии ќе има едно дете додека расте. За жал не е иста структурата на луѓе во Центар и Карпош на пример споредено со некоја приградска населба.
Што има врска дали излегле или не излегле еден куп интелектуалци од сите села што ги наброја со дали стварно има таму образовни установи, патишта, вонучилишни активности за деца и останато за што дискутираме?

Еден куп квалитетен народ од Македонијава се пресели во Германија, високо образован и претпоставувам ценет во Германија. Дали тоа значи дека ако кажам дека во Македонија полоши се условите отколку во Германија грешам?

Иако јас пред се зборувам за приградски населби (урбана средина), а не класични села (рурална средина), сепак ти подобро и од мене знаеш како изгледа една приградска населба/село во Германија, а како изгледа кај нас. Имам другарка што живее и работи во Минхен. Живеат во близина на Минхен во едно "село" накај Еберсберг. Прекрасно место со сите неопходни удопствија за еден модерен брачен пар во 21 век со 2 малолетни деца, урбанизирано, мирно, зелено, чисто.

Лепота:


За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Пошто забегавме со дискусијата а темата беше за стан во Скопје, да сумираме:

Најдобра локација е во зградите на Рекорд.

Бенефити:

- Автобуска постројка одма пред зграда
- Државна и Градска болница на 5 мин пешачење
- Јосип Броз на две минути
- ГТЦ одма до г'з, Рамстор на две минути
- Плоштадот одма позади г'з
- Училишта за странски јазици мал миљон
- Кина и Театри
- Бучава од возила у изобилие
- ПМ честички од сите категории исто у изобилие
- Камени Мост на две минути пеш, во случај да ти скурчи од све и да се фрлиш у Вардар.

Недостатоци:

- Не ми текнува.....
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Имам канцеларија на ул. Македонија на плоштад. Лошо е дека немаш бучава од автомобили и плоштадот не го користат за прослави, другото е супер. А и голема тераса имам и обезбеден паркинг, тоа е уште еден минус.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.