Еве го мојот пост:
Имаше убав плац со барака горе кај амбасадите, околу 1000м2 за испод милион го даваше дечкото.
Иначе не се само патиштата, туку и супермаркети, школи за јазик/балет/карате/кошарка/пливање и што ли друго тренираат децата денес, градинки, основно и средно школо и за мене многу битно е какви соученици и комшии ќе има едно дете додека расте. За жал не е иста структурата на луѓе во Центар и Карпош на пример споредено со некоја приградска населба.
[1] Што има врска дали излегле или не излегле еден куп интелектуалци од сите села што ги наброја со дали стварно има таму образовни установи, патишта, вонучилишни активности за деца и останато за што дискутираме?
[2] Еден куп квалитетен народ од Македонијава се пресели во Германија, високо образован и претпоставувам ценет во Германија. Дали тоа значи дека ако кажам дека во Македонија полоши се условите отколку во Германија грешам?
[3] Иако јас пред се зборувам за приградски населби (урбана средина), а не класични села (рурална средина), сепак ти подобро и од мене знаеш како изгледа една приградска населба/село во Германија, а како изгледа кај нас. Имам другарка што живее и работи во Минхен. Живеат во близина на Минхен во едно "село" накај Еберсберг. Прекрасно место со сите неопходни удопствија за еден модерен брачен пар во 21 век со 2 малолетни деца, урбанизирано, мирно, зелено, чисто.
Јас можам да разберам желба некој да сака да живее таму. Дали поради “статус“, мерак, или желба ете да биде во “центарот на сите збиднувања“. Не е битно, сопствен избор. Јас не можам да разберам дека таму има “многу подобри услови за успех“ споредено со други места во Македонија, вклучително и приградските населби на Скопје. Затоа што, според мене, воопшто не е така, и за некој да биде успешен во животот (и во кариера и на личен план) треба многу повеќе, отколку да живееш во Центар/Скопје.
Поентата е, има еднакви можности да стане интелектуалец ако учел во Центар, во Скопје, во приградските населби, или каде и да било на друго место во Македонија. Дел зависи од училиштето, ама уште поголем дел зависи од родителите, работните навики, вдахновение, желба и жед за наука. Вон-училишните активности се најчесто чист прдеж и лекување на комплекси на родителите. И во Македонија. И во Германија. И во Америка. Ако некој навистина сака да го насочи сопственото дете на прав пат, се што треба да му направи е да го научи да работи како коњ, да не се откажува после првиот проблем и да му објасни дека светот не ротира околу него.
Со тековните миграции (и со пренаселувањето во Скопје) денес ситуацијата е за еден наставник/професор во основните и средните училишта во внатрешноста да е одговорен за максимум 20 деца. Во Скопје, колку што знам, не е така. Ако го поделиш времето/вниманието што може еден наставник/професор во 40 минути да го сподели по бројот на деца и да работи нов материјал, според бројките, во внатрешноста на Македонија има поголеми шанси да добие повеќе внимание и насоки, отколку во Скопје.
Понатаму, не знам колку ги следиш најразличните натпревари по природни науки и по општествени науки во основните и средните училишта и нивните резултати. Скопје и неговите “елитни училишта“ имаат многу пониски резлутати (или немаат резултати) споредено со ученици од другите делови на Македонија. Од друга страна, тука се тврди дека таму имаат најдобри шанси и најдобри услови. Во што лежи проблемот?
Трето, последните 10-15 години од факултетите кои треба да произведуваат наставен и професорски кадар за сите сфери (а особено во природно-техничките науки) е сведен на буквален минимум. Уште повеќе, најголем дел од тие млади наставници/професори/интелектуалци доаѓаат од внатрешноста на Македонија. Колку и како се добри е друга работа. Факт е, дека сите што имаат завршено природни/технички науки настовна насока се бараат под дрво и камен за да работат во скопските училишта. Затоа што сериозно снемува кадар. Прашањето ми е, како тој кадар ќе биде подобар и помотивиран во Скопје, а полош и помалку мотивиран ако работи во родното место во провинцијата?
[2] Нема да згрешиш воопшто ако кажеш така. Ама условите се поразлични во Германија. Таму ги нема игрите кои ги има во Македонија. Многу луѓе (вклучително и интелектуалците) имаат големи психолошки проблеми да го преџвакаат тој систем. Дека нема на кој да се јават, дека нема кој да им заврши работа, дека децата мораат да бидат во општински округ на градинка, дека децата мораат да одат во општинското училиште, дека децата мораат да одат во општинската гимназија. Без разлика какво е опкружувањето и/или со какви соседи и калибар на луѓе живеат. Единствен начин да го промениш тоа е да се преселиш во друга општина/друг стан и тоа што подалеку од претходната општина. На крај пак доаѓаме до личното вдахновение, посветеност и желба за наука и успех.
[3] Во септември ми дојде другар на гости од Германија. Шетавме и во Скопје, шетавме и во Благоевград Бугарија, Струмица, Штип, низ селата околу моето. Другарот има хоби фотографија и во текот на патувањето од пет дена направи неколку илјади слики. Лајтмотив на 70% од фотографиите беше ѓубре и бетон. Во Скопје, во центар, на водно, во старата чаршија, во карпош, секаде кадешто стапнеш ѓубре, бетон и статуи. Дрво нема ни за лек. Тревка нема ни за лек. Public dogs, или кучиња скитници насекаде. Во селата и другите градови кадешто бевме, немаше ништо од тоа. Имаше каде-каде помалку ѓубре, помалку загаденост и инфраструктурата беше многу подобра, отколку што ја има во Скопје.
Конкретно за Германија. Да живееш во приградска населба или село, исто ти треба една или две коли во гаража. Ако ти треба оптика интернет, треба да си доплатиш како и во Македонија. Ако сакаш да одиш на театар/опера/кино, мораш да одиш во најблискиот град. Ако сакаш ноќен живот различен од локалната пивница, мораш да одиш во најблискиот град. Ако сакаш егзотичен ресторан мораш да одиш до најблискиот поголем град. Ако сакаш доктор специјалист, мораш да одиш до најблиската клиника (која може и да е 50км+).
Единствено што е подобро направено е распоредот/планот за распространување на банки/супер маркети кадешто има закон колку максимум смееш да патуваш/возиш со кола за да стигнеш до супермаркет. И да, патната инфраструктура е каде-каде подобра.