Супер. И ја би живеел надвор од Скопје ако има
Инфраструктура и одлична поврзаност со град до 20-30 минути со кола.
Одлично образование за деца, (средени градинки,школи
Среден водовод и канализација
Стабилна струја 24/7
Среден јавен градски превоз на не повеќе од 20мин
Супермаркети
Игралиште
Санкции за локални шерифи и гарантиран јавен ред и мир.
Хигиена
Матичен лекар
Училиште за странски јазици за деца
Утре ќе се нафатам да градам куќа.
Ова го има мислам во Влае и евентуално Црниче, Пржино и Жданец.
Најголем дел од нас не можат да си дозволат да потрошат 150-200к ЕУ за куќа.
Бидејќи споредбата е стан во Скопје 50-60м2 версус куќа во приградска населба до 60к еу. Бујрум дајте предлози.
И мислам дека ова нема никаква врска со стари скопјани или нешто друго поврзано со тоа кој од каде потекнува.
1. Живеам во Бунарџик, имам 5км до Живинарска фарма по супер асфалтиран пат, и уште 10км по автопат до Автокоманда, без никаков застој во сообраќајот освен на влез, cca 15мин.
2. Во Бунарџик има основно училиште ново изградено, градинка имам во Илинден на 4км, повторно по супер асфалтиран пат, а од пред неколку години има и средно техничко училиште, со повеќе смерови.
3. Водовод среден тип-топ, се кладам дека имам барем 3 пати појак притисок отколку во Центар, канализација за жал нема, ама па немав ни во Автокоманда до пред 4год. fuck logic.
4. Струјата си е стабилна 24/7 без никаков проблем, згора на се имам оптика од Телеком, која во Автокоманда каде што живеат моите сеуште ја нема.
5. Автобуска имам на 50м од дома, и во густите периоди од денот на 30мин има автобус со кој се возиш 45мин до автобуска Мичурин.
6. Имам 2 продавнички во Бунарџик за основни намирници, во Илинден имам Стокомак, Кам, Жито, МајМаркет, сосема доволно.
7. Во Бунарџик има игралиште за мал фудбал и терен за голем фудбал пред нос.
8. Хигиената низ општината е за 5 нивоа подобра отколку во централното градско подрачје.
9. Матичен лекар има и тука, има и во Илинден ординации, за кој фала богу се надевам нема никогаш на ми притреба, а и матичен лекар освен што може да ти препише антибиотик и да ти даде упат, не гледам како на друг начин може да ти помогне премногу, така да и да се возиш 10мин до него не гледам проблем.
10. Училиште за странски јазици има во Илинден.
Сума сумарум, иако уште не сум купил мерач за ПМ2.5, чисто се сомневам дека кај мене дома границата на загаденост е надмината.
И сега да имам пари, и да се мислам стан во блиска околина на Центар или куќа на 15-20км од Центар, сепак би одбрал куќа.