А зошто некој би купил половен стан, освен заради конкретна локација?
Топлотна изолација немаат, звучната не е мнооогу подобра од новиве. Најчесто треба реновирање од корен. Иако ќе го купиш поевтин, ќе ти треба одреден период да го средиш, а бонус се нервозите со мајстори. Лифтовите се стари и расипливи, а некаде и ги нема. Влезот делува (најчесто) валкано и тмурно.
Јас би купил секогаш половен стан, нов за мене не доаѓа во предвид. Градба до 1990, понова не.
Реновирањето мене ми е уживање, нема да ми биде ни прво ни последно, имам екипи за сите фази, ако некаде треба да улетам имам машини, знам што од каде се зима по асална цена, некаде имам и попусти.
Распоредот во новите градби е најчесто лош, отворена кујна по дефолт муабет е срање за мене, вентилацијата стално ти кажува што готват комшиите. За сеизмиката не знам и не би сакал да дознаам на новите каква е, на старите очигледно е добра чим се читави. Санитариите во новите станови се најчесто ужас, на познаник при туширање пукна стаклото од туш кабината, кај друга (демек Гранд Престиж) чешмите се како од Алиекспрес со фејк позлатени елементи.
Лифтот како е оддржуван зависи од влезот, има влезови кои имаат одлични цифри на сметка и влезот е цакум-пакум, имаат камери и се кречат на пар години иако за тоа нема баш некаква потреба.
А за изгледот на влезот како битен фактор при купување стан - не живеам во влез така да може да е тмурен, воопшто не ми смета.
Настрана муабетите со пред договор, па пробивање на рокови, па како кај еден од форум што во населбата што ја гради Карпош си најде столб кај што не треба...