Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 356905 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
 Да де од општина. А чојк што прајт проценки е такаречено проценител. Така напраја дека праја далавери, порано прњм договорот се плаќаше.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Така е. Но, многу често е и купувачот да го плати данокот или да се подели.
Се е тоа ствар на договор. Во случајов споревме за тоа дека нема данок на промет во конкретниот случај, бидејќи човекот јасно нагласи дека пазарил стан од инвеститор, а му се дадоа погрешни информации за баснословни суми.


Ако инвеститорот се води како физичко лице, се плаќа данок.

Ако е фирма, се ослободува од данок само првата продажба.

Данокот најчесто го плаќа купувачот, затоа што додека не се плати данок, имотниот лист нема да се смени на купувачот, а продавачот може и да не го плати данокот.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Кога гледав постари станчиња, освен цената, рачунав на данокот на промет (околу 3.000 евра) и плус некое реновирање и ми излегуваше скоро па како нов стан да купиш. Постарите градби имаат поубаво опкружување, поширок зелен појас и слично, ама јас налетав само на стан-ови на поткровје, без лифт, кај што требаше реновирање, у К.Вода имаше еден на приземје, од тераса направена детска соба и цена 55.000, на која секако треба данокот да се додаде и по некое реновирање, а зграда од пред 30 години, колку и да е квалитетна градбата....сакав да кажам знаев за данокот дека се плаќа само за стан од „втора“ рака, инаку оваа повластена стапка за прво купување/продажба согласно законот важи до 2020, па и тоа ми беше аргумент малку да побрзам (ма да гледам и пратам едно 3 години), сигурно ќе ја продолжат мерката за повластена стапка и после 2020 ама не може човек да биде 100% сигурен.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Не беше 2% данокот на промет. 3000 евра е голема сума освен ако не е зголемен процентот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Не беше 2% данокот на промет. 3000 евра е голема сума освен ако не е зголемен процентот.

Зависи од општина мислам дека. Мене ми беше 3,5 посто ако не грешам

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Зависи од општината, точно.  3 до 4 проценти од вредноста која ќе ти ја процени општината, а во твојот случај, Град Скопје и е 3%.
Кога гледаш постари станови најдобро е да сметаш на уште минимум 100 евра/м2 за реновирање. Но ова е релативно и зависи комплетно од тебе и со која состојба на станот ќе бидеш задоволен.
Некои станови ни со 200-250 евра по м2 не можеш да ги доведеш во ред, бидејќи се од корен треба да се менува.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
А зошто некој би купил половен стан, освен заради конкретна локација?

Топлотна изолација немаат, звучната не е мнооогу подобра од новиве. Најчесто треба реновирање од корен. Иако ќе го купиш поевтин, ќе ти треба одреден период да го средиш, а бонус се нервозите со мајстори. Лифтовите се стари и расипливи, а некаде и ги нема. Влезот делува (најчесто) валкано и тмурно.

  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Подобар распоред на собите во станот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Само заради локација според мене.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Имам и стар и нов стан. Последно купив стар стан за живеење, иако ќе ми искочи поскапо и покомплицирано отколку да купев нов.

Квалитетот на градба од 80тите и тој денес за жал немаат доприна точка, иако логично денес треба да имаме подобро материјали.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Има многу многу многу квалитетни постари станови. Проблемот е што ретко се продаваат.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Подобар распоред на собите во станот.

Подобар е распоредот само во поголемите (над 70м2). Во сите други што сум бил, имаат (непотребно) големи спални, а дневната колку спалната или евентуално помала. Кај постариве и поголеми станови ме бендисува што спалните се одделени во друг ходник и се потивки. Но во поголем нов стан, сигурно има некаде таков распоред.

Сепак за вкус се работи, но колку и да е добро уреден станот ако влезот во зградата е грд, стар и смрди, за мене тоа не е баш најдобар избор.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Кога би се гледала буџет варијанта, јас би разгледал во населба Хром што се нуди, бидејќи се наоѓаат добри понуди и инвеститорите се доста флексибилни.
Се доаѓа до 800е/м2 без проблем.

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Она што јас може да кажам е дека и мајстори денес немаме.
Еве за плочки што работам јас и имам договорено 2 згради за правење, мака мачам да најдам мајстори.

Често сум во комуникација и со 2-3 други фирми кои изведуваат плочки, кои се жалат дека нивните мајстори многу грешки имаат направено по објектите, па сега мора да исправаат што чини доста пари.

Така моја топла препорака кога ќе си барате стан убаво да видите какви плочки имате и како се наместени.

А ако некој има повеќето пари во готовина можам да му обезбедам стан во Флетрон и уште една друга зграда во Аеродром.
Под услов како што кажав поголемиот дел да му се готовина

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Мислам дека во СК нема мајстори за ништо. Јас купив нов стан и одма почнав со реновирање и нервози со мајстори. Сите нови станови се исти, само нервози и нервози.


Бидејќи барав перидов плочкари и после неколку месеци барање и неколку 'договорени' ми откажуваат 2 - 3 дена пред да дојдат се откажав. Генерално проблемот е што платите се мали а многу лесно им е да работат надвор од МК. Тие што прават згради вртат милиони а неможат да дадат повеќе пари за асални мајстори.