Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 356530 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Зависи од општина мислам дека. Мене ми беше 3,5 посто ако не грешам

Зависи од општината, точно.  3 до 4 проценти од вредноста која ќе ти ја процени општината, а во твојот случај, Град Скопје и е 3%.

Карпош е 3,5 посто данокот

А зошто некој би купил половен стан, освен заради конкретна локација?

Топлотна изолација немаат, звучната не е мнооогу подобра од новиве. Најчесто треба реновирање од корен. Иако ќе го купиш поевтин, ќе ти треба одреден период да го средиш, а бонус се нервозите со мајстори. Лифтовите се стари и расипливи, а некаде и ги нема. Влезот делува (најчесто) валкано и тмурно.



станот во кој сега живеам е половен од 2012

станот во Аеродром е од ’82-ра, ама комплет реновирана зграда, со нов кров, термофасада, влезна врата

станот во Центар (градски ѕид) кога го продававме, доаѓаа интересенти кои бараа строго градски ѕид и никакви други варијанти

секој со своите потреби и побарувања, и мене не ми е јасно кога од барака прават зградичка П+2 со 4 стана и паркинг на тротоар за 1200 еур/м2, ама па одма ги продаваат

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Мислам дека во СК нема мајстори за ништо. Јас купив нов стан и одма почнав со реновирање и нервози со мајстори. Сите нови станови се исти, само нервози и нервози.


Бидејќи барав перидов плочкари и после неколку месеци барање и неколку 'договорени' ми откажуваат 2 - 3 дена пред да дојдат се откажав. Генерално проблемот е што платите се мали а многу лесно им е да работат надвор од МК. Тие што прават згради вртат милиони а неможат да дадат повеќе пари за асални мајстори.

Нема мајстори никакви. Тоа е проблемот. Не е пробем цената.

Па едно време дневница беше 1200 и имаше и вишок мајстори. Сега јас нудам 1800 и неможам никој да најдам. Тоа е над 45000 денари за 26 дена работа

СЕ нафаќаат да работат тие што се тесари,фасадери или sидари бидејќи повеќе пари добиваат ако местат плочки. Но лошото е што незнаат како треба.

Сите мајстори плочкари се горе по ИТалија и Швајцарија и бидејќи ги плаќаат повеќе, а можат и со МК пасош да одат.




Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
А зошто некој би купил половен стан, освен заради конкретна локација?

Топлотна изолација немаат, звучната не е мнооогу подобра од новиве. Најчесто треба реновирање од корен. Иако ќе го купиш поевтин, ќе ти треба одреден период да го средиш, а бонус се нервозите со мајстори. Лифтовите се стари и расипливи, а некаде и ги нема. Влезот делува (најчесто) валкано и тмурно.



Зошто мислиш дека старите немаат топлинска изолација? Си видел како изгледа ѕид кај постарите објекти? Башка местење на дополнителна термо. изолација во денешно време не е научна фантастика и не кошта брдо пари. Достапна е.

Која е разликата во ѕид меѓу станови во стара зграда и кај новите згради? Никаква. Тула е и ваму и таму.
Ако сакаш акустика и кај новите ќе треба да си додадеш гипс картон облога.

Само да се трескало без врска.

Лифтовите и влезовите кај новите згради мислиш дека ќе останат за секогаш такви? Не. За 5-10 год ќе бидат и полоши.
Проблемот кај нас е одржување.
Тоа го е** македончето.

Не сака да дава пари за зградата. Негово е од влезната врата во станот па натаму. Толку. Точка.

Полека сваќаат луѓето дека не оди ова никаде, па се средуваат зградите. Се средуваат фасади, влезови, кровови, лифтови.

Уживај малку во животот, не биди напнат.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Без разлика како изгледа ѕидот на старите згради, тие немаат термо изолација како новиве згради, колку и да се фуш правени, во нова зграда е потопло. Не реков дека е брдо пари да се направи тоа, но моментот дека треба замарање со "мајстори" ме одвраќа.

Многу луѓе во муабет кажуваат како во новите згради немало звучна изолација. Па и во старите нема, но се кудат само новите. Имам седено во зграда од пред земјотресот кај рампа. Ги слушав комшиите кога правеа муабет, а часовникот на ѕид што им беше закачен ми го вадеше умот на секој час. Како што нема подобра кола од голф 3ка тди, така и со стариве згради.

Тоа дека за 5-10 години ке се оштетат така е, но тие години ќе имаш подобар влез и лифтови отколку во стара зграда. А како што велиш ако расте свеста, нема да расте само кај овие со стари згради ебаго. Сега откако фирми ги одржуваат зградиве мислам дека има шанси да се воведи ред.

Не гледам зошто нечие размислување ти е трескање глупости. Ај ако не сите исто да мислевме и сите исти работи да купуваме?!



  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Знаеш што е термо изолација? Знаеш како се проектира и мери термичка изолација на објекти?
Еден хинт ќе ти октријам:  Стирипор не е мерило за термичка изолација.

Трескање зелени е општото мислење дека новите се подобри и дека старите се за никаде или обратно.

Некои работи се мерливи.

Имаш некои податови од инструменти за мерење на бука или топлина? Па да седниме како луѓе да продискутираме.
Оти јас имам, не за друго. Па можиме да си споредиме резултати.

Иначе многу се крева џева за акустична изолација во последно време заради тоа што некои инвеститори почнаа да се фалат во каталози како тоа зградите нивни се најтивки и како тоа тие задоволуваат европски стандард за акустика помеѓу станови.
Само за жал не го прочитале законот убаво.
Многу тужби изгубија од станари. Па сега малку посериозно си го сваќаат проблемот.

Доста од инвеститориве шо градат на велико во Скопје се префрлија на сува градба на внатрешни ѕидови. Малку мрдаат работите напред.




Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Генерализирање, во основа никому не врши работа без дополнителен контекст

Јас живеам во стара зграда (30+ години откако е подигната). Термичката изолација е извонредна, иако се користени материјали достапни пред 3.5 децении. Звучната изолација е за неколку нивоа подобра од било која нова зграда во која јас (*) сум живеел или престојувал подолго време.

Во контекст на она што го зборува @osmica8, не постои објект кој ќе продолжи да функционира без темелно оддржување...

...или па, на секои 20 години ќе ги рушиме објектите и ќе правиме нови?

(*) Ова не значи дека не постои нова зграда која има подобра звучна изолација - само јас не сум ја искусил.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Мене ми одговара да се рушат објектите на 20 год и да се прават нови.

;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Мене ми одговара да се рушат објектите на 20 год и да се прават нови.

;D

Не е лошо да се почне со рушење на тие што се над 60 години стари, освен ако немаат некое културно и историско значење (ова кај нас отиде у ку*ац после Ск2014, али ај..).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Знаеш што е термо изолација? Знаеш како се проектира и мери термичка изолација на објекти?
Еден хинт ќе ти октријам:  Стирипор не е мерило за термичка изолација.

Трескање зелени е општото мислење дека новите се подобри и дека старите се за никаде или обратно.

Некои работи се мерливи.

Имаш некои податови од инструменти за мерење на бука или топлина? Па да седниме како луѓе да продискутираме.
Оти јас имам, не за друго. Па можиме да си споредиме резултати.

Иначе многу се крева џева за акустична изолација во последно време заради тоа што некои инвеститори почнаа да се фалат во каталози како тоа зградите нивни се најтивки и како тоа тие задоволуваат европски стандард за акустика помеѓу станови.
Само за жал не го прочитале законот убаво.
Многу тужби изгубија од станари. Па сега малку посериозно си го сваќаат проблемот.

Доста од инвеститориве шо градат на велико во Скопје се префрлија на сува градба на внатрешни ѕидови. Малку мрдаат работите напред.





Епа затоа првично прашав зошто некој би купил стан во стара зграда? Потоа кажав зошто јас не би купил.

Тоа за термо изолацијата, ете ти си стручен и ќе не просветлиш. Јас ни имам инструменти ни сум мерел некогаш, освен со термометар. И со тоа што во стара зграда со парно ми е ладно, а во нова зграда и после 1часот навечер ми е баш ок без додатно притоплување.

За звучна изолација досега најзадоволен сум од куќа :) Ни во стара ни во нова не сум зачекал, а да не се слушаат комшиите. Баш пред некој ден ми кажуваа дека во Џевахир имало добра звучна изолација, но не ми е репер бидејќи не биле вселени сите станари.

А бидејќи еве имаш мерни инструменти, можеш да пишиш кои згради се со подобра звучна и топлотна изолација во Скопје, без разлика дали нови или стари.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Мене ми одговара да се рушат објектите на 20 год и да се прават нови.

;D

Не се тоа, во основа, привремени објекти? :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
А зошто некој би купил половен стан, освен заради конкретна локација?

Топлотна изолација немаат, звучната не е мнооогу подобра од новиве. Најчесто треба реновирање од корен. Иако ќе го купиш поевтин, ќе ти треба одреден период да го средиш, а бонус се нервозите со мајстори. Лифтовите се стари и расипливи, а некаде и ги нема. Влезот делува (најчесто) валкано и тмурно.

Јас би купил секогаш половен стан, нов за мене не доаѓа во предвид. Градба до 1990, понова не.

Реновирањето мене ми е уживање, нема да ми биде ни прво ни последно, имам екипи за сите фази, ако некаде треба да улетам имам машини, знам што од каде се зима по асална цена, некаде имам и попусти.

Распоредот во новите градби е најчесто лош, отворена кујна по дефолт муабет е срање за мене, вентилацијата стално ти кажува што готват комшиите. За сеизмиката не знам и не би сакал да дознаам на новите каква е, на старите очигледно е добра чим се читави. Санитариите во новите станови се најчесто ужас, на познаник при туширање пукна стаклото од туш кабината, кај друга (демек Гранд Престиж) чешмите се како од Алиекспрес со фејк позлатени елементи.

Лифтот како е оддржуван зависи од влезот, има влезови кои имаат одлични цифри на сметка и влезот е цакум-пакум, имаат камери и се кречат на пар години иако за тоа нема баш некаква потреба.

А за изгледот на влезот како битен фактор при купување стан - не живеам во влез така да може да е тмурен, воопшто не ми смета.

Настрана муабетите со пред договор, па пробивање на рокови, па како кај еден од форум што во населбата што ја гради Карпош си најде столб кај што не треба...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Baraj micurin, pretezno zgradite se renovirani 2012, povekjeto imaat i termo izolacija. Kaj nekoi treba da se smenat vrati prozori, ali kje si vidis. Em za razlika od nov se dvizat do 800 eu, ali kaj povekjeto investicijata e minimalna neophodna ili nikakva. Ne deka ne mozes da go renoviras tekran, ama nema potreba pretezno. So novite sum nemal iskustvo no navodno elena luka kaj nuga best bila top .
Cisto informativno( da ne me napadnat pak deka nova zgrada nema potreba od dodatna izolacija :D ) kaj zenata mi postara zgrada izoliraa, koga bea pregovorite prvicnata suma bese 800 eu demek od stan, e posle 1500-600 demek gi fatilo, no povekjeto stanari ne se soglasija da im doplatat, oti ako bilo 1600 eu nemalo da pravat fasada i kej se orkazele, a i taka bil muabetot, shto znaci ete racunaj na stara zgrada bi te fatilo maksimu 2000 evra nadvoresna fasada, samo kje mora pogolem del od vlezot da se dogovorite, oti neli nikoj ne ti mesti skele na 9-ti samo za tebe fasada nadvoresna da napravi. Dodusa moze da namesti, ama ne znam kolku kje te kosta :)
Taka dA shto rece 8-ca ne e naucna fantastika fasadata, ama izlisno e na nova zgrada da mestis tekran fasada.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
1. Кај сите нови градби балконот го продаваат по цена на станбен м2?
2. Кај сите нови градби гаражното место го продаваат не заградено (во форма на индивидуална гаража)?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
1. Да
2. Да.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
1. Кај сите нови градби балконот го продаваат по цена на станбен м2?
2. Кај сите нови градби гаражното место го продаваат не заградено (во форма на индивидуална гаража)?

Во Џевахир балконот се продава на пола цена.

Сите се жалат за одржување во зградите а никој не плаќа. Пред некое време бев кај другар во нова зграда во карпош (една од поскапите и полуксузни) и на врата залепена листа со кој не плаќа одржување со месеци. Нова зграда, тазе вселени станари...

Што седевме под кирија во стара зграда се поквари лифтот и бидејќи само дел до станарите плаќаа одржување се собираше пола година буџет да се поправи. А мизерни 500 денари месечно... Имаше лица што никогаш не платиле одржување....

Сега моментално сум во Џевахир и скапо е одржувањето али барем се е како што треба.
Се е на картички и кој не плаќа му се гаси и нема влегување дома. За нашиов народ само така за жал....