Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 601399 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4135
Си го продадов станот сеа мислата ми е дали да си купам рс6 или друг станШала на страна ако знаете некој да продава стан/куќа маџари хиподром кажувајте,станот мора да има лифт и изолација и да е над 70м2

Sent from my iPhone using Tapatalk
што цена идат хиподром? Становите нова градба
Нови 1650-1700 половни од 1500 нагоре..
Може и ке биде хот и хот еве во преговори дум со нив па здравје боже ке биде нешто

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2197
Немаше и ти земено кај мене у комшии кај дени или грешно имам запамтено

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4135
Немаше и ти земено кај мене у комшии кај дени или грешно имам запамтено
Нее јас исто бев во хиподром само во старите згради,мал ми беше станот 62 м2 и решив да го продавам.Искрено не очекував дека за 3 дена ке се продаде и многу нагло ми дојде :) Сеа ке си купиме шатор и у парк

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2197
Ако сакаш да прашам за под крија ако има некој слободен тука додека се средиш со новото живеалиште

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4135
Еј фала,снајден сум со стан позади рамстор у центар (ако издржам)
Најдов една зграда на 2 спрата хиподром2 имаат 74м2 и 114м2 дуплекс тој 114 е со двор 30м2 ми ги остави по стара цена 1300м2 ке одам утре баш да видам што станови се

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Во Голден арт вратите и прозорите rehau со трослојно 4 сезонско стакло испаднаа фалш, после некоја година стаклата пукаат сами од себе како шофершајбна од х причини. Мој совет да си имаш црно на бело колку има гаранција столарија, нас ни беше кажано 10 години така и се рекламираа ама сега нема документ неважи кажаното.

Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Во Голден арт вратите и прозорите rehau со трослојно 4 сезонско стакло испаднаа фалш, после некоја година стаклата пукаат сами од себе како шофершајбна од х причини. Мој совет да си имаш црно на бело колку има гаранција столарија, нас ни беше кажано 10 години така и се рекламираа ама сега нема документ неважи кажаното.
Чисто информативно ме интересира, доколку дома менувам прозори со PVC и ставам стакло 4 сезони, треба да добијам гаранција за нив или не следува? Писмена гаранција дали некој нуди за PVC прозори воопшто?

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3925

Од овие мајстори што после работа изработуваат со турски пластики прозорци дома по гаражи, нема гаранции и тоа нема никаков квалитет. Единствено претставништво на Rehau, ако нешто ти даде, не сум чул некој за прозорци да дава гаранција. Преплавено е од мајсторинки за ПВЦ врати, прозорци и комарници. Отиден е квалитетот.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Во Голден арт вратите и прозорите rehau со трослојно 4 сезонско стакло испаднаа фалш, после некоја година стаклата пукаат сами од себе како шофершајбна од х причини. Мој совет да си имаш црно на бело колку има гаранција столарија, нас ни беше кажано 10 години така и се рекламираа ама сега нема документ неважи кажаното.
Чисто информативно ме интересира, доколку дома менувам прозори со PVC и ставам стакло 4 сезони, треба да добијам гаранција за нив или не следува? Писмена гаранција дали некој нуди за PVC прозори воопшто?

Ако е фирма треба да даде гаранција, сепак скапи се, неможе само ако му се погоди среќата

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1105
  • The best or nothing.
Провери дали во договорот ти пишува за производителот на прозорците. Да не платиш едно, а добиеш друго.
Чим немаш прво, не се оптеретувај за второ, рано е. Ако не грешам 28 год имаш, има време за се. Сепак не може да ставиш лоша гарнитура или лош под, па да се јадеш од внатре зошто не си фрлил уште х сума на пари.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
Додај 11 на 28 :)

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1105
  • The best or nothing.
Добро, не се фаќај на годините. Баш провери дали треба да имаш рехау или wd. Не знам колку менува, ама ме нервира моментот, ако ти платам за тоа и тоа, сакам тоа и тоа, а не она и она. Исто како темата со мотоцентар, сум платил гума од 2026, сакам од 2026-та производство да биде.  :)

Размисли и климата кај ќе ти стои, ние мислам дека згрешивме, и некако не ми се дава 7к за преместување. Се наплаќа демонтаж, плус нова монтажа. И некогаш ако правам се од почеток, најмногу на дневната соба ќе посветам внимание, сепак таму поминуваме најмногу време.
На слатки маки си.  :)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
Ах не, нема ништо такво во пред-договорот.
А главниот договор се потпишува пред примо-предавање на готовиот стан.

Рехау ги пишуваше во каталогот на зградата, затоа ги имам спомнато :)
Можно е да го смениле добавувачот од штампањето на каталогот до нарачката на столаријата :)))

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3027
Добро е да имаш во глава некој план ама не се оптеретувај со детали. Јас со сопругата пред да се преселиме во поголем стан живеевме во гарсоњера, па тука ни се роди првото дете.

Имаш фора од добри 7-8 години во овој стан, пред да дојде време да бараш нешто поголемо, така да среди си го како што сакаш, по твој вкус.

Ти посакувам да ти се исполни се што си замислил, се по ред, мене можеби една работа ми е криво, што помлад не добив принови  :), мада не бев нешто „стар“ на 33 години кога го добив првото дете. Тука да даде Господ да побрзаш малку и да уживаш со семејството ;)
Своерачен потпис ;)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3925
Мојот е 54 со две спални, таков и баравме ретко ги имаше во понуда, сега да спалните се по 9м2 ептен тесно, ама па од друга страна раат сум со детската, за тие пари толку е.

54 квадрати со една спална е сосема во ред. Но денес сè почесто гледаме станови од околу 50 квадрати во кои се сместени две посебни спални, дневна и кујна. Тоа значи дека спалните се по 7–9 квадрати. Каков е тој квалитет на живот? Во таква соба едвај собира кревет и плакар, а камоли нормално да живее човек.

Не треба да се меша бројот на соби со функционалноста. Подобро е стан од 50 квадрати со една пространа спална и удобен дневен простор, отколку на хартија да биде „двособен“ или „трисобен“, а во реалноста да добиеш мали соби без основен комфор.

За жал, градежништвото сè повеќе се води од квадрати и профит, а сè помалку од човекот што треба да живее во тој простор. Од станови од 120 квадрати се прават по три или четири мали единици затоа што така носат поголема заработка. Порано постоеја стандарди – се знаеше што е гарсоњера, што е стан со една спална, што е двособен, трособен или четирисобен. Денес тие стандарди полека исчезнуваат.

Купувачите плаќаат рекордни цени, а добиваат сè помалку простор и сè полош квалитет на живеење. Најтажно е што ваквите станови ќе останат на идните генерации, кои ќе треба да живеат со последиците од денешната алчност.На пример во згради од пред 30 години градени не е така нели?

И покрај тоа, ваквите мали станови се продаваат без проблем по 2.800–3.000 евра за квадрат, клуч на рака. Ако продолжи истиот тренд, на 31 јули следната година не би ме изненадило цената да биде уште најмалку 200 евра повисока по квадрат.
Мој совет што побргу се решите да купите кров над глава тоа повеќе уштедите немојте да чекате дека цените ке паднат.Ниту паднале ниту ке паднат, знаете шо паѓа само со  годините oна меѓу нозе.  :)
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.