Деновиве приметив флеки од масло на бетонот во двор.
На прв поглед делуваше како да се цеди измеѓу блок и менувач и прва мисла ми беше семеринг на радилица бидејки со Симката на татко ми решававме ист проблем.
Си реков, марфиев закон, на сервисот пред месец дена сменија семеринзи од страната на ребрастиот ремен иако немаше течење, а сега протече од друго место.
Планирав некој ден од наредна недела да ја однесам во сервис, на жената и реков немаш гајле, не може да остане без масло.
Малку гуслав на интернет да видам дали е карактеристично волку рано да попушти семерингот и ми привлече внимание местоположбата на филтерот за масло. Земајки во предвид дека колата стои малку навалена бидејки дворот не идеално рамен си реков гарант се слева од кај филтерот, иако не ми беше јасно зошто дури по месец дена да почне да тече ако не бил убаво стегнат.
Ја ставив на канал, убаво почна да си капе од него за неполна минута работа на моторот колку што ми требаше да ја внесам во гаражата.
Фаќам со рака, филтерот ептен разлабавен. Не е можно така да останал толку лабав од сервис.
Единствено логично објаснување ми е дека филтерот не бил доволно стегнат за нијанса и дека притисокот од маслото полека го одвртувал.
Видов и неколку видеа каде без алат, туку само со рака го одвртуваат филтерот, што ми дава индиција дека на ист начин и се стега?! Можно ли е да е така по фабрички препораки? Во секој случај ќе се информирам.
00:32
Фрлајте поглед почесто под кола, никогаш не се знае