Денес се двоумев што да правам со фабричките гуми ханкок кинерџи еко к425. Поминато со нив околу 30.000 за 7 летни сезони.
Бидејки едниот пар беа почнале да се разградуваат (отпаднати парчиња) се мислев дали да купам две нови или да ги сменам сите четири и да не ги мислам.
Се одлучив да не се скржавам, ќе ги сменам сите четири, плус на тој начин ќе утврдам дали ќе се намали бучавоста од гумите односно дали е до гумите или до изолацијата на колата. Воедно ќе биде своевиден тест за во иднина за i30 со идентичен проблем.
Тргнав да барам ханкук кинерџи еко2 к435 во стоп&го но немаа димензија.
Додека разгледував низ неколку салони (речиси се бев одлучил за нокиан iline). ми се укажа поволна прилика за сава перфекта купени лани лето, невозени/немонтирани.
Први впечатоци:
Ново си е ново, нема активирање на абс при нијанса појако кочење. Уште еднаш се потврдува дека и покрај малкуте изминати километри, годините си го земаат данокот.
Дефинитивно е потивка гума од ханкукот, конечно се поправија лагерите на тркала
Имам впечаток дека савата е потврда гума.
За другото ќе видиме, нека изгураат неколку години