Да пишам за мистериозното проблемче со далечинското отклучување врати.
Монтирано е непосредно по купувањето(Септември), за веднаш со паѓање на температурите, да зеза при отклучување, односно да ја отвара само возачката врата. Чим се стопли кабината, проработува.
Морав да чекам минусни температури, за да го претставам проблемот кај монтерот.
Ја поместија малку позицијата на моторчето(Ноември), и го решија до наредна зимска сезона, кога јово на ново.
Го поместија моторчето на друга позиција, со подолго шипче, и ОК беше до наредна есен.
Повторно го поместија, за некој милиметар, и секоја зимска сезона, моторчето како да си бараше нова позиџија, се до есен 2017, кога ни тоа не помагаше.
Да напомнам дека со клуч и копчето од внатре, функционираше беспрекорно, така да не беше до микропрекидачот во бравата.
Зимава, дома, по повеќе експериментирања, увидов дека, кога со прсти му вршам притисок на шипчето кон внатрешната лимарија од вратата, каде е и зашрафено моторчето, одработува. Штом го пуштам, не сака.
Импровизирав, избушив 2 дупчиња во лимот, протнав пластична стегичка, зафаќајки го шипчето и затегнав, внимавајки да не претерам односно да не го блокирам движењето на истото.
Сега чекам наредна зима, да видам дали долгорочно сум го решил проблемот со мојата импровизација.