Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 70182 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #150 на: 13 Август 2022, 08:05:15 am »
Дали е ограничено колку може да биде твоето учество при купување на кола во лизинг?
20-50%

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5903
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #151 на: 31 Август 2024, 13:27:11 pm »
Може ли некој да ми објасни повеќе околу финансиски лизинг?
Дали тоа е повеќе како купување возило на рати, споредено со оперативен лизинг? Дали после истек на ратите стануваш сопственик на тоа возило?

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1001
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #152 на: 31 Август 2024, 13:30:39 pm »
Може ли некој да ми објасни повеќе околу финансиски лизинг?
Дали тоа е повеќе како купување возило на рати, споредено со оперативен лизинг? Дали после истек на ратите стануваш сопственик на тоа возило?

Да.

И имаш опција да го исплатиш цело без додатни трошоци откако ќе помине 1 година. Додека е под лизинг исто како и кај оперативен возилото е во сопственост на давателот на лизинг.

Предност над автомобилски кредит е што процесот и одобрувањето е многу побрзо, и ограничувањето на сумата ти зависи само од приходите. Мислам дека и каматната стапка е нешто подобра во однос на регуларен автомобилски или потрошувачки.

Лошата страна е што ете, не си сопственик додека не го исплатиш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #153 на: 31 Август 2024, 13:55:45 pm »
И во едниот и во другиот случај, лизингот е повеќе како долгорочно рентање. Разликата е дека финансискиот лизинг е баш финансирање на возилото - откако ќе истече лизингот, стануваш сопственик. Оперативен лизинг е повеќе наменет за правни лица и многу често на крај на лизингот не си сопственик на возилото, туку возилото се враќа кај лизинг-компанијата. Имаш право да си го откупиш, секако.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #154 на: 31 Август 2024, 14:23:02 pm »
Ако може да се објасни што се случува со учеството што го даваш при оперативен лизинг?

Дали после имам право да го користам тоа учество при набавка на следно возило, дали ги враќаат, што се дешава..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #155 на: 31 Август 2024, 14:25:55 pm »
Можно е да грешам, ама мииииииииииислам дека кај оперативен лизинг нема учество.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #156 на: 31 Август 2024, 14:28:53 pm »
Шпаркасе


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #157 на: 31 Август 2024, 14:33:23 pm »
Тојота имаат некоја понуда за хибриден лизинг кој е некаква комбинација меѓу финансиски и оперативен лизинг. Минимум учество 20%, ниска месечна рата, и на крај некоја остаточна вредност која можеш да ја платиш и да си го земеш возилото, или да им го вратиш возилото и да си цепаш даље. Ако купувачот сака, има опција дополнително финансирање уште 24 месеци за остаточната вредност и после да си го задржи возилото.

Е сеа, не знам какви им се каматите.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #158 на: 31 Август 2024, 14:38:22 pm »
Ако може да се објасни што се случува со учеството што го даваш при оперативен лизинг?

Дали после имам право да го користам тоа учество при набавка на следно возило, дали ги враќаат, што се дешава..
Ништо, учеството го даваш се со цел месечната рата да не ти биде на голем терет.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1001
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #159 на: 31 Август 2024, 14:43:16 pm »
И во едниот и во другиот случај, лизингот е повеќе како долгорочно рентање. Разликата е дека финансискиот лизинг е баш финансирање на возилото - откако ќе истече лизингот, стануваш сопственик. Оперативен лизинг е повеќе наменет за правни лица и многу често на крај на лизингот не си сопственик на возилото, туку возилото се враќа кај лизинг-компанијата. Имаш право да си го откупиш, секако.

Финансиски лизинг е многу добра алтернатива на автомобилски или хипотекарен кредит за купување на возило од поголема сума (потрошувачки кредити се ограничени до 20к најчесто, а и автомобилските ретко одат над 30), ако можеш ментално да го надминеш фактот дека возилото не е на твое име, и ти е во план да го задржиш на подолг рок. Во сите 3 случаи си под ризик да ти земат нешто ако не плаќаш редовно, јас би одбрал помала каматна стапка и нека ми го земаат возилото ако дојде до тоа. :)


Е да, една битна работа е дека кај финансиски лизинг има максимална старост на возилото. Шпаркасе е 10 години, ПроКредит мислам беше 14. И максималниот рок на отплата е (макс старост - моментална старост), пример кај Шпаркасе ако земате возило старо 5 години, макс рок на отплата е 5 години.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #160 на: 31 Август 2024, 14:59:53 pm »
Јас можам само да ви кажам - обавезно земање кола на лизинг. Многу повеќе се услужливи од импортерите ако им кажете дека возилото е на лизинг :)

Има една прекрасна клаузула „Ако не ми го средите тоа, возилото е ваше, ви го враќам вие барајте му чаре“.

На многу луѓе сум го дал овој совет и ми се благодарни.

Ако го земеш возилото на кредит и е на ваше име, кога ќе имате било каков проблем, од обична бирократија, па се до посериозен дефект или поплака, ИЧ нема да ви се замараат и само ќе ве вртат по тавани.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #161 на: 31 Август 2024, 16:20:39 pm »
Кур ги заболе нив што ќе им го вратиш, учеството и ратите ќе ти пропаднат, остаточна вредност на дефект возило при враќање назад на компанијата не знам колкава ќе биде. Може и да излезе да си борчлија, а да немаш кола. Ако најдете начин да ја заебете банката пишете тука.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #162 на: 31 Август 2024, 23:29:27 pm »
И мене ми нема логика советот.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #163 на: 31 Август 2024, 23:33:16 pm »
Кур ги заболе нив што ќе им го вратиш, учеството и ратите ќе ти пропаднат, остаточна вредност на дефект возило при враќање назад на компанијата не знам колкава ќе биде. Може и да излезе да си борчлија, а да немаш кола. Ако најдете начин да ја заебете банката пишете тука.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не би требало да излезеш борчлија бидејќи задолжително плаќаш каско осигурување секоја година. Банка може да биде зијан само ако така нејзе и одговара :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #164 на: 01 Септември 2024, 06:37:13 am »
Каско осигурање не покрива дефектен мотор, подвозје и се останато освен физичко оштетување.


Sent from my iPhone using Tapatalk