Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 70141 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Купување возила на Лизинг или Кредит
« на: 08 Ноември 2017, 22:19:44 pm »
може некој у две три реченици да го објасни лизингот,што е поразлично од кредитот?
Не дека неможам или ме мрзи да барам,но мислам дека некој кој имал искуство со лизинг подобро би го разбрал од тоа што е напишано.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #1 на: 08 Ноември 2017, 22:50:53 pm »
Ако добро сум разбрал...

На лизинг, колата не е на твое име, туку е на фирмата која овозможува лизинг. Практично плаќаш кредит на фирма.

На кредит, колата е на твое име, а кредитот го плаќаш во банка.

Слободно нека корегира некој ако не е така, чунки јас така го имам разбрано.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #2 на: 08 Ноември 2017, 22:57:17 pm »
Ако добро сум разбрал...

На лизинг, колата не е на твое име, туку е на фирмата која овозможува лизинг. Практично плаќаш кредит на фирма.

На кредит, колата е на твое име, а кредитот го плаќаш во банка.

Слободно нека корегира некој ако не е така, чунки јас така го имам разбрано.
и јас така имам разбрано,но дали има и други разлики?колку време треба да се плаќа лизингот,можеш ли после да ја откупиш колата,кој е задолжен за сервиси и слични прашања?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #3 на: 08 Ноември 2017, 23:54:52 pm »
За лизинг гарант ти е колата.

За кредит гарант ти е жирант или хипотека.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #4 на: 09 Ноември 2017, 07:45:28 am »
може некој у две три реченици да го објасни лизингот,што е поразлично од кредитот?
Не дека неможам или ме мрзи да барам,но мислам дека некој кој имал искуство со лизинг подобро би го разбрал од тоа што е напишано.
Имаш 2 вида на лизинг. Оперативен и финансов. Кај првиов обично фирми купуваат автомобили и плаќаат месечна рата во рок од 3 до 5 години. Потоа автомобилот се враќа. Обично тука имаш лими на километража за тој период (обично 100.000км за 5 години) и вредност од 35%. Ако автомобилот е 20.000 евра ти ќе плаќаш 65% од вредноста во наредните 5 години и после го враќаш назад или ако сакаш можеш да го откупиш што обично ќе дојде 35% од вредноста (се прави проценка). Како што реков, атрактивно е за фирми или пак рент а кар кои ги лизингуваат дури и на секоја година.

Финансов лизинг ти е за целосната вредност на возилото, односно 100%. Што значи месечно ќе плаќаш повеќе но нормално после лизингот (5 години) ти стануваш сопственик.

И во двата случаи, сопственик е банката се додека не ја исплатиш колата. Ти имаш некој вид на полномоштво.

Кредит класичен обично се зима за половно возило со помала вредност (да речеме 7.000 евра). И ќе го плаќаш ама тука и каматата е доста повисока. Кредит класичен за нов автомобил не постои како термин.
« Последно менување: 09 Ноември 2017, 08:25:09 am vlatko.klp »

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #5 на: 09 Ноември 2017, 08:19:12 am »
Лизинг
Возилото е на банката.
Ти го возиш на заем, и за тоа плаќаш месечна рата.
После 5 години го враќаш, земаш ново.
Повторно го возиш на заем и за тоа плаќаш месечма рата.
За период од 15 години ќе смениш 3 возила, сите од нив ќе бидат нови.
После 15 години немаш сопственост на никакво возило, бидејќи цело време си го возел под ќирија.
Арно ама комшиите ќе те зборат дека си парајлија и нон стоп мењаш кола. Нова од салон.

Кредит
Возилото е твое.
Земаш пари од банка на 15 години отплата. Секој месец плаќаш рата за кредитот.
После 15 кредитот си го вратил на банката. Возилото е твое и е пред распаѓање.
Во меѓувреме си се шинал од сервиси и мењање потрошен материјал.
Возилото можеш да го продадеш за многу малку пари, или во отпад за 3 денари кило.
Теоретски пак немаш возило за себе, затоа што се амортизирало.
Најчесто луѓето што земаат кола на кредит им се чудат на комшиите како нонстоп мењаат нова кола, што ја земале на лизинг.


Изборот помеѓу возило на лизинг или кредит е најчесто психолошка предрасуда.
И во двата случаи завршуваш без возило.

Европјаните најчесто набавуваат возила со лизинг.
Платите им се повисоки, нормално и можат да си го дозволат тоа затоа што немаат некои предрасуди во глава, а и плус условите за лизинг им се фантастични.
Старите возила не ги продаваат во отпад, затоа што ние балканците им ги купуваме.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #6 на: 09 Ноември 2017, 08:24:12 am »
Сега да не заборавиме дека постојат и пологични кредити и лизинзи. Немора 15 години да плаќаш.

Рецимо можеш да оставиш 50% од вредноста на колата како учество (според мене најмалку) и потоа остатокот да го платиш на што е можно помалку рати согласно примањата. Рецимо за кола од 19000 евра би оставил 10000 и останатите 9000 на 3 рати, грубо по 280еур рата 3 години. И колата си е твоја.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #7 на: 09 Ноември 2017, 08:25:29 am »
Вреди да се напомене дека со лизинг (барем со Оперативниот Лизинг на ПоршеМК) немаш никакви дополнителни трошоци околу колата, освен гориво. Во цената на лизингот влегуваат редовни сервиси, зимски гуми, итн.

Е сега, со лизингот мислам дека има и некое ограничување околу бројка на километри годишно.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #8 на: 09 Ноември 2017, 08:25:47 am »
Сега да не заборавиме дека постојат и пологични кредити и лизинзи. Немора 15 години да плаќаш.

Рецимо можеш да оставиш 50% од вредноста на колата како учество (според мене најмалку) и потоа остатокот да го платиш на што е можно помалку рати согласно примањата. Рецимо за кола од 19000 евра би оставил 10000 и останатите 9000 на 3 рати, грубо по 280еур рата 3 години. И колата си е твоја.


Се разбира дека постојат, ама човекот сакаше некој да му објасни наједноставно што е разликата Кредит-Лизинг и се обидував да објаснам нааааједноставно и сликовито што можев.

Се согласувам за тоа што го кажуваш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #9 на: 09 Ноември 2017, 08:26:48 am »
Јас лизингот наједноставно им го објаснувам на луѓе као долгорочно рентање возило по твој ќеф.

Плус, добриот момент е што после година дена, имаш право да го раскинеш лизингот. Не ја сакам веќе колата, не сакам да ја плаќам - ќе ја вратам. Секако, првиот, големиот депозит го губиш, но ете..

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #10 на: 09 Ноември 2017, 08:29:22 am »
Хахахаха...или да не си ги затвараш парите, место 50% даваш 20% или 0% и плаќаш 5 години околу 300-500 евра. И колата пак си е твоја. Незнам, ама да имам 300.000 евра на сметка не би дал 20.000 кеш за ново ауто. Плаќај си по некое стотче месечно и раат.

п.с. лизинг неможе да биде повеќе од 6 години.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #11 на: 09 Ноември 2017, 08:36:32 am »
Хахахаха...или да не си ги затвараш парите, место 50% даваш 20% или 0% и плаќаш 5 години околу 300-500 евра. И колата пак си е твоја. Незнам, ама да имам 300.000 евра на сметка не би дал 20.000 кеш за ново ауто. Плаќај си по некое стотче месечно и раат.

п.с. лизинг неможе да биде повеќе од 6 години.


Разликата е што 20000 евра ако е колата после 6 години ќе си платил 27000евра ако е на кредит/лизинг. Значи со незатворените пари треба да заработиш 7000 евра.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #12 на: 09 Ноември 2017, 08:48:50 am »
Вака од ракав кога се фрлаат со бројки....какви 7.000 евра во камата човече. Каматна стапка во нормални држави за НОВ автомобил е од 0.9% до 2.5%. И не мешајте поими кредит и лизинг, зошто каматата е различна и незнам дали воопшто можеш да купиш нов автомобил на кредит.

1060 евра во камата за 5 години. Значи се 21.000 не 27.000 евра. И тука стави 300 евра + за договорот како додатни трошоци и ќе дојде 1500 евра.


Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #13 на: 09 Ноември 2017, 08:49:15 am »
може некој у две три реченици да го објасни лизингот,што е поразлично од кредитот?
Не дека неможам или ме мрзи да барам,но мислам дека некој кој имал искуство со лизинг подобро би го разбрал од тоа што е напишано.
Имаш 2 вида на лизинг. Оперативен и финансов. Кај првиов обично фирми купуваат автомобили и плаќаат месечна рата во рок од 3 до 5 години. Потоа автомобилот се враќа. Обично тука имаш лими на километража за тој период (обично 100.000км за 5 години) и вредност од 35%. Ако автомобилот е 20.000 евра ти ќе плаќаш 65% од вредноста во наредните 5 години и после го враќаш назад или ако сакаш можеш да го откупиш што обично ќе дојде 35% од вредноста (се прави проценка). Како што реков, атрактивно е за фирми или пак рент а кар кои ги лизингуваат дури и на секоја година.

Финансов лизинг ти е за целосната вредност на возилото, односно 100%. Што значи месечно ќе плаќаш повеќе но нормално после лизингот (5 години) ти стануваш сопственик.

И во двата случаи, сопственик е банката се додека не ја исплатиш колата. Ти имаш некој вид на полномоштво.
:-[  :'(  :-X  :(  :o
Lele, kakvi gluposti se iznapisale  >:(
Tocno e samo ova pogore, za lizing. Za kredit nema tocno pisano nikoj.
A kredit e mnogu poednostavno od lizing. Avtomobilski kredit kako I sekoj drug kredit, si plakas mesecna rata so kamata I tolku. Kolata e na tvoe ime, no zalozena e vo centralen registar  na ime na bankata bidejki ako ne plakas rati bankata treba da si ja zeme. Sekoja banka si ima svoi uslovi za kredit I nemoze da se kaze opsto za ucestvo ili godini na otplata ili bilo sto. Otvaras sajtovi na banki I citas uslovi.
Jas ja imam zemeno kolata na kredit od NLB (veke otplaten), taka mi odgovarase najveke I od taa banka. No bidejki sekoj ima razlicni potrebi, zatoa postoi I lizing I razlicni uslovi za kredit skoro vo sekoja banka.
Druga moznost e da si zemes potrosuvacki kredit. Treba da si presmetas sto poveke ti odgovara I sto bi ispadnalo poeftino bidjeki obicno kamatite na potrosuvackite krediti se povisoki odkolku na avtomobilskite. So potrosuvacki kredit, bankata ti prefrla pari na tvoja smetka I ti ides vo avtosalon I im ja kupuvas kolata vo kes. Vo ovoj slucaj I nemora da vadis zadolzitelno kasko sekoja godina dodeka trae kreditot bidjeki kreditot ti e potrosuvacki odnosno nenamenski. Samo da ne se opustis I da gi sjebes parite na nesto drugo koga ke ti go odobri kreditot bankata, a pred da ja kupis kolata  ;D
« Последно менување: 09 Ноември 2017, 08:55:40 am ogledalo »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #14 на: 09 Ноември 2017, 08:58:11 am »
може некој у две три реченици да го објасни лизингот,што е поразлично од кредитот?
Не дека неможам или ме мрзи да барам,но мислам дека некој кој имал искуство со лизинг подобро би го разбрал од тоа што е напишано.
Имаш 2 вида на лизинг. Оперативен и финансов. Кај првиов обично фирми купуваат автомобили и плаќаат месечна рата во рок од 3 до 5 години. Потоа автомобилот се враќа. Обично тука имаш лими на километража за тој период (обично 100.000км за 5 години) и вредност од 35%. Ако автомобилот е 20.000 евра ти ќе плаќаш 65% од вредноста во наредните 5 години и после го враќаш назад или ако сакаш можеш да го откупиш што обично ќе дојде 35% од вредноста (се прави проценка). Како што реков, атрактивно е за фирми или пак рент а кар кои ги лизингуваат дури и на секоја година.

Финансов лизинг ти е за целосната вредност на возилото, односно 100%. Што значи месечно ќе плаќаш повеќе но нормално после лизингот (5 години) ти стануваш сопственик.

И во двата случаи, сопственик е банката се додека не ја исплатиш колата. Ти имаш некој вид на полномоштво.
:-[  :'(  :-X  :(  :o
Lele, kakvi gluposti se iznapisale  >:(
Tocno e samo ova pogore, za lizing. Za kredit nema tocno pisano nikoj.
A kredit e mnogu poednostavno od lizing. Avtomobilski kredit kako I sekoj drug kredit, si plakas mesecna rata so kamata I tolku. Kolata e na tvoe ime, no zalozena e vo centralen registar  na ime na bankata bidejki ako ne plakas rati bankata treba da si ja zeme. Sekoja banka si ima svoi uslovi za kredit I nemoze da se kaze opsto za ucestvo ili godini na otplata ili bilo sto. Otvaras sajtovi na banki I citas uslovi.
Jas ja imam zemeno kolata na kredit od NLB (veke otplaten), taka mi odgovarase najveke I od taa banka. No bidejki sekoj ima razlicni potrebi, zatoa postoi I lizing I razlicni uslovi za kredit skoro vo sekoja banka.
Druga moznost e da si zemes potrosuvacki kredit. Treba da si presmetas sto poveke ti odgovara I sto bi ispadnalo poeftino bidjeki obicno kamatite na potrosuvackite krediti se povisoki odkolku na avtomobilskite. So potrosuvacki kredit, bankata ti prefrla pari na tvoja smetka I ti ides vo avtosalon I im ja kupuvas kolata vo kes. Vo ovoj slucaj I nemora da vadis zadolzitelno kasko sekoja godina dodeka trae kreditot.
Извини експерту, колата твоја од нлб беше нова од салон или половна? На лизинг ако ми текне во третата година можам јас колата да ја продадам лично и да вратам на банката преостанатата сума.