Дали кредит, твои пари, лизинг... не е битно, салонот ги добива сите пари наеднаш, задолжително преку сметка... и обично нема никаква улога за добивање дополнителен попуст.
Како најповолно, секој сам си ја прави математиката.
Јас за шкодата, наједноставно и најбрзо и најповолно (5.2 камата, без нотари, трошоци, адвокати, хипотеки....) ми беше во моментот со потрошувачки кредит, а дел од заштеда. Со НЛБ завршив работа буквално за помалку од 1 саат, однесов само потврди за вработување и плата, додека ми ги изработија документите, пред да излезам од таму, парите веќе ми беа на сметка.
Каско не беше задолжително, ама jaс си плаќам, за мирна глава...