Се додека каматата е во нормални размери не е ништо страшно. Ако ја земеш колата на 5 години веќе последните 2 во голема мера е исплатена каматата зошто на почетокот највеќе се исплаќа каматата во месечната рата а помалку главницата. Така да ако земеш оперативен лизинг на 5 години, возилото е 20.000 евра, даваш учество 20% односно 4.000 евра, остаточна вредност после 5 години е 30% односно 6.000 тогаш банката тебе те финансира 10.000 евра. Ако после 5 години ти можеш да го продадеш возилото за над 6.000 евра тогаш си во добивка. Ако го продадеш за 7.000, даваш 6.000 назад на банката и 1.000 во џеб. Ако неќеш да се замараш после 5 години го враќаш возилото и тоа е тоа. Или ако сакаш да го задржиш возилото тогаш го продолжуваш кредитот за уште 2 години или тие 6.000 евра ги даваш кеш и возилото е твое.
За тие што сакаат да возат нови возила најдобро е остаточната вредност да биде што повисока после завршеток на лизингот. Плаќаш помала месечна рата.
Јас голфот на пример го земав на оперативен лизинг со 20% учество на 5 години, па после на средина од кредитот исплатив уште 20% да ми се намали ратата и после го исплатив малце порано од 5 години