Значи не битно дали е на лизинг или на кредит купено возилото, ти плаќаш рати со камата во двата случаја.
Во случајот лизинг колата е на туѓа сопственост додека не ја исплатиш, со кредит е на банката додека не ја исплатиш.
Откако ќе ја исплатиш може на мое име да се префрли, добро разбрав читајќи ја темава, или не?
Не мора да значи дека колата е на банката ако ја земеш на кредит. Ти зимаш кредит, банката ти ги префлува парите, ти си купуваш кола и колата е на твое име. Ратите си ги плаќаш редовно.
Ако е на лизинг - да, колата е на лизинг компанијата. Еден клуч останува кај нив, еден клуч е кај тебе. Ти издава полномошно за возење (и полномошно за возење во странство), итн. Нијанса се покомплицирани работите, ама ништо страшно. Скоро секогаш имаш обврска за некакво каско-осигурување.
Како што спомна Дени, кога се зема кола на лизинг, обично се гледа да можеш да имаш што е можно поголемо учество, за ратите и каматата да бидат помали. Сумата која ќе ја земеш на лизинг е вкупната цена на колата минус учеството. Ако цената е 20.000 Евра, а ти имаш учество од 10.000 Евра, лизингот е на 10.000 Евра и каматите ќе бидат на 10.000 Евра. Барем колку што јас ги разбирам работите. На таа сума ќе ти пресметаат камата и каматата ќе ти ја наплатат во првите рати - исто како кредит.
Да, по исплатата си се префрла колата на твое име, или ако сакаш ја користиш како учество за следниот лизинг. Си го продолжуваш лизингот (рекалкулиран, секако) и си земаш нова кола. Така цела Европа вози нови коли на 5 години.