Постарите мотори што сме ги возеле тука и тестирале се со многу лош пренос. На пример последната брзина на фиеста TDCI 1.4 2008ма година беше 2800 вртежи (грубо) на 120кмч. Што е непотребно многу за дизел мотор, поготово за тој дизел мотор. Слично е и со другите мотори од тој период. И не само дизел, туку и бензин. Повеќето беа со сличен пренос. На пример полото 1.2 64кс 2007ма беше накај 3800 вртежи грубо. Тука ја губат ефикасноста, а возачите нервите.
После овие почнаа да се ставаат 5 брзински менувачи но со поширок дијапазон на работа, а и 6 брзински со поширок дијапазон, па спаднаа обртаите на околу 2200 вртежи на 120кмч што придонесе и за подобрување на економијата.