Автор Тема: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150  (Прочитано 23862 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #45 на: 27 Јуни 2017, 10:16:37 am »
Overall, на волан и за возење ми е подобра од BMW 3 F10.

Мислиш F30.  :D

Ф30 ја изгубија директноста и тежината на волан од е46/е90.

На пример мечето дома има подиректен волан од е46ката што ја имав.

пс. За некоја година кога ќе менувам возило, ќе ја ставам и алфата во список. :-)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #46 на: 27 Јуни 2017, 10:20:30 am »
Тоа што во модерниве коли го губат чувството на воланот ми е многу глупа работа

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #47 на: 27 Јуни 2017, 10:24:49 am »
Мислиш F30.  :D

Ф30 ја изгубија директноста и тежината на волан од е46/е90.

На пример мечето дома има подиректен волан од е46ката што ја имав.

пс. За некоја година кога ќе менувам возило, ќе ја ставам и алфата во список. :-)

Да, F30, my bad. Не ги научив новиве ознаки на BMW.

Тоа што во модерниве коли го губат чувството на воланот ми е многу глупа работа

И мене, ама за жал е неизбежно. Префрлањето кон електрично серво (кое може да ја намали потрошувачката меѓу 1-3% и е помалку расипливо) си го прави своето. Ретки се електричните сервоа што се добри.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #48 на: 27 Јуни 2017, 10:33:03 am »
Абе ауди да ти бил уште посилен со 150кс

https://www.auto-data.net/en/?f=showCar&car_id=23754

Но со полоша потрошувачка (на хартија)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #49 на: 27 Јуни 2017, 10:45:00 am »
Луѓе зборат какво чувство буди колата при динамично возење, овој си глеа статистики и си трка коли на интернет страници...
« Последно менување: 27 Јуни 2017, 10:48:07 am zeroSignal »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #50 на: 27 Јуни 2017, 10:47:57 am »
Се префрли од ZePerfs на Auto-Data. ;D

Ама воздржи се од лични навреди.

--

Јас ќе се обидам во мојот текст за Giulia да ги избегнам сите оние клише поими како „срце“, „душа“ и „страст“.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #51 на: 27 Јуни 2017, 10:55:43 am »
Може најмногу до еднаш да се спомне. Мене повеќе ми значи она што го пишува на auto-data:
Front suspension   Double wishbone
Rear suspension   Multi-link independent

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #52 на: 27 Јуни 2017, 11:05:57 am »
Убаво е вака да влета друг играч и да им ги помати сметките на бмв ауди и мерцедес, колку повеќе тие се натпреваруваат меѓу себе толку повеќе придобивки имаме ние возачите. Мене ме радува тоа што денес нема сиромашно опремена кола, ентериерот е убав скоро секаде, а первормансите се супериорни во однос на потрошувачка и екологија. Тоа што 90% од нас не можат да си дозволат да ја купат нова не значи дека немаат нерви да почекаат некоја година да си купат добар половен примерок. Мене ми се допаѓа, и убава ми е од секој агол, сметам дека цената е висока но можеби и е оправдана, ќе видиме зеро што ќе пише на крај, вака на интернет цел ден можеме да ги тркаме

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #53 на: 27 Јуни 2017, 11:19:28 am »
Има за објавување, Giulia-та наајверојатно ќе биде објавена следната недела.

Оваа недела има за објавување Mazda 3 (денес), Seat Ibiza + Leon Cupra & Ateca FR (утре), Porsche Road Tour (четврток). Fiat Tipo треба да оди или во Петок или во Понеделник, па по тоа да оди и Џулијата. Се собраа материјали. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #54 на: 27 Јуни 2017, 11:31:06 am »
Како е дизелов во споредба со турбо дизелот во Мазда 3? Ова ја прави Маздата толку фантастична за возење, да влече од 1000, до 5000.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кај алфата како е? Најобичен турбо-дизел?

Стварно не знам како е. Го нема оној „локомотива“ моментот како кај Маздата, ама моторот е добар. Малку е бучничок на старт, ама после тоа се стишува, на отворено си е супер.
Ajде тазе ти се и двете! :) Таман за споредба. Иста кубикажа/коњажа башка. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #55 на: 27 Јуни 2017, 12:06:36 pm »
Се префрли од ZePerfs на Auto-Data. ;D

Ама воздржи се од лични навреди.

--

Јас ќе се обидам во мојот текст за Giulia да ги избегнам сите оние клише поими како „срце“, „душа“ и „страст“.
Значи, ќе добиеме "германски" тест на италијанско ауто :(

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #56 на: 27 Јуни 2017, 12:07:08 pm »
Види, со договор сум обврзан да ги искористам тие зборови. Ќе ги има, секако. ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #57 на: 27 Јуни 2017, 13:47:33 pm »
Се префрли од ZePerfs на Auto-Data. ;D

Ама воздржи се од лични навреди.

--

Јас ќе се обидам во мојот текст за Giulia да ги избегнам сите оние клише поими како „срце“, „душа“ и „страст“.
Значи, ќе добиеме "германски" тест на италијанско ауто :(

Па германски, уште одма се фати за пластиките дека не биле како кај Ауди. Кој возел италијанска кола знае дека никогаш не биле квалитетни материјалите, ниту кај „бутик“ производителите како Масерати. Емоциите кои ги предизвикува автомобилот им биле продажна точка. Внатре се знае, авионски тоалет пластика, југословенска ергономија, и многу многу забава :D И најмалите Fiat 500 и Panda се олицетворение на таа филозофија. :)

ЕДИТ: Знам дека е битно да е се квалитетно внатре ама не знаат како да го постигнат тоа на ефикасен начин, па си ставаат глупости внатре. Мене лично не ми е пресуден квалитетот на пластиките колку што ми е пресудно да има некој карактер, или „табиет“ колата.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #58 на: 27 Јуни 2017, 13:52:50 pm »
Не ти е пресуден пошто не ја купуваш на ново за иста или поскапа цена од другите што се поквалитетно изработени.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulia 2.2 JTDm 150
« Одговори #59 на: 27 Јуни 2017, 13:57:05 pm »
За да има половни коли, треба да има некој да ги купува нови.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.