И ти и зеро си генерализирате. Глобално гледано значи надвор од држави одвоено, СУВ/кросовер си зема замав. И тоа највеќе поради многу достапни модели за рајата што имаат искочено последниве неколку години:
-Nissan Juke
-Nissan Qashqai
-Toyota CH-R
-Honda HR-V
-Renault Captur
-Renault Kadjar
-Hyndai Tuscon/Kia Sportage
-Opel Mokka
-Mazda CX-3
-Fiat 500L
-Tiguan/Ateca/Kodiaq
-Jeep Renegade
И да не ги набројувам тука помалите модели сув/кросовери од премиум. За жал, сите овие во изолација, квалитет на материјали во внатрешност, подвозје се секогаш испод нивните еквивалентни седани/хечбекови а од друга страна се за некое евро поскапи. Opel Mokka на пример ти е поскапо возило од Астра. Па секој разумен човек што се разбира бар 50% од автомобили, би купил Астра. Но зошто не сите се разбираат а рајата исто така сака да се филмува дека вози на висока позиција, стави му евтин автоматик и цепај. Просечниот човек го заболе дали имало повеќе пластика во внатрешноста или помалку изолација. Важно да биде високо седењето и да има ЛЕД светла напред. За 5-6 години ќе биде интересно во секој случај.