Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 51994 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6424
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #330 на: 15 Март 2026, 20:13:47 pm »
По клаустрофобично возило од неа е само Тико.Ама нема поголем доказ дека си успеал во животот.
Тојота Цхр е ултиматен киур позади,како во затворско возило или како во некое оклопно да се возиш се осеќаш надзирајки низ џамчето од една педа. Упарено со вриштењето на цвт-то, милина..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15264
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #331 на: 15 Март 2026, 20:25:56 pm »
Во Митсубиши-то од затворот се немам возено,а мариците веа комотно и Цитроените и Фолксвагените. ;D
Цхр,Ајго Крос и слични глупости не ги перцепирам воопшто.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7429
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #332 на: 16 Март 2026, 07:43:04 am »
Шо избор ќе беше овој, на иста листа Пежо/Цитроен и БМВ/Мерцедес.  :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4722
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #333 на: денес во 19:18:37 »
Денес имав тест-драјв на CX-6e во Takumi Plus опрема (21 инч тркала) и на 6e во Takumi, при што втората беше со 19-инчни тркала. Бидејќи веќе ги имам гледано скоро сите видеа на YouTube за двата автомобила, обрнав внимание на тоа како да го наречам, малото потскокнување или тресење кај CX-6e. Едвај е забележливо, но го чувствував скоро през целото време, бидејќи патиштата не беа совршени.

Исто така кога ќе стиснеш на гаста до даска, 6e повлекува доста забележливо, додека CX-6e помалку, што за мене е дури и подобро.

Во поглед на просторот, за високи возачи како мене (199 см), CX-6e секако е подобар избор, но не би го отпишал целосно 6e овде, бидејќи положбата на рацете додека го држите воланот е за нијанса подобро кај 6е.

Квалитетот на изработка е доста добар, по мое чувство дури би рекол премиум.

Ги возев двата автомобила со сопругата и 2 деца, и сите се согласивме дека CX-6e би можел да ни биде следен семеен автомобил.

За потрошувачката, ја возевме истата рута со двата автомобила, околу 40-45 км со секое од возилата, а бројките беа: CX-6e 18,3 kWh, додека 6e беше 16,2. Возењето беше и на регионални патишта и на автопат со брзина до 160 км/ч, главно околу 130 км/ч.

Вчера бев и до салонот на Тесла во Франкфурт, да ги видам модел 3 и модел Y. Го имаа само модел Y во салон, во основната варијанта. Да не претерам, ама и да претерам нема да згрешам ако пишам дека ентериерот, квалитетот и чувството е како да си во најефтино возило, некое од 10000 еур, а не од 37000. Башка тој минимализам не ми се свиѓа воопшто, споредено со маздата е нула. Во Premium сетап демек е подобро, ама тоа веќе е 52К еур, не би дал толку за тоа возило, па ако сака и само 10 кв на 100 нека троши.
Тргнав да го видам и Enyaq од Skoda, ама го немаа, и пошто од карши беше Cupra салонот, викам ај да видам што имаат таму. Tavascan-от ме изненади пријатно, и со простор и како добро изгледа. Поскап е од маздата, малце е помал внатре, ама се мислам да закажам тест возење и да видам како вози, а и како ќе не собере. Иако е поскап од маздата, често го има на промозии за лизинг со прилично добра месечна рата.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4434
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #334 на: денес во 22:10:12 »
Иако не сум возел Тесла или пак друг ЕВ. Од секогаш сум мислел зошто некој би купил некое друго ЕВ покрај Тесла. Имаат најефикасен погон, огромна мрежа на нивни брзи полначи кои колку што сум гледал на нет работат одлично, и имаат најдобар софтвер. Дури и ценовно се одлично позиционирани за тоа што го нудат и колку другиве имаат луди цени. Солидно опремено поло ев ќе коштало колку основен модел 3….
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"