Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 54511 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #330 на: 15 Март 2026, 20:13:47 pm »
По клаустрофобично возило од неа е само Тико.Ама нема поголем доказ дека си успеал во животот.
Тојота Цхр е ултиматен киур позади,како во затворско возило или како во некое оклопно да се возиш се осеќаш надзирајки низ џамчето од една педа. Упарено со вриштењето на цвт-то, милина..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15269
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #331 на: 15 Март 2026, 20:25:56 pm »
Во Митсубиши-то од затворот се немам возено,а мариците веа комотно и Цитроените и Фолксвагените. ;D
Цхр,Ајго Крос и слични глупости не ги перцепирам воопшто.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7461
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #332 на: 16 Март 2026, 07:43:04 am »
Шо избор ќе беше овој, на иста листа Пежо/Цитроен и БМВ/Мерцедес.  :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4751
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #333 на: 12 Септември 2026, 19:18:37 pm »
Денес имав тест-драјв на CX-6e во Takumi Plus опрема (21 инч тркала) и на 6e во Takumi, при што втората беше со 19-инчни тркала. Бидејќи веќе ги имам гледано скоро сите видеа на YouTube за двата автомобила, обрнав внимание на тоа како да го наречам, малото потскокнување или тресење кај CX-6e. Едвај е забележливо, но го чувствував скоро през целото време, бидејќи патиштата не беа совршени.

Исто така кога ќе стиснеш на гаста до даска, 6e повлекува доста забележливо, додека CX-6e помалку, што за мене е дури и подобро.

Во поглед на просторот, за високи возачи како мене (199 см), CX-6e секако е подобар избор, но не би го отпишал целосно 6e овде, бидејќи положбата на рацете додека го држите воланот е за нијанса подобро кај 6е.

Квалитетот на изработка е доста добар, по мое чувство дури би рекол премиум.

Ги возев двата автомобила со сопругата и 2 деца, и сите се согласивме дека CX-6e би можел да ни биде следен семеен автомобил.

За потрошувачката, ја возевме истата рута со двата автомобила, околу 40-45 км со секое од возилата, а бројките беа: CX-6e 18,3 kWh, додека 6e беше 16,2. Возењето беше и на регионални патишта и на автопат со брзина до 160 км/ч, главно околу 130 км/ч.

Вчера бев и до салонот на Тесла во Франкфурт, да ги видам модел 3 и модел Y. Го имаа само модел Y во салон, во основната варијанта. Да не претерам, ама и да претерам нема да згрешам ако пишам дека ентериерот, квалитетот и чувството е како да си во најефтино возило, некое од 10000 еур, а не од 37000. Башка тој минимализам не ми се свиѓа воопшто, споредено со маздата е нула. Во Premium сетап демек е подобро, ама тоа веќе е 52К еур, не би дал толку за тоа возило, па ако сака и само 10 кв на 100 нека троши.
Тргнав да го видам и Enyaq од Skoda, ама го немаа, и пошто од карши беше Cupra салонот, викам ај да видам што имаат таму. Tavascan-от ме изненади пријатно, и со простор и како добро изгледа. Поскап е од маздата, малце е помал внатре, ама се мислам да закажам тест возење и да видам како вози, а и како ќе не собере. Иако е поскап од маздата, често го има на промозии за лизинг со прилично добра месечна рата.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4458
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #334 на: 12 Септември 2026, 22:10:12 pm »
Иако не сум возел Тесла или пак друг ЕВ. Од секогаш сум мислел зошто некој би купил некое друго ЕВ покрај Тесла. Имаат најефикасен погон, огромна мрежа на нивни брзи полначи кои колку што сум гледал на нет работат одлично, и имаат најдобар софтвер. Дури и ценовно се одлично позиционирани за тоа што го нудат и колку другиве имаат луди цени. Солидно опремено поло ев ќе коштало колку основен модел 3….
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30868
    • CARclub.mk
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #335 на: 13 Септември 2026, 08:41:14 am »
Тоа малото вертикално движење го има кај повеќето електрични возила, особено ако се поевтини и со поедноставна суспензија. Колите се тешки а суспензијата треба да ја исконтролира каросеријата и да не дозволи батериите да треснат подлогата. И затоа суспензијата е релативно цврста. И цело време има мали горе-доле вибрации кои знаат да бидат непријатни.

Мене Mazda 6e многу ми се допадна. Софтверот им е малку шашав, ама како пакет колата е стварно добра. Најголемата забелешка ми беше кон високото седење, особено за седан. CX-6e не сум возел, ама и таа е во соработка со Changan.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4751
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #336 на: 13 Септември 2026, 08:53:50 am »
@Skywalker  да, најефикасни се, ама мене лично ми се ружни теслите надворешно, а внатре па уште повеќе. Tesla Y е со простор значително помала од Mazda CX-6e, нешто што мене ми е еден од првите критериуми за возило. Околу мрежата со полначи, други провајдери имаат дури и подобри цени од тесла за полнење. А и со било која која можеш да полниш на тесла полнач, други се цените, ама не е пречка да полниш ако ти треба.

@zeroSignal  кај седанот, те Mazda 6e која беше со 19 инчни тркала, тоа мало потскокнување го немаше воопшто, или толку било мало што не го приметив воопшто. Ако дефинитивно се решам за Cx-6e, би закажал тест возење на возило кое е со 19ки тркала, да видам дали има некаква разлика околу тоа. Не би ме спречило ова од купување на возилото и со 21 тркала, ама ако го нема тоа со 19ките, тогаш би земал такво со 19ки, те Такуми верзија.

Отсутен gorgekara

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #337 на: 06 Октомври 2026, 13:04:08 pm »
На Тесла и помина трендот мислам, има многу поефикасни електрични коли со батерии што се полнат побрзо. BYD растура во оваа сфера. Исто имаш и хибриди што работат на батерии, но се дополнуваат на бензински мотор (како dfsk S7 или arrizo 8 ) со опсег од 1200 километри што реалистично е попогодно за нашиот дел од светот.

А баш и наскоро најавија BYD дека отвараат салон и тука.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4751
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #338 на: 06 Октомври 2026, 15:20:58 pm »
Не би рекол дека на тесла и поминал трендот, сеуште е најефикасна или е една од најефикасните. У секој случај добро е што има јака конкуренција која ќе доведе до тоа еден ден батериите да имаат опсег од 1000 км ко од шала и да се пунат за 5 мин. Во врска со брзото полнење на батериите како што имаат некои од кинеските модели, ќе покаже времето дали страда батеријата побрзо или е безбедно.
Тоа со опсегот ми е чист маркетинг, у смисла не сум јас камионџија па да возам цел ден да извозам 1200 км и да не морам да застанам да пунам. И имаш 2 системи, што во секој случај е покомплексно отколку 1, било да е тоа електричен систем или бензински (евентуално MHEV).
Идеално според мене би било опсег од околу 600-700 км, колку и повеќето бензинци, со полнење од 5-10 мин целосно полнење на батеријата и да не се замараш (временски) дали возиш бензинец или струјаџија.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4458
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #339 на: 06 Октомври 2026, 15:25:04 pm »
На Тесла и помина трендот мислам, има многу поефикасни електрични коли со батерии што се полнат побрзо. BYD растура во оваа сфера. Исто имаш и хибриди што работат на батерии, но се дополнуваат на бензински мотор (како dfsk S7 или arrizo 8 ) со опсег од 1200 километри што реалистично е попогодно за нашиот дел од светот.

А баш и наскоро најавија BYD дека отвараат салон и тука.

Колку што имам гледано/читано не постои поефикасно ЕВ од Тесла. Исто интеграцијата што ја имаат со нивната мрежа на полначи е нешто што другите го немаат. Моментално ФСД станува легално низ Европа а тука никој не им е ни блиску.

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18232
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #340 на: 06 Октомври 2026, 16:08:48 pm »
Не би рекол дека на тесла и поминал трендот, сеуште е најефикасна или е една од најефикасните. У секој случај добро е што има јака конкуренција која ќе доведе до тоа еден ден батериите да имаат опсег од 1000 км ко од шала и да се пунат за 5 мин. Во врска со брзото полнење на батериите како што имаат некои од кинеските модели, ќе покаже времето дали страда батеријата побрзо или е безбедно.
Тоа со опсегот ми е чист маркетинг, у смисла не сум јас камионџија па да возам цел ден да извозам 1200 км и да не морам да застанам да пунам. И имаш 2 системи, што во секој случај е покомплексно отколку 1, било да е тоа електричен систем или бензински (евентуално MHEV).
Идеално според мене би било опсег од околу 600-700 км, колку и повеќето бензинци, со полнење од 5-10 мин целосно полнење на батеријата и да не се замараш (временски) дали возиш бензинец или струјаџија.

Треба да размислиш и дали ќе продолжиш да патуваш со колата подалеку од тие 700 километри. Еве сеа скоро имаше македонец што тестираше Скопје - Белград со Тесла, и со чекање на ред за полнење, како и самото полнење, патешествието го фати 9 саати. Обично таа дистанца со паузи со чуда се вози за 4 и нешто саати.

Ти, ако планираш да возиш од Германија до тука, па и назад, треба да си пресметаш колку повеќе време ќе ти треба за патот. Јас да сум на твое место не би погледнувал целосно електрично возило. Плаг ин хибрид можда, REEV дефинитивно, ама во никој случај електраш без мотор со внатрешно согорување.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Majstoriste

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #341 на: 06 Октомври 2026, 16:42:12 pm »
Не би рекол дека на тесла и поминал трендот, сеуште е најефикасна или е една од најефикасните. У секој случај добро е што има јака конкуренција која ќе доведе до тоа еден ден батериите да имаат опсег од 1000 км ко од шала и да се пунат за 5 мин. Во врска со брзото полнење на батериите како што имаат некои од кинеските модели, ќе покаже времето дали страда батеријата побрзо или е безбедно.
Тоа со опсегот ми е чист маркетинг, у смисла не сум јас камионџија па да возам цел ден да извозам 1200 км и да не морам да застанам да пунам. И имаш 2 системи, што во секој случај е покомплексно отколку 1, било да е тоа електричен систем или бензински (евентуално MHEV).
Идеално според мене би било опсег од околу 600-700 км, колку и повеќето бензинци, со полнење од 5-10 мин целосно полнење на батеријата и да не се замараш (временски) дали возиш бензинец или струјаџија.

Треба да размислиш и дали ќе продолжиш да патуваш со колата подалеку од тие 700 километри. Еве сеа скоро имаше македонец што тестираше Скопје - Белград со Тесла, и со чекање на ред за полнење, како и самото полнење, патешествието го фати 9 саати. Обично таа дистанца со паузи со чуда се вози за 4 и нешто саати.

Ти, ако планираш да возиш од Германија до тука, па и назад, треба да си пресметаш колку повеќе време ќе ти треба за патот. Јас да сум на твое место не би погледнувал целосно електрично возило. Плаг ин хибрид можда, REEV дефинитивно, ама во никој случај електраш без мотор со внатрешно согорување.
Во Србија полначите на нивното претрпијатие за државни патишта се бесплатни и тој чекаше на таков полнач, не дека немал други опции да наполни побрзо со плаќање.
Имам пријател што често доаѓа од Германија кај нас ради работа со Tesla S, на Балкан еднаш полни во Осиек и еднаш во Ниш. Никогаш полнењето не го задржало и не се премислил да ја смени колата со која доаѓа наваму, а има повеќе коли на избор.

Отсутен gorgekara

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #342 на: 06 Октомври 2026, 16:55:50 pm »
Може е ефикасна за трошење на батеријата ама на полнење не е. 9 часа со бесплатно полнење не звучи страшно да идеш од Скопје до Белград ама додај фамилија во формулата и работите малку се различни.

Затоа се согласувам дека подобра варијанта е да имаш REEV или плагин хибрид - да ја имаш опцијата да застанеш на бензинска и за 5 минути пак да се движиш.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4751
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #343 на: 06 Октомври 2026, 22:16:29 pm »
Секој си ги знае најдобро своите потреби од возило. Ако често возиш долги релации, веројатно електрично возило не е најидеален избор, ама па за еднаш у 2 години рецимо ако возам од Германија до Македонија/Грција, ќе се испланира рутата да не биде возење и полнење само, него да се прошета нешто уз пат, и тоа време да се користи за полнење на батеријата.
Да имам дома полнач, хибрид веројатно би бил опција, но без полнач да полнам мала батерија со која може да се пројдат помалце од 100 км на струја нема поента, ќе треба многу често да одам на полнач и за секојдневни потреби што ги имаме од возење.
REEV исто, во Германија не е исплатливо, искача поскапо да се поседува и вози такво возило отколку електрично возило.
Ги правев математиките за во Германија. Можам и да ги споделам тука, само нема да се релевантни скоро за никого, освен за мал дел од членовите кои сме во Германија.
За во Македонија е друга приказната, ама пошто не живеам таму, нема потреба да правам математики.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45280
  • Il Moderatore
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #344 на: 07 Октомври 2026, 14:13:09 pm »
Првенствена одлука за електрично возило е да има кај да го полниш секој ден без да се замараш (дома, на работа или сл.). Доколку ја немаш таа комоција, веќе се друго е покомплициран сетап.  Макар се полнеле и за 30 минути и имале рејнџ 1000км.
 
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed