Денеска полн елан и со радост отидов до Франкфурт да ги видам и останатите модели од листата, и релативно брзо завршив работа, зашто сите салони беа во радиус од 2 км. И на крај ми се случи голем пех, сите мерки кои ги земав денеска, не ми се сочуваа во фајлот, пробав и рекавери и све и ништо, па така разочарувањето се зголеми пошто колите кои ги гледав не се драстично поголеми од мојата, те не што не се, туку се помали, али еве со ред и од тоа што запамтив:
1ва станица Honda, модел CR-V
Имаа неколку, влегов рандом онака, одлично изгледаше внатре, материјали супер, со простор нешто како мојата, ама за некој сантим потесна, гепек добар.
Не би бил лош избор, ама е PHEV како што видов.
2ра станица Toyota, модел RAV4
Тотално разочаран, прво што е прилично мал, очекував изгледа големо возило, второ многу лоши материјали имаше, неколку класи подоле од Хондата. Си отидов одма
3та станица BMW, модели 2ка, 3ка, 5ка G30 и G60
2ката мала, тесна.
3ката напред океј, малце тесничко, позади слабо простор, нема нозе кај да се стават ако си над 160 цм
5ката G30 малце подобра од 3ката, сепак не доволно.
5ката G60 малце подобра од G30ката, би влегла во игра.
Само со седаниве имам проблем со влагање и исто со искачање. 199 цм не е баш лесно да влезеш во тој отвор низ вратата. За искачање проблем ми е што е ниско седењето, треба да се држам за волан кога искачам.
Внатрешноста, те чувството внатре, и како е изработено е друго ниво, премиум квалитет и изгледа и стварно добро изгледа
4та станица Citroen, модел C5 Aircross и Peugeot модели 408, 5008
C5ката е добра со простор, комотна е и напред и позади (не прекомотна да се разбереме), но средишната конзола меѓу патниците е доста широка и скратува бааги простор за десната нога, што мислам ќе е проблем на подолг пат. Иначе солидна внатрешност имаше во смисла на материјали и квалитет
408 тесничко, али убаво ауто и убава внатрешност.
5008 слично како C5ката, простран, 7 седишта, али исто стеснет простор за ногата
5та станица Mercedes, модели B и E класа
B класа, нова, помала од мојата, али премиум квалитет
Е класа, комотна, широка, малце повеќе простор напред од мојата, слично како и кај 5ката, проблем е искачањето, мада тука мислам беше за нијанса подобро.
6та станица Mazda, модели CX-80, CX-60 и CX-5
Шлагот за на крај, многу добар впечаток ми оставија сите 3.
Прво влегов во CX-80, поголема е од мојата кола, покомотна, и беше со најјакото ниво на опрема и изгледаше предобро.
Следно на кратко во CX-60, зашто малтене е истото возило, само со 5 седишта, за разлика од CX-80 кој е со 7.
Двеве се стварно добар избор, ама вака им се опциите за мотор (како што ми кажа продавачот): Дизел 3.3 MHEV и Бензин 2.0 мислам PHEV
И за крај ја измерив и CX-5, која има дури и повеќе простор позади. Тука имаат мислам сеуште Бензин MHEV.
Веројатно останува и Renault да видам, и не ми текнува веќе ништо друго.
Малце сум како потресен дека не се така големи коливе како делуваат, и стварно се осеќав добро кога ќе седнев во мојата кола после некои нови коли кои ми беа мали.
Стварно штета што не прават веќе коли како Sportsvan-от и други слично возила, пр S-Max, мене ми се ептен погодени и сега изборот ем ми е тапа, ем се доста скапи колите.