Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 56167 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30899
    • CARclub.mk
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #360 на: 20 Октомври 2026, 19:16:00 pm »


И неколку милијарди инвестиции во енергетската мрежа која е дотраена веќе 20 години и не може да го поднесе ни постојниот терет, а пак тек сите идни приклучоци. Ама никој не го ни спомнува тоа во јавност. Нашиве ставаат нов тепих на скапан под.

This!

Нашата електрична мрежа нема теоретска шанса да го издржи тој притисок.

Според мене една од главните причини зошто немаме субвенции за електрични возила и plugin хибриди е токму тоа.

Моментално имаме нешто над 2000 возила (https://www.carclub.mk/2026/07/07/kolku-elektricni-vozila-ima-vo-makedonija/).

Ако се либерализира увозот на електрични возила (доволно е само да се укине ДДВ-то како во Бугарија да речеме) и ако се регистрираат отприлика 40000-50000 електрични возила (што е сосема реално и возможно), енергетскиот систем ќе колабира.

Или поедноставно

40000 возила, со тајмер (што се мести во settings на колата) почнуваат да полнат струја во 22:01 (евтина тарифа).

Домашен полнач 11KW, отприлика почнува во просек да влече околу 7.5KW - во превод околу 300MW струја.

Тоа е целиот капацитет на РЕК Битола кој работи во тој момент (или два блока одеднаш).

Немаме „резерва“ да го избалансираме тој пик, макар и да се разреди на подолг период од 10-15 минути.

Муабетов на прва изгледа како држи вода, заради тоа што правиш една претпоставка - претпоставуваш дека сите електрични возила би се полнеле во исто време. Ама нема да се полнат во исто време, исто како што не одат сите коли со МВС на бензинска во исто време.

Електрични возила се полнат еднаш или два пати неделно. Можеби се дополнуваат почесто, ама тоа се кратки сесии од саат-два. Краткотрајно дополнување.

Плаг-ин хибриди можеби се полнат/дополнуваат почесто, ама со новиве поголеми коли што имаат поголеми батерии и имаат поголема автономија на струја, и тие веќе се дополнуваат еднаш на 2-3 дена. Плус, на домашен полнач тие се полнат со 2-3 kW. Не повеќе.

Да не се разбереме погрешно, дека треба инвестиции во електрична мрежа, треба. Ама дека 40-50.000 електрични возила одеднаш ќе ја оптеретат мрежата - нема. Прво, со никакви субвенции (или даночни олеснувања) нема бројката толку брзо да стигне 40-50.000 возила, а второ - нема сите тие да се полнат во исто време.

Едит: Да дополнам. Полнењето не функционира така како што кажуваш. Сите не почнуваат во 22:01, дури и да им се тајмерите така подесени. Обично ако штелуваш полнење меѓу 22:00 и 07:00, полнењето е на „интервали“, односно се полни, па престанува, па се полни, па престанува, итн, за да дојде до саканиот процент (да речеме 80% или 100%) во 07:00. Која е поентата да почне да полни во 22:00, да ја наполни батеријата до 100% до 02:00 (да речеме) и да ја држи на 100% до 07:00? Таквото полнење е штетно за батеријата, колку подолго стои на 100%, толку повеќе се деградира.

Панели да, ама имаш еден проблем - само преку ден „работат“.

Нека работат само преку ден. Ти преку ден цело време си во кола? Секако дека не. Реално, колата ти/ми/ни е паркирана 95% од времето. Нормално, ако имам можност евтино и преку ден да полнам, со задоволство би полнел. Понекогаш полнам во дневниот блок на евтина струја. Не дополнува многу, бидејќи полначот е само 2.3 kW, ама нека има.
« Последно менување: 20 Октомври 2026, 19:27:41 pm zeroSignal »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7942
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #361 на: 20 Октомври 2026, 23:46:06 pm »
Панели да, ама имаш еден проблем - само преку ден „работат“.

Нели има опција за складирање на струјата преку батерии?