Во Македонија во моментот секогаш е подобро да се оди на поголем мотор и да е дизел. Официјалните давачки помеѓу помалиот дизел и поголемиот дизел се незначителни.
Но, од друга страна релациите се толку кратки, што голем мотор и не прави некоја смисла кога најголема релација ќе е 300-400 километри. Во Македонија има пет планински превои. Да Пет се. Најдолгиот превој е 15-20 километри. И дали ќе го минеш со 80 км/ч или 65 км/ч не прави никаква разлика. Буквално никаква разлика, дали ќе возиш 15 минути или 16 и пол минути.
Или за возење низ град. Сите зборувате вака така онака. Па не си на трка бе, колку забрзува толку, јебига. Сум имал среќа да возам низ големите градови низ Европа, и преку барата. Никогаш средната брзина не била повеќе од 30 на саат. Никогаш. И никогаш силата на моторот не била некојси фактор. Во Америка имав в10 тритон под хауба. Џабе ти е, кога заглавив во метеж. Секогаш е, тргни застани, семафор, пешак, некој застанал, дрн дрн, тргни застани семафор пешак, дрн дрн. Тоа е.
Еве тука сметај за колку ќе те чини една кола ако е бензин, и ако е дизел. Ставаш цени на гориво, цена на кола, цена на давачки.
http://www.diesel-oder-benzin.de/Малце офф топик за да дадам перспектива зошто некои работи се такви какви што се во автомобилската индрустрија (За кои во најголем дел е виновна бирократијата во ЕУ):
Мондео 1.6 тдци и 2.0 тдци во Германија имаат разлика во официјалните давачки околу 250 евра годишно. Ако е 2.2 тдци разликата е над 350 евра. Да не зборуваме за дизел возила кои имаат над 3000 кубици. Таму само данокот е околу 600-700 евра на годишно ниво.
Малите мотори во големи коли не се затоа што фабриките и инжинерите така сакаат. Едноставно така налагаат бирократските еколошки норми од ЕУ.
Зошто сите коли изгледаат еднакво (со мали разлики). Зошто ја нема шареноликоста и експериментирањето со најразлични форми и дизајни? Затоа што така налагаат сигурносните и еко нормите од ЕУ.
Зошто полека ја снемува лудоста во дизајнот на италијанските коли, таа лудост која ги гони алфашите да фрлаат пари со кофи во црна дупка?
Дојде денот кога Абарт почна да произведува практични коли.
Зошто сите германски возила личат едно на друго, и секоја марка ја губи својата препознатливост? Земи Ес - класа, А8ца, или Бмв 7ца, размени ги беџовите, и реално нема да знаеш која е која.
Денес има Актив сараунд за да се долови моментот на звук од мотор.
Зошто Астон Мартин ја произведуваа таа смешка (мало градско возило)? Затоа што мора да намали на севкупен СО2.
Која игра и заебанција е со купопродавање на СО2 меѓу ЕУ земјите и корпорациите е приказна сама за себе. Затоа има селење на фабрики, производствени ленти, џоинт вентчјурс, итн. итн.