Автор Тема: Мондео vs Инсигниа vs 508  (Прочитано 35639 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #120 на: 17 Април 2015, 06:42:30 am »
И за у град, имаш 10 тргнувања до 70-80 на саат за 5 километри. За да биде пристојно возењето, ќе биде со педал до под и со вртежи до макс. Со 2.0 е дааалеку порелаксирано за истите забрзувања.

Глупости, болидот што го тркалам сo 40 коњи само на хартија и валда околу 70 nm торк кога го возам не притискам гас до крај кога забрзувам за тоа твое ''пристојно возење'' што го наведе, а не со 1.6 хди 115 коња кој има 270 nm торк.

Ајде сеа, нека се јави некој и со скутерче 50ццм и да каже дека забрзува без гас до даска сосема пристојно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #121 на: 17 Април 2015, 07:09:14 am »
А чоеков, креаторов на темава никаде го нема.

Веројатно се покаја што уопште згреши душа да постави прашање.
Тоа е сигурно.

Темава требаше да иде во правец Мондеото е подобра опција со 1.6 зошто иде пример со подобра опрема или има подобро управување или материјалите внатре се квалитетни. Пежото 1.6 (ист мотор) е подобар пример во позади за патници ама менувачот не е многу добар. Или инсигнијата пример има подобар ѓепек. И после човекот може да заклучи ова или она е подобра за неговите потреби.

Ама не, 1.6хди не бил доволен за таа тежина :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #122 на: 17 Април 2015, 07:16:29 am »
Ајде сеа, нека се јави некој и со скутерче 50ццм и да каже дека забрзува без гас до даска сосема пристојно.

Тоа е реалноста што ти ја посочувам. А ти тоа што го посочуваш, тоа е твојот стил на возење. ;)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #123 на: 17 Април 2015, 07:19:49 am »
Или, и ти му го посочуваш твојот стил на возење.

Али добро е, има напредок. Мрднавме од „мојот болид“ во „болидот што го тркалам“. Очигледно читаме, ама не одговараме.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #124 на: 17 Април 2015, 07:31:20 am »
Јас со практичен пример ја доловувам реалноста дека кола со праисториска технологија на мотор и далеку помалку коњски сили, не и треба педала до под за тоа пристојно забрзување до 70 км/ч. Освен ако за вас тоа значи дека мора за 5 секунди да стигнеш до 70 км/ч.
За да тоа пежо со тежина од 1400 кила да се однесува исто како МОЈОТ болид, треба да има атмосферски мотор од 80 коња по некоја логика, па да му држи вода на Симо муабетот.
Ама таа има турбо мотор со 115 коња и далеку повеке торк, така да чиста глупост е за сосема нормално возење од 0-70 да кажеш дека треба патос гас.

Иначе читаме, ама ме мрзеше да се напнувам, само кога ке ми заиграат бубачките во глава, тогаш ке се рчкам.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #125 на: 17 Април 2015, 08:21:21 am »
Во Македонија во моментот секогаш е подобро да се оди на поголем мотор и да е дизел. Официјалните давачки помеѓу помалиот дизел и поголемиот дизел се незначителни. 
Но, од друга страна релациите се толку кратки, што голем мотор и не прави некоја смисла кога најголема релација ќе е 300-400 километри. Во Македонија има пет планински превои. Да Пет се. Најдолгиот превој е 15-20 километри. И дали ќе го минеш со 80 км/ч или 65 км/ч не прави никаква разлика. Буквално никаква разлика, дали ќе возиш 15 минути или 16 и пол минути.

Или за возење низ град. Сите зборувате вака така онака. Па не си на трка бе, колку забрзува толку, јебига.  Сум имал среќа да возам низ големите градови низ Европа, и преку барата. Никогаш средната брзина не била повеќе од 30 на саат. Никогаш. И никогаш силата на моторот не била некојси фактор. Во Америка имав в10 тритон под хауба. Џабе ти е, кога заглавив во метеж. Секогаш е, тргни застани, семафор, пешак, некој застанал, дрн дрн, тргни застани семафор пешак, дрн дрн. Тоа е.

Еве тука сметај за колку ќе те чини една кола ако е бензин, и ако е дизел. Ставаш цени на гориво, цена на кола, цена на давачки.
http://www.diesel-oder-benzin.de/


Малце офф топик за да дадам перспектива зошто некои работи се такви какви што се во автомобилската индрустрија (За кои во најголем дел е виновна бирократијата во ЕУ):

Мондео 1.6 тдци и 2.0 тдци во Германија имаат разлика во официјалните давачки околу 250 евра годишно. Ако е 2.2 тдци разликата е над 350 евра. Да не зборуваме за дизел возила кои имаат над 3000 кубици. Таму  само данокот е околу 600-700 евра на годишно ниво.

Малите мотори во големи коли не се затоа што фабриките и инжинерите така сакаат. Едноставно така налагаат бирократските еколошки норми од ЕУ.
Зошто сите коли изгледаат еднакво (со мали разлики). Зошто ја нема шареноликоста и експериментирањето со најразлични форми и дизајни? Затоа што така налагаат сигурносните и еко нормите од ЕУ.

Зошто полека ја снемува лудоста во дизајнот на италијанските коли, таа лудост која ги гони алфашите да фрлаат пари со кофи во црна дупка?
Дојде денот кога Абарт почна да произведува практични коли.  :o

Зошто сите германски возила личат едно на друго, и секоја марка ја губи својата препознатливост? Земи Ес - класа, А8ца, или Бмв 7ца, размени ги беџовите, и реално нема да знаеш која е која. 
Денес има Актив сараунд за да се долови моментот на звук од мотор.
Зошто Астон Мартин ја произведуваа таа смешка (мало градско возило)? Затоа што мора да намали на севкупен СО2.   

Која игра и заебанција е со купопродавање на СО2 меѓу ЕУ земјите и корпорациите е приказна сама за себе. Затоа има селење на фабрики, производствени ленти, џоинт вентчјурс, итн.  итн.



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #126 на: 17 Април 2015, 08:24:37 am »
Мене само не ми е јасно зошто било кој би дал толку многу пари, за толкаво ауто, а со перформанси блиски на хеч со 1.4 бензинец мотор. Настрана убедувањата што може што не може основниот мотор во понудата. Зарем е толку битно колата да биде „на метро?“ И ако е, тогаш пак ќе кажам, има 4 вратни верзии од хечови, кои за тие пари може да ги напукаш и со опрема и со мотор и да претставува 5 пати поголемо ужување возењето на такво возило, отколку овие варијанти.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #127 на: 17 Април 2015, 08:29:17 am »
Мене само не ми е јасно зошто било кој би дал толку многу пари, за толкаво ауто, а со перформанси блиски на хеч со 1.4 бензинец мотор. Настрана убедувањата што може што не може основниот мотор во понудата. Зарем е толку битно колата да биде „на метро?“ И ако е, тогаш пак ќе кажам, има 4 вратни верзии од хечови, кои за тие пари може да ги напукаш и со опрема и со мотор и да претставува 5 пати поголемо ужување возењето на такво возило, отколку овие варијанти.

Тоа и мене не ми е јасно, ама тоа е. Нели знаеш, за вкусови не се дискутира. По нив се пљука.  ;D ;D ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #128 на: 17 Април 2015, 08:41:15 am »
Вожњата па макар и во град кога ќе ја споредиш со 508 вс 308 или Мондео/Фокус или Инсигнија/Астра е различна односно подобра во поголемиот автомобил. На некој му е ќејф да вози таква кола 80% во град со помалку опрема и солиден мотор. Перформансите не се ниту малку блиску на хеч со 1.4 бензинец мотор, да не се лажеме повторно. Секој си има свои сфаќања и потреби и секој избор има свои предности и недостатоци.

Исто како што вика луки со се построгите норми од страна на ЕУ. Се тоа си има предности и недостатоци. Јас како потрошувач купувам помал мотор но добивам поефикасен автомобил, помалку загадува но од друга страна добивам автомобили што се се повеќе слични и оној звук кој што атмосферски бензинец неможе да се долови во турбо бензинец на пример. Сепак има доволно слобода во изборот. 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #129 на: 17 Април 2015, 08:41:35 am »
Мене само не ми е јасно зошто било кој би дал толку многу пари, за толкаво ауто, а со перформанси блиски на хеч со 1.4 бензинец мотор. Настрана убедувањата што може што не може основниот мотор во понудата. Зарем е толку битно колата да биде „на метро?“ И ако е, тогаш пак ќе кажам, има 4 вратни верзии од хечови, кои за тие пари може да ги напукаш и со опрема и со мотор и да претставува 5 пати поголемо ужување возењето на такво возило, отколку овие варијанти.
Simo ti edno vreme vikase pogolemata klasa po avtomatizam nosi poveke oprema? :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #130 на: 17 Април 2015, 09:42:58 am »
Порано беше така, сега не знам како стојат работите, но веројатно по автоматизам поголемата класа носи повеќе опрема. Основното Мондео сигурно има повеќе опрема од основниот фокус.  Исто така сум кажал и дека пониска класа со повеќе опрема и подобар мотор е подобар избор за парите од повисока класа со основен мотор и опрема.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #131 на: 17 Април 2015, 09:46:23 am »
Мене само не ми е јасно зошто било кој би дал толку многу пари, за толкаво ауто, а со перформанси блиски на хеч со 1.4 бензинец мотор. Настрана убедувањата што може што не може основниот мотор во понудата. Зарем е толку битно колата да биде „на метро?“ И ако е, тогаш пак ќе кажам, има 4 вратни верзии од хечови, кои за тие пари може да ги напукаш и со опрема и со мотор и да претставува 5 пати поголемо ужување возењето на такво возило, отколку овие варијанти.

Тоа и мене не ми е јасно, ама тоа е. Нели знаеш, за вкусови не се дискутира. По нив се пљука.  ;D ;D ;D ;D

Ако е единствено фамилијарно авто и има потреба за поголемо не гледам зошто би размислувал за хеч.
Доколку во моментов јас би земал возило би пристапил на истиот начин. Хеч не ни погледнувам. Од потреба, не од што многу би сакал да се возам во поголема кола.
Единствено годишната километража може да пресуди дали ќе биде бензин или дизел.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #132 на: 17 Април 2015, 11:47:26 am »
За почеток по default повисоката класа носи прво повеќе опрема уште од entry моделот. На пр. entry модел на 308-ца или Астра се посиромашни од 508 или Инсигнија. Второ квалитетот на изработката а посебно вградените матерјали во двете различни класи не се за споредба.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #133 на: 17 Април 2015, 12:56:45 pm »
Коментар на Зеро во врска тестот со Волво В40 Д2 кој што го има истиов овој 1.6 115 коња мотор и пази, е за 75 кг потежок од Пежо 508.

Цитат
Нашиот тестен модел дојде опремен со 1.6-литарски турбодизел агрегат со 115 коњски сили кој ја носи ознаката D2. Покрај овие 115 коњски сили, D2 агрегатот нуди и околу 270 Nm вртежен момент, а тоа го прави движењето со овој автомобил прилично лесно и пријатно

И после не бил доволен за во град за нормално возење, папучата за гас до под итн. или на отворено нема да тргнел  :)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #134 на: 17 Април 2015, 13:05:13 pm »
а бе доволно е 115 кс ама 150 е подоволно