Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 54127 пати)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #60 на: 04 Април 2015, 21:21:48 pm »
И бре мераклија, свака част. Јас па планирав утре една бања да се удри и патем една дружба да извадиме.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #61 на: 04 Април 2015, 21:44:13 pm »
Фала, фала...
За дружба, кажи време и место, идам утре!

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #62 на: 14 Април 2015, 20:18:13 pm »
Се затоплува времето, пролет иде, а, Бога ми и лето...
И пак ми се враќа една идеја... Платнен кров од Твинго!
Губам оригиналност, добивам fun effect, но и практичност кога е топло...
Од друга страна, монтажата која сама по себе не е проблем, може да доведе до тоа да протекува... Кровот е од друга кола... А ако се сече кровот назад нема, т.е. има ама ќе е комплицирано...
Сум гледал по француски форуми го имат тоа изведено на 5. Убаво изгледа.
Се двоумам ептен. Ум некој да даде?
И... има ли некаде таков кров? Што пари оди?

Отсутен kRuMM4eZzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #63 на: 15 Април 2015, 23:24:35 pm »

хмм незнам за идеава баш немам читано дали пасува или не, али кај мене фабричкото крофче беше испокинато и одлепено целото а и од сонце сунгерот беше како изгорен.... па затоа го истругав со шпакла стариот му залепив на основата нов и врз целото тоа со многу мака залепив платно и целото тоа го залепив за кровот односно лимот пошто крофчето е на лепење а не на жици како кај 80% од постариве коли... не изгледа нешто многу професионално но добро е :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #64 на: 15 Април 2015, 23:48:42 pm »
Станува збор за оној кров од Твинго што се отвара :)
Евентуално да сечам лимот на кровот, да се отвара...
А сигурно пасува, порано гледав по некои француски форуми сечени 5-ки, хехе
Кај оваа оригинал тапацирот на кровот освен што беше нечист ептен беше, и сеуште е сосема здрав. Дури чудно за кола со нејзина историја...

Отсутен kRuMM4eZzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #65 на: 15 Април 2015, 23:54:23 pm »
Станува збор за оној кров од Твинго што се отвара :)
Евентуално да сечам лимот на кровот, да се отвара...
А сигурно пасува, порано гледав по некои француски форуми сечени 5-ки, хехе
Кај оваа оригинал тапацирот на кровот освен што беше нечист ептен беше, и сеуште е сосема здрав. Дури чудно за кола со нејзина историја...

и јас имав низ гаража едно сончево кровче го планирав да го ставам незнам од што беше извадено но увидов дека неможе да се упасира па баталив а сега од твинго не сум сигурен но ако се потрудиш би требало да успее :D

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #66 на: 15 Април 2015, 23:56:03 pm »
iseci go krovot od tvingoto i upasiraj go na tvojot krov. bar taka sakav jas na golfot da pravam :) jas te poddrzuvam za ideata :)

http://motoburg.com/images/volkswagen-golf-1500-mk1-06.jpg

edit: eve edno proektce so krovot
http://forums.vwvortex.com/showthread.php?5332014-Jetta-MK-III-quot-Open-Air-quot-aka-canvas-roof-install-DIY

« Последно менување: 16 Април 2015, 00:02:37 am darko mk5 »

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #67 на: 16 Април 2015, 00:03:44 am »
Не можам да го најдам линкот сега, типот беше ставил таков кров од твинго на 5-ка со 3 врати.
Убаво беше легнато на колата, почнуваше некаде на околу 3-5 цм зад антената, завршуваше на 10 цм отприлика од крајот на кровот и од страните имаше добри 10 цм останато место.
Интересно ми беше што одвнатре пластиките на твинговиот кров легнаа на 5-ката убаво,со минимални преправки го покриваат кровот цел одвнатре, не останува гол лим како што е сега.
Не сум мерел, ама мислам дека кровот на 5-ка со 3 врати би требало да е 5-6 цм пократок од оној на 5-ка со 5 врати, бидејќи меѓуосовинското растојание на 5-вратното е за 6 цм подолго од 3-вратното...
@darko mk5 да, тоа е кровот, тоа и ми е замислата :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #68 на: 16 Април 2015, 09:05:05 am »
iseci go krovot od tvingoto i upasiraj go na tvojot krov. bar taka sakav jas na golfot da pravam :) jas te poddrzuvam za ideata :)

http://motoburg.com/images/volkswagen-golf-1500-mk1-06.jpg

edit: eve edno proektce so krovot
http://forums.vwvortex.com/showthread.php?5332014-Jetta-MK-III-quot-Open-Air-quot-aka-canvas-roof-install-DIY

Леле колку добра финта е ова. Си требал да го напраиш полу-кабрио Голфчето!

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #69 на: 16 Април 2015, 09:31:18 am »
Идеата е супер, само да не те заглави негде на пола пат изведбата.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #70 на: 16 Април 2015, 12:57:39 pm »
Јас гласам за стаклената варијанта на панорамскиот кров - ако веќе се нафаќаш на ваков проект.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #71 на: 16 Април 2015, 13:01:11 pm »
За стаклена треба и доста појачана каросерија, ќе пука на секое подскокнување. Не е така едноставно.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #72 на: 16 Април 2015, 13:17:09 pm »
А да си купиш уште една 5ка само со 3 врати ? И таа да ја средуваш, жално е оваа да ја сечиш изгледа како сега да е извадена од салон :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #73 на: 16 Април 2015, 13:31:32 pm »
Ete ja mojata ionaka e celosno za sreduvanje mozi komotno da seci da lepi da krpi... ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #74 на: 16 Април 2015, 18:53:43 pm »
@cuoresportivo159 ако се прави, ќе се прави како што треба. За стаклениот би немал проблем, конструкцијата на кровот е таква да по рабовите е со дупли лимови, т.е. по цела должина и широчина е појачана, а таму кајшто би се сечел кровот е само обичен лим, без никакви носечки профили... Стаклен носи и Твинго, на иста шасија како и она со платнен кров, но и со стандардно лимен.
@МулевР: Оваа е далеку од салонски примерок, јас би рекол само дека е солидно средена, технички потполно исправна, визуелно средена и и се познаваат годините и километрите :) Но, морам да признаам дека колку сум за тоа да сечам, толку сум и против. Убаво е да е оригинал, но секој сака и малце персоналност :) Башка, и да купам друга, таков сум... и таа би ја донел во состојба како оваа... Перфекционизам... претерувам малце, ама таков сум...
@MecheTo: И тебе ти давам идеја,нели? :)