Реков сет ламела, реков полуосовини...
Кога ставивме нова сајла на куплунгот, функционира перфектно... Сајлата се кинела полека, затоа бил тврд. Засега толку по тоа прашање.
Полуосовините кои ги набавив се од 1,4 мотор. Не се баш исти со оние кај 1,1, ама може да се напасуваат, со мали преправки. Исчистени, подмачкани и чекаат. Шољата мајсторот ја среди, и останаа оригиналните полуосовини и сега нема проблем.
Оние од 1,4 имаат предност што за разлика од оригиналните се расклопиви, т.е. може да се менува зглоб.
Спомнав граничници. Еве ги, испрани и подмачкани:

Само три се бидејќи на колата од која се земени толку беа здрави. Ако се здрави, со рака неможе да се движи долгиот дел, или ако се на кола, треба вратата да оди тешко и да застанува во две позиции без да се клати онака... За овие лесни врати, посебно важно е да се овие здрави, бидејќи добиваат некако на масивност, и овозможуваат поубаво затварање.
Кај мене на задна лева беше здрав и истиот остана, предна лева скоро мртов, задна десна скроз мртов и предна десна скоро мртов... Вратите не стоеја отворени...
Најпрвин е потребно да се отворат вратите... Одат надвор тапацири, рачки за прозори и сл.
Потоа се избива осигурачот од стубот каде се закачува напред:

Кај некои возила и тука е на шраф, исто како на вратата. Потоа се отшрафуваод вратата, и едноставно излегува надвор, т.е. си го земаш од внатрешната страна на вратата.
Монтажата на новото оди по обратен редослед. Се шрафи на вратата, па се набива осигурачот и се враќа гумената заштита. Се враќа назад тапацир и сл.

Сега се функционира беспрекорно. Пожелно е кога е отворена врата, дасе подмачкат сите механизми внатре. Не со грес, туку или машинско уље, или ВД-40. Јас користев ВД-40.
За крај - бањање!

