Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 54126 пати)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #75 на: 16 Април 2015, 19:31:22 pm »
Ne be druze jas nemam smeneto osnovni raboti a kamoli da go doteruvam.Toa segaa e dovedeno vo katastrofalna sostojba pa ako ne zemam druga kola ke go sredam toa neophodnoto kolku da se vozi poso toa mie vozilo za se. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #76 на: 19 Април 2015, 22:35:25 pm »
Денес недела, ден за проверки по колите, уље, вода, ситници...

Потрошила околу 700-800 мл уље за некои 1000 км отприлика. Се ближи накај 200000 км, ќе треба отварање и менување карики. Планот ми е да се случи тоа наредното лето, а ништо чудно и побрзо.
Главата е средена пред едно 20000 км, тука не очекувам изненадувања, ланец исто така пред 20000 е менуван...
Колата еднаш е прегреана, пред да дојде кај нас, и мислам дека тоа е причината на здрава глава што трши уље, а и 195000 км. не се малку за ова возило.
Планирам да се отвори моторот, менување карики ако клиповите и хилзните се ОК, ако не се, тогаш менување се комплет,  летечи, лежечи... друго не би требало да има проблем, но сепак, ќе се провери.
Вчера добив подарок :)



Е сега, некој да ми каже како најубаво да го исчистам подарокот одвнатре. Ме мрзеше денес да работам по него било што, само го измив убаво однадвор. Треба да го средам и да го складирам.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #77 на: 20 Април 2015, 09:12:58 am »
Земљак ќе ставиш бензин внатре и мучкај едно 3-4 минути, ќе го направеш стакло :D

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #78 на: 20 Април 2015, 11:13:05 am »
А пробај и со ситен песок и вода, клачкај некоја минута стакло ке дојди. :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #79 на: 20 Април 2015, 20:31:41 pm »
Бензин и ситен песок и кламај додека не падне се :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #80 на: 20 Април 2015, 20:51:34 pm »
Благодарам на сите за советите!
Деновиве ќе пробам па ќе пишам што сум направил.
Инаку, сопругата денес пријави дека не функционирало тоа за чистење на стаклото, прскалките...
Ја средив работата за 5 минути. Слаб контакт на моторчето. Зачистив конекторот и клемите на моторчето, малце контакт спреј и работи прекрасно.
Истата процедура, кога веќе сум таму, ја направив и со моторчето за задното стакло.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #81 на: 20 Април 2015, 22:41:27 pm »
Druze daj da ti go dam na moeto sredi go. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #82 на: 20 Април 2015, 23:03:10 pm »
 ;D ;D ;D
Напамет ја научив колата веќе...
Што, каде, како...
И... многу ме нервира ако нешто не е во ред.
Така да... големи се шансите да го средам

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #83 на: 22 Април 2015, 23:08:18 pm »
Случајно налетав на ова:


Еве како го рекламирале баш овој модел пред едно добри 26 години  ;)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #84 на: 25 Април 2015, 21:42:36 pm »
Пробав да го исчистам тоа за вода со песок, немав бензин дома, и го добив ова:



Наслагите се исчистени, ама остана целото некако жолтеникаво, црвеникаво... а би требало да е бело... Некоја хемикалија ќе помогне ли?

И, перење со некој Сонакс...




Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #85 на: 26 Април 2015, 08:52:56 am »
И тебе те заебал дождот. :)
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #86 на: 26 Април 2015, 09:47:30 am »
Правило е да заврне дожд кога дома перам коли!

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #87 на: 11 Мај 2015, 22:12:37 pm »
Требаше ова да биде пост за убаво... Арно ама, пишувам со горчлив вкус во устата... А тргна убаво...
Денес, после четири години и некој ден откако возилото е кај нас, решив конечно, собрав храброст, да вадам шалт таблата и да го средам парното и плус некои ситници кои би се средиле кога се е отворено.
Воедно, ова е последниот дел од колата кој за овие години не е отворен, претресен, среден, поправен, вратен во функција...
Со тоа, заокружен е проектот...

Да почнам: Пред едно 15 години, менувана е шофершајбната, и, тогаш е вадена таблата не баш најстручно и оштетени се некои носачи на таблата, цела се тресеше, како и местата каде се фиксирани сајлите на парното. Еднаш провизорно го средував тоа, и сега дојде ред да се среди како што треба. Директна причина е тоа што клапната за топло/ладно не се отвара/затвара до крај. Исто, се гледа од сликите дека таблата на едната страна лежи подолу,а на другата стои како што треба:



И,правилно:



Ова го работев сам, но кај мајстор, поради тоа што сам немав храброст, но и достапност на разни алати, совети и помош :) Расклопувањето мина без проблем и брзо, сепак проучував по интернет што и како треба :)



И, кутијата од парното е надвор!



Проблемот е што осовинката е напукната и врти во место, па тоа е поправено на начин штосе заварени два шрафа со главите еден на друг, холшрафот влегува во осовинката, другиот со навој е засечен и е зацврстен на прифатот на сајлата и сега тоа работи како што треба:



Кутијата од парното е исчистена, клапните за топло-ладно и насока наштелувани убаво, вентилаторот подмачкан и сето тоа функционира прекрасно!

И, следеше склопувањето...  внимавав на детали околу закачувањето на таблата, да е убаво наместена да не тресе, изработи мајсторот некакви носачи место оние скршените... И се беше супер, а идиотот, т.е. јас, не приметив дека еден сноп жици некако ми се замотал околу долниот дел на стубот од воланот! А мислев да викнам по мајсторот да провери се... но, не викнав...
И, бидејќи не ја обележав позицијата на воланот, мајсторот ми вика оди пробај за да наштелуваме воланот... И, тргнувам, вртам десно, нешто како да ми пука, се крши.... си викам што сум заебал у пм, и колата изгаси после едно 300 метри, моторчето за миење на задното стакло и брисачот работат, и бел чад излегува од таблата пропратено со смрдеа....
Веднаш отворив хауба и ја извадив клемата. Ја истуркавме назад и мајсторот веднаш го пронајде виновникот :) Оштетени се 6 жици од снопот, краток спој... и плус жицата од акумулаторот до бравата само во делот од спојот. Ваљда благодарение на брзата реакција, штетата е минимална...

Утре мајсторот ќе ја среди, и школо за друг пат... и горчлив вкус во устата. Сам сум си крив.



Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #88 на: 11 Мај 2015, 22:44:18 pm »
Ќе се среди не се секирај :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #89 на: 11 Мај 2015, 23:04:07 pm »
Не се секирам, изнервиран сум дека се зезнав на најобична проверка од 5-10 мин. а се направив сам, освен клапната и носачи едни за таблата, со мерак и онака како што треба и ќе изгореше колата од невнимание.
Малку е штетата, лесно поправлива, не е страшно ама - нервира и разочарува.