Автор Тема: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)  (Прочитано 61015 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #255 на: 31 Мај 2019, 18:01:17 pm »
Вчера после точно 7 години рикна Фордовиот акумулатор. Своето си го одработи и поише од тоа...

Денеска купен од кај @nidzzo  Duracell. Со среќа :)





Прво пали па вергла ;D

Again on the road  8)
« Последно менување: 31 Мај 2019, 18:06:51 pm Allexxander »

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #256 на: 13 Јуни 2019, 19:23:29 pm »
Чисто онака да се знае да се види, затоа што некаде по темите ме прашуваа како се држи, поминаа 2 ипол години откако го направив воланот кај Пане, немав и до ден денес немам никаква замерка околу изработката. Но веќе почна да покажува и да се шири брзо. Јебига, јас знаев дека за тие пари не можам да очекувам некое квалитетно парче... Мислам дека ист е случајот и кај другите што тапацираат околу таа сума и искрено се надевам дека оние што земаат дупло барем траат најмалце дупло. Перфорираната од страните е во добра состојба, ама мазната и таму и на некои други така покористени местенца да речам има покажано.



Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #257 на: 13 Јуни 2019, 19:34:41 pm »
Ако ти е за утеха сум видел таква состојба на  кожни волани и на 5-6 години стари коли.

На југото имав купено спорцки :) кожен волан кој стана таков по 4 години, меѓу поскапите беше, кој се сеќава што марка беше :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #258 на: 13 Јуни 2019, 23:17:35 pm »
Чисто онака да се знае да се види, затоа што некаде по темите ме прашуваа како се држи, поминаа 2 ипол години откако го направив воланот кај Пане, немав и до ден денес немам никаква замерка околу изработката. Но веќе почна да покажува и да се шири брзо. Јебига, јас знаев дека за тие пари не можам да очекувам некое квалитетно парче... Мислам дека ист е случајот и кај другите што тапацираат околу таа сума и искрено се надевам дека оние што земаат дупло барем траат најмалце дупло. Перфорираната од страните е во добра состојба, ама мазната и таму и на некои други така покористени местенца да речам има покажано.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Како ја одржуваше кожата?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #259 на: 18 Јуни 2019, 19:55:47 pm »
Со ништо речиси, знаев од време на време да го забришам со оние марамчиња за кожа. Ама пак не смее толку брзо да се излиже јас мислам, рачунај дека ова не е наеднаш, тој и лани си покажа.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #260 на: 18 Јуни 2019, 20:34:10 pm »
Те разбирам.

Ама, миииислам дека би го продолжил векот со некое поквалитетно средство за кожа.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #261 на: 20 Јули 2019, 11:53:28 am »
Денеска после 11к од минатиот, редовен сервис, да ја освежиме малце.



- Масло Formula F 5-30
- Филтер за масло
- Филтер за воздух
- Филтер за полен

= 3915 ден.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #262 на: 22 Март 2024, 22:06:56 pm »
Поздрав друштво, не сум активен но читам повремено, Фиестата да ја пријавам за жива,  се вози сеуште за жал или за среќа. Претежно градска па километража не се набива многу. Пред неколку дена после 7ипол години од претходната замена променето е ребраст ремен, затегач, водна пумпа( фабричката), пк за серво, пк за алтернатор и антифриз комплет… Ова е втор пат во 100к км промена пумпата фабричка имаше протекување и звук при работа на моторот во место па ја сменивме. Останатото е се во ред.






Делови се набавени од Prcot благодарност до него.

Ina-Сет ребраст со затегач
Metelli- Водна пумпа
Continental Elast- Линиски ремени
Работна рака- 4000 ден.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #263 на: 22 Март 2024, 22:19:23 pm »
Искрено не гледам зошто викаш "за жал", бидејќи за кумашинот најдов ваква црна Фиеста, 1.4 бензин, 2007 година на крај, 180.000 поминати и сервисирана во овластен... Колата е стварно идеална за возење, експлоатирање и патување во граници на државава (па ако дојде зорт и подалеку).

Јас ја пробував кога ја купуваше зошто најнова кола што возел задње време беше Астра од 92 година, и многу пријатно бев изненаден од колку живо се осеќа низ сообраќај - доволно сила за тежината, доволно забавна за да не ти скурчи :)

Да те служи убаво до моментот додека не и најдеш замена, после тоа нека и бере гајле некој друг :)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #264 на: 23 Март 2024, 06:25:48 am »
Наздравје сервис, да и се изнавозиш.


Sent from my iPhone using Tapatalk