Благодарам Влатко, ќе размислам за другиот
Денес пристгна издувот од грана до крај. Средниот и задниот лонец се од Македонија, додека цевката од граната беше практично невозможно да се пронајде, а и она што го најдов беше со сомнителен квалитет, а небулозна цена, па заедно со сетот за монтажа се порачани од Германија.
И, со ова, има се како во техничката книга што се однесува до издувот.
Деновиве треба да се монтира, и со тоа е средено буквално се во оригинал, како што треба.
Со издувот приказната е следна:
Како и се на ова возило, така и издувот беше прикрпуван, палијативно поправан и сл. Колата кога стигна кај нас беше премногу бучна, како однадвор, така и одвнатре... И, бидејќи премногу пари дадов во тој момент за други работи кои ми беа битни, решив издувот да го средам за ептен мали пари кај некој мајстор, а се тоа да резултира со некаква поднослива бучава, па понатаму да се прави она што конечно го правам. И, така поминаа скоро четири години... Оти стварно не брчеше многу
Крив сум, признавам
Но, да почнам со ред. Причина за неподносливата бучава беше тоа што цевката која се закачува на граната беше скроз изгорена горе, практично голем дел од гасовите од граната директно надвор одеа. Она што остануваше внатре не ни стигнуваше до крај, туку излегуваше низ многубројните дупки на цевката меѓу средниот и задниот лонец, и на самиот заден лонец.
Тоа не е се... Целиот издув наместо на гумените држачи беше закачен за колата со некои жици, телчиња...и како капак на се, во некој момент, некој сметал дека е попаметен од инженерите во Биланкур, па брезоните на граната на која со федери се држи првата цевка ги заменил со завртки и навртки, без федери и оној елементот меѓу цевката и граната, како прстен, кој служи како изолација, но и пригушувач на вибрациите.
Сето тоа резултираше со разлабавување на цевката и неподнослива бучава. Стегите со кои се припасуваат елементите еден на друг, не постојат, се е заварено.
Средниот лонец е од богзнае што припасан некако да стои таму, убаво исчукан да не удара на шалтерот... Исто како и задниот е шуплив.
Поправката во 2011 се состоеше во тоа да се стави наместо дел од предна цевка мека врска (плетено црево или како се вика?) со цел да преземе вибрации и да не се разлабавува цевката.Подоцна на отпад најдов федери од Рено 21 кои се исти, и кога се репарираше главата, се вратија брезоните на главата и тој дел сега е онака како што треба да биде.
Се замени делот од цевката што беше изгорен, и добив пристојна бучава внатре, и за нијанса погласна надвор, пред се, поради шупливите лонци.
Бидејќи оние кои заварувале не воделе никогаш сметка за падот на цевките, резултатот е дека задниот лонец е превисоко, неможе да се стават оригиналните гумени носачи (во моментот служат да не удира издувот на колата, поставени некако како тампон меѓу колата и цевките и задниот лонец.
Инаку, цевките кои се моментално на колата не се во оригинал пречник, 45 мм... со тек на времето, наварувал кој како стигне и што најде, и се движи пречникот од 40-44 мм мерено однадвор.
Деновиве конечно се ќе си легне како што треба