Фала Деки, не е толку перфектно, има ситни недостатоци, ама пристојно е. Се ќе се среди со тек на време.
Приказната е вака:
Колата е кај мене од 2011 година. Беше семејна кола на семејството на сопругата... Беше тотално запуштена, служела за макнење разни товари, одење по лозја, овоштарници, превоз од точка А до точка Б и сл. со скоро никакво одржување.
Каросериски изненадувачки здрава. Гнило имаше под десниот фар, и зад десното тркало на поткрилото. Другото здраво, лимарот беше дури изненаден.
Сликите оттогаш се некаде изгубени, ама дефинитивно ужас. Имаше фарбани браници во боја на каросеријата, предниот напукнат, некогаш чукната хауба забетонирана во кит кој беше испукан, а башка, ја пробил бојата. Фарбањето беше неминовно. Најдов една слика од тогаш, со средени бандажи:
Се гледа матирана боја, средени бандажи:) и хауба со кит.
Примарно беше да се среди колата да биде технички исправна и да може секојдневно да се вози безбедно.
Тоа значи:
Комплетно нов преден трап.
Нови амортизери.
Нови дискови, плочки и гуртни.
Нови гуми.
Средена електрика. Сега работи се.
Репарирана глава со нови вентили, водилки, испитана и порамната.
Нов сет дихтунзи и семеринзи за цел мотор.
Нов ланец.
Нова водна пумпа.
Нова платинка со кондензатор, разводна капа, палец и кабли.
Имаше ИПМ карбуратор од 101, па најдов Зенит 32 ИФ2 кој оригинално оди на ова возило.
Се разбира, моторот беше исчистен одвнатре.
Се работи за мотор од 1108 кубици од серијата Cleon, која ја има кај многу возила Рено до 60-тите до 90-тите во повеќе кубикажи и моќност. Овој е 34 киловата. Има поминато 193000 км, и сеуште е одличен. Троши масло отприлика 700-800 милилитри на 5000 км.
Тоа е отприлика што се однесува до механичкиот дел.