Но, кога додаваш текст, или одземаш текст, тоа е суштинско менување.
Не нужно.
Суштинско менување е кога се менува суштината на кажаното.
Суштинско менување е кога ставот искажан во пораката е сменет, т.е. не е веќе истиот став.
Суштинско менување е кога измената налага поинаков одговор од оној кој би бил кога пораката не би била сменета.
Такво менување во моите пораки нема. Зошто? Затоа што не правам суштински измени.
Замисли го овој хипотетски пар „пост-едитиран пост“
П: "наместо да возиш 160 на саат, треба да возиш 120 и да држиш растојание, кај на куров брзаш“
E: "наместо да воизш 160 на саат, треба да возиш 120, кочниците да ти се исправни и да држиш растојание, кај на куров брзаш“
Дали тука е додаден текст? Е. Дали тука има суштинска измена? Нема. Ставот не е сменет. Тој е. И соодветниот контрааргумент е истиот
Или овој пар:
П: "наместо да возиш 160 на саат, треба да возиш 120 и да држиш растојание, кај на куров брзаш“
E: "наместо да возиш 160 на саат, треба да возиш 120 и да држиш растојание“
Дали тука е одземен текст? Е. Дало тука има суштинска измена? Нема. Ставот не е сменет. Тој е. И соодветнот контрааргумент е истиот.
Зошто едитирањето да биде ограничено само на синтаксни и граматички грешки? Замисли во моментален наплив на гнев на форумџијата му пишеш нешто неубо, ама за секунда-две се созимаш, ти станува криво, и го бришеш неубавиот дел. Што е тука проблемот? Па тоа заслужува пофалба, а не глупи обвинувања за - пази молимте - суштински измени.
Едитирањето треба да биде ограничено на само еден начин: да нема суштински измени, измени кои ќе ја променат смислата на кажаното.