Баш запримети се ти колку возиш на Тетово-Гостивар, и тие околу тебе и веднаш ќе сфатиш. Не е 160кмч. Околу 110кмч е, 120 максимум може евентуално. Еве јас велам дека 110кмч возам најчесто во колона меѓу други коли. Освен кога се брзам или сум со некоја спортска кола. А ти? 80 возиш или 110? Еве просто прашање.
Тетово - Гостивар последниве 5 до 7 години го возам најчесто со службено возило. Службеното возило има ограничување. Казната за мене на возило кое има ограничување не е 300 евра него е малку повисока, околу 500.
Да не се правам паметен најчесто возам од 80 до 90, евентуално ако треба да претекнам камион до 110, и после симнувам на 80.
Не сум доволно богат за да плаќам казна од 500 евра.
Тоа е прва работа.
Втора работа е тоа што кога ја возам мојата кола, од НАВИКА, повторно возам по ограничување, односно во глава ми е врежано нешто дека може некој да ми земе летен одмор затоа што ми е тешка ногата.
И кога одам некаде фамилијарно, возам нормално и со брзини пропишани на патот. Прво ради тоа што возам мало дете и сметам дека најбезбедно патување е она кое е пропишано со патната сигнализација.
Второ многу често патувам по македонијава и горе доле ја знам состојбата со дупки, длапки, испакнатини и слично.
И последната работа е тоа што последен пат, повторно со службеното возило, носев пакети, не тешки, но малку специфични, па морав да возам и повнимателно.
Потрошувачката ја намалив за 1,2 литри по борд, односно просечна потрошувачка од Скопје до Струга и назад ми беше 4,5 литра. Возено по знаци.
Благодарам

п.с. Инаку не викам дека кога сум празен не знам да ја залетам колата, по автопат, но никогаш на Тетово - Гостивар, или Скопје - Тетово.
Накај Битола, на правецот кој погоре го наведов, да, но таму има огромна прегледност, патот е широк, релативно добар и тоа е делница од километар, два. Толку.