Автор Тема: Дискусија за дискутирањето  (Прочитано 50264 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #105 на: 04 Февруари 2015, 10:00:00 am »
Конечно, како ќе знаеме дали измената била суштинска или граматичка ако немаме увид во историјата на постот? Ќе нагаѓаме врз база на предрасуди?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43943
  • Il Moderatore
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #106 на: 04 Февруари 2015, 10:07:56 am »
Замисли се пред аудиториум во некоја конференциска сала,  каде секоја реченица се важи. Дури и ако кажеш „Не, не. Чекај ќе преформулирам“, луѓето веќе го слушнале она што си го кажал. Исто е и овде. Се што си кажал/напишал, веројатно некој ќе го прочита. Можеби некогаш и ќе проба да го пребара за референца, дури и да нема одговор на кажаното.

Во втората ситуација, не го негува својот гнев, туку почнува да го билда од нула, претходно не бил гневен, само одговорил. Сега му се билда гнев затоа што неговиот одговор е бесмислен, а претхоно имал поента.

Конечно, како ќе знаеме дали измената била суштинска или граматичка ако немаме увид во историјата на постот? Ќе нагаѓаме врз база на предрасуди?

Не е битно, кога одговарам, одговарам на последниот едит. Не мора да знам што си пишал претходно. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #107 на: 04 Февруари 2015, 10:33:00 am »
Замисли се пред аудиториум во некоја конференциска сала,  каде секоја реченица се важи. Дури и ако кажеш „Не, не. Чекај ќе преформулирам“, луѓето веќе го слушнале она што си го кажал.

Но, истото важи и за граматичките грешки, па на електронски форум имаме можност да ги поправиме.

Не е битно, кога одговарам, одговарам на последниот едит. Не мора да знам што си пишал претходно.  

Е како бе „не е битно“?! За да обвиниш некого за злонамерно суштинско менување на пораките мораш да знаеш што пишал претходно. Ако  знаеш - приложуваш доказ. Ако не знаеш - се гризеш за јазик и продолжуваш да дискутираш со она што го имаш.

Конечно, нели форумот дозволува едно извесно врме да се смени пораката? АКО измените смеат да бидат само јазички и граматички - зошто временското ограничување? Ако поправам голтната буква, можам тоа и после 2 месеци да го направам, зошто да не? АКО измените можат да бидат и поинакви - зошто да не се почека да измине временското ограничување пред да се одговори?

Вака, со дозволено менување само на јазички грешки, а истовремено временски ограничено, нема апсолутно никаква смисла.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #108 на: 04 Февруари 2015, 10:34:57 am »
vreme za izmena bez zapis da e 15sekundi i ajt. I volkot sit i vmro.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #109 на: 04 Февруари 2015, 10:38:43 am »
хм, интересна дискусија се развила околу ова со кочнициве и кочењето.
Него да не цитирам постови и постови.
Само сакам да прашам нешто.
Еве @zeroSignal на пример.
Ти во двата случаи кои ги кажа беше напред, и беше побрз, и беше посигурен во твоето возило, бидејќи позади тебе возела некоја скапаница.
А дали разгледа ситуација во која ти би се нашол во ситуација на "скапаница" односно во ситуација кога ти ке бидеш позади некоја (сега лупам) Ѕ класа мерцедес или лексус, и он ти закочи за 50 метра, а ти му се набиеш со голфот до задно седиште, па ги повредиш и неговото куче, и неговата фамилија, а згора на тоа и му го сјебеш дисплејот од таблетот?

Дали и во овој случај твојата кола е скапаница и треба да оди на преса, и покрај тоа што кочи и има поминато технички?
Дали си се запрашал дали си ја прилагодил брзината според условите и ограничувањата на патот, односно не возиш побрзо од пропишаното а со самото тоа освен што ги загрозуваш останатите учесници во сообраќајот, си играш и со својот?

:)
Благодарам на одговорот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #110 на: 04 Февруари 2015, 10:39:21 am »
vreme za izmena bez zapis da e 15sekundi i ajt. I volkot sit i vmro.

1 минута.

15 секунди е прекратко за што било. А секој може да се стрпи 1 минуда пред да реплицира.

Најидеално би било да има едит хистори, ама ете...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43943
  • Il Moderatore
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #111 на: 04 Февруари 2015, 10:47:04 am »
@Filipv, Никој (од релевантниве соговорници) не обвинил никого за зла намера при менување. За жал, ако во доволно краток рок промениш порака( 4-5 минути мислам), нема тајмстемп за промената, баш заради тајпос и слични грешки. За жал не може секогаш да се докаже, па ако кажеш „не сум сменил“ никој не ти може ништо.  Но од луѓе кои смениле а викаат дека не смениле, па и не очекуваш многу конструктивен муабет и не се потресуваш многу. Тераш даље.

Уште еднаш, секако дека е дозволена промена, се` дур некој директно некој не ти одговорил на постот пред промената. Нема зошто да не биде. Кога ќе притиснеш „измени“ под текстот може да видиш дали некој одговорил или не. Едноставно е.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29804
    • CARclub.mk
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #112 на: 04 Февруари 2015, 10:48:27 am »
хм, интересна дискусија се развила околу ова со кочнициве и кочењето.
Него да не цитирам постови и постови.
Само сакам да прашам нешто.
Еве @zeroSignal на пример.
Ти во двата случаи кои ги кажа беше напред, и беше побрз, и беше посигурен во твоето возило, бидејќи позади тебе возела некоја скапаница.
А дали разгледа ситуација во која ти би се нашол во ситуација на "скапаница" односно во ситуација кога ти ке бидеш позади некоја (сега лупам) Ѕ класа мерцедес или лексус, и он ти закочи за 50 метра, а ти му се набиеш со голфот до задно седиште, па ги повредиш и неговото куче, и неговата фамилија, а згора на тоа и му го сјебеш дисплејот од таблетот?

Дали и во овој случај твојата кола е скапаница и треба да оди на преса, и покрај тоа што кочи и има поминато технички?
Дали си се запрашал дали си ја прилагодил брзината според условите и ограничувањата на патот, односно не возиш побрзо од пропишаното а со самото тоа освен што ги загрозуваш останатите учесници во сообраќајот, си играш и со својот?

:)
Благодарам на одговорот.

А замисли ограничувањата да се мрднати малце од пред 40 години, исто како што мрднала и технологијата? Еее, колку убав свет би било тоа..

Или вака..

Колку е подобра колата, толку побрзо нека смее да вози. Ја неам проблем со тоа. Ич неам проблем ако некој со S-Class ме пројде со 240. Или некој со McLaren со 300. Вејронче сло-бод-но нека ме претекне, внимателно секако, со 400. Ќе му се радувам и ќе му покажам дигнат палец додека ме прелетува.

Скалесто ограничување. Интересен концепт. Секако, тука игра улога строгиот технички преглед (нешто што се надевам дека еден ден ќе стане реалност во Македонија) и секако, некаква advanced обука за возење што треба да биде законски барана за возење возило со повеќе од Икс коњски сили, или уште подобро, за возило со повисок однос КС : Тежина.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7082
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #113 на: 04 Февруари 2015, 10:50:21 am »

ова се однесува на муабетите околу дискусиите кај дискусиите за дискусиите во дискусиите ....

« Последно менување: 04 Февруари 2015, 11:01:01 am AllMightyMe »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #114 на: 04 Февруари 2015, 11:01:43 am »
Ама така нема да му умре козата на комшијата, и се воведува разлика во брзини. Сегашното возење на возачите треба да се следи и да се заклучи со колку возат 85% од возачите. Откога ќе се увиди таа брзина на 85% од возачите во оптимални услови, може да се постави знак за дозволена максимална брзина на таа делница од следната заокружена бројка. На пример просечна брзина на Тетово-Гостивар е 110кмч. Најголем број од колите возат 110кмч. Имаат фора да возат и 130кмч без да се казнети според законот, но ете избрале 110 за некоја средна вредност. Полека, полека од година во година се зголемува тоа возење на возачите побрзо за по некој кмч секоја година.

Ако се соодветни знаците на патиштата, на пример 110 на тетово-гостивар, тогаш не е ни потребно законот да дозволува +50 на автопат да се вози. Може слободно да е +20кмч. Така ќе се збие брзината на возачите повеќе и ќе се покачи сигурноста.

Истовремено на Скопје-Тетово треба да се постави 130кмч знаци по целата должина. И истото важи, ако е правилен знакот немора да се дозволи +50, може +20. Само сега наместо да имаш 5% возачи кои возат 100 според знаци, и 85% возачи кои возат ~130кмч и 10% кои возат 140кмч ќе имаш збивање на таа крива во рангот 130кмч. Наместо тие 5% да загрозуваат сигурност на патиштата, ќе може и тие да возат нормално како и другите. Пак максимална дозволена ќе е 150кмч (130+20) како и досега со 100+50 само разликите на брзини ќе паднат драстично и сигурноста ќе рипне драстично.

Само малку логика е потребно, и напредно познавање на математика.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7082
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #115 на: 04 Февруари 2015, 11:14:10 am »
Само немој да го заборавиш наважниот момент кај просечниот македонски возач. Надвор може да истура, магла, лед, вознемјани, паднати астероиди, пингвини шетаат итн... а просечниот македонски возач да си рече „па ја ќе си возам 130 км/ч што има да намалувам, си знаат тие што го ставиле знакот...“

Е затоа имаме после вести.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #116 на: 04 Февруари 2015, 11:43:09 am »
@Filipv, Никој (од релевантниве соговорници) не обвинил никого за зла намера при менување.

Никој, освен ти експлицитно - во повеќе наврати - и зеро еднаш имплицитно.

Уште еднаш, секако дека е дозволена промена, се` дур некој директно некој не ти одговорил на постот пред промената. Нема зошто да не биде. Кога ќе притиснеш „измени“ под текстот може да видиш дали некој одговорил или не. Едноставно е.

Па јас кога притиснав „измени“ НЕ ми јави дека некој одговорил! Јас ја едитирав пораката ПРЕД зеро да стисне „испрати“! Точно тоа и ме боли.

Таман работа...

Нели му пишува на зеро кога ќе стисне „испрати“ дека сум ја едитирал пораката? Ако не му пишува - треба да му пишува!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #117 на: 04 Февруари 2015, 11:45:34 am »
Само малку логика е потребно, и напредно познавање на математика.

Дени, не живееш во Нов Зеланд, колку да те подсетам само. Разбуди се.

А замисли ограничувањата да се мрднати малце од пред 40 години, исто како што мрднала и технологијата? Еее, колку убав свет би било тоа..

Се согласувам, но за не повеќе од 10% или во глобала по 10 километри на час и тоа по автопатите. Во град и 60 е веќе на граница на прифатливо.
Сепак не ми одговори на прашањето како би се чувствувал во ситуацијата која што ти ја посочив, односно дали ке се смета дека твојата кола е скапаница и е за на преса ако го учукаш тој со Ѕ класата пред тебе на кочење?

Еве мал осврт околу логиката на Дени, која за Македонија мислам дека не важи:

Во Македонија, поточно ке го спомнам патот Скопје-Тетово, на кој Дени стави акцент, за ограничување, односно зголемување на ограничувањето. Да почнам од почеток, односно од излезот на Скопје:
1. Секој жител од околните села може кога сака, како сака и во било кое време да прерипа ограда (нема заштитна ограда или истата е скината, оштетена, украдена за оградување на кокошарник и слично).
- Дали Дени ке се осеќаш безбезно да возиш 130 на автопат каде што секој момент може да ти прескокне дете пред кола? Дали ке успееш да реагираш на 130? Истото важи и за 100-тка, но веројатноста за реакција од 130 до 100 е околу 200% . + Ноќе кога нема ни светло на клучките - осигурачите се извадени а каблите украдени и продадени во отпад заради бакарот.
2. На секој 500 метра има продавачи кои продаваат сезонско овошје, односно јагоди, лубеници, дињи итн итн. Дали мислиш дека додека јурњаш со 130 неможе некое дете да ти влезе под тркала?
3. Да не зборам за животни, во најдобар случај мачиња и кучиња, а имам често сретнато и овци, кози, крави и коњи кои галопираат небаре се на хиподром.
4. Длапки, дупки, крпеници? Највеќе ми е страв од дупки, кратери и длапки. Поготово кога ке заврне дожд па можеш да налеташ на воден клин...

Ако продолжам понатаму, ке испадне дека и овие прописи кои се дефинирани за тој пат се предозволени.
Значи не сакам да убијам некого и да го лежам затвор затоа што он е несовесен, туку сакам да си биде се ОК затоа што сметам дека јас сум совесен. А бидејќи ја знам ситуацијата во ова што се нарекува држава, мислам дека не сакам да лежам затвор заради Х фактори.
Инаку кога патиштата ке бидат безбедни, со заштитни огради, со мачкини окца каде што се знае кај е крајот и кај е почетокот односно широчината на патот, кога ке нема дупка на сред автопат за да искршам глава од ударот, кога ке нема длапка на 90 да ме исфрли како да сум скокнал од тротоар (после мостот и левата кривина кога се оди накај гевгелија после бензиската лукоил) или на враќање ист случај, прописна сигнализација и знаци на патот, тогаш ке бидам за зголемување на ограничувањето на брзината на патот.
Сите ризици ке бидат сведени на минимум. Сегашнава состојба е само една голема среќа да возиш со брзина поголема од пропишаната на нашите патишта.

И точно е @zeroSignal дека  ништо не се сменило од пред 40 години и покрај технологијата што отишла напред.
Разликата е тоа што пред 40 години се правеле квалитетни патишта кои не пропаѓале после првата година, разликата е тоа што никој не крадел заштитна ограда, или доколку истото се случело постоела служба која го санирала тоа во најкус можен рок, разликата е тоа што тогаш ивиците од патот биле прописно обележени со бели флуоресцентни ступчиња на кои имало мачкини окца итн итн...
п.с. Да не ја заборавам свеста на луѓето тоа време и ова сега!.

Се надевам дека сум барем 5% во право од 95% кои ти ги наведе за покачување на ограничувањето на брзината за управување на моторните возила.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43943
  • Il Moderatore
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #118 на: 04 Февруари 2015, 11:47:49 am »
@Filipv, Никој (од релевантниве соговорници) не обвинил никого за зла намера при менување.

Никој, освен ти експлицитно - во повеќе наврати - и зеро еднаш имплицитно.

Уште еднаш, секако дека е дозволена промена, се` дур некој директно некој не ти одговорил на постот пред промената. Нема зошто да не биде. Кога ќе притиснеш „измени“ под текстот може да видиш дали некој одговорил или не. Едноставно е.

Па јас кога притиснав „измени“ НЕ ми јави дека некој одговорил! Јас ја едитирав пораката ПРЕД зеро да стисне „испрати“! Точно тоа и ме боли.

Таман работа...

Нели му пишува на зеро кога ќе стисне „испрати“ дека сум ја едитирал пораката? Ако не му пишува - треба да му пишува!
Не му пишува. Треба да пишува, се согласувам. Порано поарно беше. Даунлодуваш пораки, одговрараш, аплоудваш пораки. Што е симнато - симнато е, што е качено - качено е :) Сега мора повеќе да се внимава кога се менува.


Едит: Баш ме интерсира каде тоа сум кажал дека злонамерно си променил порака?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #119 на: 04 Февруари 2015, 12:14:53 pm »
Во врска со ограничувањата. А што правиме што по овие автопати се движат доста товарни возила камиони што не смеат да возат повеке од 90 км/ч ? Со самото накачување на ограничувањата се зголемува разликата во однос на овие возила со кои ние би возеле по новите ограничувања.
Башка и убаво кажа сале, патиштата наши се очај. Тетово-Гостивар со онаа конструкција не смее да се рачуна како автопат, и треба патарината таму да се укине. Или да се фрлат пари, да се прошири од двете страни, да се додаде и лента за застанување и левата лента малку да се одалечи од тоа банкината бетонска во средина.