Автор Тема: Нема да може да се регистрираат автмобилите постари од 2000 година?  (Прочитано 28939 пати)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Ova e klasicno dupenje u zdrav mozok. @Marjan, neame site pari da kupime koli od salon. @Zero, nie sami sme si krivi za situacijata so tehnickite (iam drugar tamu so se sekiras, kje projde...)Mesto samite nie da barame da se izvrsi tehnicki nie gledame kkao da go zaebeme sistemot. Mene me boli toa sto nekoj odvoil od bedotijata za da go smeni skapaniot stoeden, ili ficho... i sea op... ni ficho ni golf... Dali kje se resi problemot ako ne mi dozvolat da go vozam golfot vo centar? NE! Dali kje se resi problemot so zagaduvanjeto NE! zatoa sto skopje e zatrueno od site strani, kolite se najmal problem. Go zagusija gradot so nepotrebni arhitektonski cirovi i gi isekoa site drva pa sea kolite ne gi bivalo...

Prasanjeto e dali treba da izlezeme i da barame da se zakrpat site ulici, da se poramnat site sahti, da go resat problemo so bojata na pesackite premini i da se vovedat razlicni modeli za registracija na vozila... Zosto ne dozvolat oldtajmer da se osigura kolku sto mu e realnata vrednost tuku mi go vrednuva kako skapanica? Koga kje go resat toa, nema problem, kje stavam katalizator, kje dozvolam da nosat zakoni za da se oddrzi ekologijata.

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Ја имаат опремата и ја користат, ама не е тоа правилен метод за мерење на емисија на CO2 и други штетни компоненти.
Си има цел таканаречен "Европски Циклус" (мислам така беше) според кој се испитува емисијата на штетни гасови и има строго пропишани циклуси на возење со пропишани брзини, застанувања, забрзувања и сл.

На технички ја бута сондата само додека колата е на лер гас и ја вади за 5 секунди, браво бе, ги заебавте светскиве испитни центри.
33:00 така се мери секаде.
Европски циклус е за друго.

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
мене најповеќе ме нервираат извозени дизели  што пуштаат црно ко оџак да е, плус ги оставаат да работат во место до бесвест (карактеристично за германските дизели, француските ги гасат)... а уште 80-тите градоначалниците на Солун, Лариса и Атина се договорија да се забрани користење дизел за приватни возила... кај нас посебен случај се таксистите со стари раскантани дизели... Би требало да се стимулира превоѓање на плин...Добро е и решението со ограничување на возење нееколошки возила во градски центри, посебно Скопје

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Дени,
Можда тоа беше за одобрување на некое возило пред да се пушти во продажба, не ме држи баш сеќавање. А за ова мерењево при лер гас не ми е ич веродостојно, можеби да споредат со фабрички параметри на истото возило, али пак ми е онака..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Нерегистрирани ќе ги возам, датибам фашистичката држава

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Јас сум за, зошто да не, мора да се регулира тоа и народот да се примора да купува еколошки возила или возила од поново годиште со поголема еуро норма. Сега на регистрација плаќаш исто како да возиш голф 1д (без навреда на оние што возат) иако си еуро 6, blue motion старт стоп, итн итн. тоа треба да се регулира за да тргнеме напред. Не мора да не им се дозволи да се возат, доста е да не движат низ центар, или доколку сакаат да движат да си платат дневна такса. Да се намалат давачките за увоз и за регистрација на еуро 5-6 возила и да им се дадат некои поволности, па кој што му одговара нека одбере и нека вози.
Интересно.... луѓето кои имаат убави коли одвеќе се заинтересирани за екологија и слични глупости како да е само избор во прашање. Оние кои возат Алеко и Голф 1 гледаат денот да го закрпат со другиот, а деновите до регистрација си ги бележиме ко војници. Тој што има пари за дневна такса или повисока регистрација, не вози голф 1.  Не е избор во прашање, братче... Многу ми е криво што размислуваш вака.

И да... јас се придружувам кон Екстрим...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
^^
Така е, уште МАРЈАН да предложеше и плативе едно 4 пати да се зголемат, и се ке беше супер и екологијата ке цветаше. Ама кој не преживува во месецот со вкупни 300 евра од двајца или тројца вработени во семејството, од кои 200 и кусур ти идат на јадење, останатите 100 евра за сметки, гориво, за геврек исушен сабајлето што ке го јадеш на работа, не знае и ке предлага еколошки мерки.
И ке не осудува зашто се грееме на дрва, а не на струја пошто живееме во град.

ЕДИТ: Заборавив, треба и за рата за кредит да одвоиш од тие 100 евра што ти остануваат.
« Последно менување: 10 Ноември 2014, 00:46:39 am FiLo »

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Јас појма немам како се мерат издувни гасови затоа што досега ниеднаш на регистрирање не ми мереле ни пак ми погледнале дали издувот ми е во ред дали имам или немам катализатор(а немам).
По нашиве технички се гледа само да се регистрираат шо повеќе возила, а дали се исправни или не тоа е најмалку битно.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Само погледни ги сликиве што прееска ги постирав. Летоска, 14 јули во 5 часот наутро. Сигурно е од нашиве коли постари од 2000-та година затоа што сме фраери и треба такса да плакаме за да возиме во центар оти се правиме паметни и не купуваме современи коли.

Случајно нокеска ги разгледував сликите во телефон што сум сликал и налетав на следниве 2 слики. Ова се слики од 14 јули ова лето, негде околу 5 часот наутро. Ја сум во Кисела Вода, и е сликано во правец кон Гази Баба и Скопје Север.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Јас сум за, зошто да не, мора да се регулира тоа и народот да се примора да купува еколошки возила или возила од поново годиште со поголема еуро норма. Сега на регистрација плаќаш исто како да возиш голф 1д (без навреда на оние што возат) иако си еуро 6, blue motion старт стоп, итн итн. тоа треба да се регулира за да тргнеме напред. Не мора да не им се дозволи да се возат, доста е да не движат низ центар, или доколку сакаат да движат да си платат дневна такса. Да се намалат давачките за увоз и за регистрација на еуро 5-6 возила и да им се дадат некои поволности, па кој што му одговара нека одбере и нека вози.

ќе бидеш осуден за ваква изјава... стварно ти е нефер ова што си го пишал... и јас го осудувам ваквиот начин...

едит...

ете, веке те осудиле...

значи некој ако има да купи скапо возило незначи дека треба вакви работи да пишува...

од моја гледна точка, попрво би ги забранил возилата со странски таблици да се управуваат низ државата, од македонци со двојно државјанство (најчесто бугарски возила со бугарско државјамство)... прво не плаќаат ништо на оваа држава, а го газат нејзиниот асвалт.. плќаат  во друга држава и за еколошки такси а тука бесплатно загадуваат.... се најде погоден? значи не го мислам тоа до толку, само ти илустрирав за да видиш како изгледа кога некој ке те осуди за нешто што е твој личен избор или уште пострашно е кога имаш ограничена МОЖНОСТ...

значи прво и основно, треба да се наведе муабетот кон правата страна... ваков закон несмее да пројде, бидејки возилата имаат премал учинок во загадувањето.. нека ги решат големите загадувачи, после нека тераат целосна екологија...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Наместо негативна стимулација за стари возила, нека има позитивна стимулација и субвенционирање за нови, еколошки-прифатливи возила. Нема потреба да се казнуваат луѓе, веќе доволно сме казнети, ама нека се стимулира продажбата на нови коли. А за увезените, нека се проверуваат убаво дали се еколошки прифатливи пред да може да се регистрираат.

Цела Европа даваше субвенции за замена старо за ново пред неколку години. А ние го прибравме старото кај нас.

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Ретко кој има пари за нова кола.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Насловов на темава е тотална утка вре луге, што се палите како млади мајмуни. Врска нема дека некој ке ти забрани да регистрираш возило од пред 2000 година. Страшно е колку се прави работата од игла - слон.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Ретко кој има пари за нова кола.

Затоа, субвенции. Кога удри кризата во Европа, за да се заживее економијата сите влади со по неколку илјади евра субвенционираа продажба на нови возила. Британците даваа по 1500 фунти, Германците по 2500 евра. Тоа не е незначителна сума пари, особено ако земеш во предвид дека има коли што коштаат по 7-8.000 евра. Ете, 2000 евра од државата, 1000-1500 евра рецимо заштедени, другите на кредит. Не е лесно, ама не е ни невозможно. Најпродавани коли во Англија беа најевтините, нормално.