Автор Тема: NEDC vs WLTP  (Прочитано 2352 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
NEDC vs WLTP
« на: 09 Ноември 2014, 23:18:02 pm »
Спремам сторииче за мерења на издувни гасови и потрошувачка (односно NEDC) и неговата замена World Light Vehicle Test Procedure (WLTP).

Лесно е да се „штелне“ кола за да пројде добро на NEDC и да има пониска декларирана потрошувачка и емисија на штетни гасови (препумпување гуми, прелепување дупки, специјален софтвер што приметува дека колата е на тестирање и намалува потрошувачка, итн). Со WLTP би требало да се добијат значително поточни бројки - според истражувањата, NEDC прикажува бројки и до 30% пониски од реалните!

WLTP треба да почне да се користи од 2017, но производителите бараат буткање до 2020 (нормално). Производителите треба да постигнат fleet average емисии на CO2 од 95 грама на километар до 2021-ва година. Рено веќе постигна 115, но кажуваат дека следното скалило ќе биде тешко и скапо да се достигне. Се очекува дека цената на производство на автомобил би се зголемила за околу 800 евра за да се постигне стандардот.

http://en.wikipedia.org/wiki/New_European_Driving_Cycle
http://en.wikipedia.org/wiki/Worldwide_harmonized_Light_vehicles_Test_Procedures
http://europe.autonews.com/article/20140616/ANE/140619989/europes-automakers-face-new-co2-emissions-headache

Одлична и интересна тема за дискусија. Интересно е да се види реално аргументирање за тоа колку лажат производителите со декларираната потрошувачка.