па порано во Кадис кога одев таму на времето за сервис не го испуштаа од штопна, стално со пумпа го вадеа
Помина година како менував масло на Шкодата ( Волксваген мотор е). Бидејќи пред тоа бев во Порше и сакав да купам штопни, но не ми продадоа, требало таму да менувам масло и по гарантен рок... ми даде една поклон (всушност и не е поклон, под гарантен рок секое менување наплаќал по една штопна а ни една извадена не ни дал, сега по истек на гаранција можат тие да се користат уште по 1-2 пати најмалку). Јас ја вградив таа новата , а барав на други места да купам. Имаше само БИРТХ, ама мајсторот не сакаше да ја стави бидејќи челичниот прстен е лабав и може да пушта, па ја стави старата, оригинал, мислам од Феби. Е сега јас запнав да го решам проблемот, па дури во СЕАТ отидов, ама и таму ми покажа исти како на БИРТХ, што не чинат. Прашував и во приватниот Волксваген сервис кај гробишта, тој ми вика ако се појави проблем се поправа картерот !!!!??? .. Најдов на интернет дека Кортеко има многу убав. со прстен од специјална пластика и се јавив во Мултпарт кој што носи роба од Кортеко. Го идентификува делот ( штопната) ама проблемот бил што никој не барал таква работа, изгледа народот се истата штопна ја става додека не се расипе навојот во алуминскиот картер, после се репарира...
Ако некој има идеа каде може да купам квалитетна ВАГ штопна нека пише... Грција сигурно има, ама одамна не сум бил во Солун.