не е така...старите Ваг шајбни од 90-2000, имав јас вартбург со поло мотор беа со бакарна шајбна, ама тука кај нас во Тунгузијава во продавници за Воксваген ми покажуваа како дел само челична штопна ама ја нема шајбната ( па се лутеа кога им кажував кој музикант тоа го порачал )... тогаш си најдов прстенчиња бакарни како за француските коли. Е сега кај новите друг е картерот, нема да лежи бакарен прстен што се сплескува. А и картерот е алумински, челичниот чеп има алуминска превлака и на навојот и на заптивната површина. Не само поради корозија, туку челичниот навој може да зариба на алуминскиот картер ако многу пати се користи. Наводно кај Пежо немало гајле, може да е друга врста алуминиум на картерот а и друга врста челик на штопната, менуваат само бакарни шајбни. Мислев да земам комплетна штопна од некое Пежо, ама има цака у лежиштето кај дихтува чепот на картерот, не е битен само навојот да е ист.
Ќе прашам утре во Мултипарт дали набавиле од Кортеко, ако не или истата штопна трет пат ќе се става или треба во Порше да се моли да ми продадат....