Автор Тема: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback  (Прочитано 24712 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9280
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #75 на: Декември 01, 2020, 18:24:14 pm »
Точно на средина беше најголем размакот.
Размислував на кој начин да го вратам/прицврстам, во меѓувреме се одлучив да го продадам. Бриго преѓи другоме ;D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5388
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #76 на: Ноември 22, 2021, 11:12:30 am »
Што се случуваше 2021ва:

- 253,000км >> 600ден - линиски каиш Continental 5PK1200, по втор пат грешно наместен претходниот се искриве, се распеа, нов зедов сам си го наместив.
- 253,100км >> 600ден - редовно дополнување клима и масло (на 2 години)
- 256,200км >> 5200ден - Optimal главина (1600), SNR преден лагер (3000), и рамнење диск (600), за да се реши тресење на кочење.
- ххх,ххх км >> 700ден - звучници предни репарирање мембрана/ амортизер, како и да се вика
- 259,100км >> 1670ден - Delphi сензор на брегаста, да се реши палење на загреана.
- 259,300км >> 1800ден - држачи за ауспух, преден и заден, Topspider и RIW.
- 259,300км >> 2915ден - Mannol Diesel Turbo 5W-40, Filtron воздушен и кабина, Clean маслен.

Бонус слики, немам канал браќа, ќе изгинам за едни држачи.  :-X












Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2099
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #77 на: Ноември 22, 2021, 18:14:28 pm »
Gledam meraklija si. Za nekoe sledno menuvanje maslo vidi sto moze da ti ponudat od Ravenol vo Tehnomoto Prilep.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5388
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #78 на: Ноември 22, 2021, 18:59:51 pm »
Една од опциите беше и Равенол, имаше и approval од рено RN0700/0710, ама знаев дека ќе биди околу 2500ден 5Л, а сакав колку за проба поефтино, а и само Манол-ов имаше CI-4 спецификација за дизел, другите CF (како демек ќе ми смени нешто) и засега никаква разлика нема со претходните масла.

Вгодина можеби Равенол...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5388
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #79 на: Мај 26, 2022, 07:49:34 am »
Пролетни дефеци:
Климата почна некој звук да ми вади на гребење и многу слабо ладеше а лани ја однесов на проверка и дополнување, ама изгледа почна да бега од некаде по малку или не дополнаа колку што треба. Ја однесов кај „кафето“, ја наполна и смена/дотуре масло на компресорот, засега еве две недели добро е а па ќе видиме... 1500ден.

Се спремав годинава да менувам задни дискови оти беа во очајна состојба години наназад, па решија тие да ме изненадат порано со пробучување на лагер.
SNR дискови со лагер - 4250ден х2
Metelli плочки - 700ден
Тотал - 9200ден +380ден работни алати (30мм наставак и Е16 наставак)

Од калта и рѓата првиот штраф на држачот за клештата го заебав мислев е 13-ка, пошто на предните дискови беше така обична 15-ка нешто, па ко прошлјафова видов дека е машки торкс, Е16. (французи  :-\)
Заминав да купам таков наставак и по два дена го заменав со обичен штраф со 19ка глава и 10.9 цврстина, е сега ќе рѓоса ама то е...

Втор поголем проблем беше враќањето на клипот, требаше да се притиска и истовремено да се врти на десно. 1 сат одзеде за да се дознае ова и измисли направа за потегот, среќа успешно. Слика немам, ниту ќе менува некој овде дискови, а па и да менува сигурно ќе се снајди.  ;D







Оу јеаа, ориџинале. Брат, од отпад да земиш поарно е него заменскиве, оригинал си е оригинал, подруг е квалитетот.  ;D



Ако е рѓосан и распаднат, кочниците и рачната си кочеа нормално и поминуваа на технички во исправност, а за естетика не. И не, не се убив досега, жив сум.  ;D
Ама затоа ме стемна и работев на сијалица, до 20 часот трчав по алати и пребарував на гугл, за до 23 сатот вечерта да завршам.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9280
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #80 на: Мај 26, 2022, 08:24:48 am »
Да не бил лагерот си можел уште да тераш со дисковите :D

Што се однесува до фреонот, можно е да истекува од кај компресорот во кој влегуваат цевките поради гумиците.
Кај мене по 2 истекувања преку зимски период се посомневаа на нив, ги извадија, биле добри и ги вратија истите, и мистериозно исчезна проблемот.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3798
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #81 на: Мај 26, 2022, 08:33:27 am »
2 минути ја гледав сликата и убеден бев дека она рѓата е уствари ламарината заштитна  шо ја има позади кај некој тоа дискот да ти било.. Не си салам, земи урами го за на ѕид :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5388
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #82 на: Мај 26, 2022, 08:49:08 am »
Се мислев само лагер да менувам и со штрафцигер да ги истуркам флекиве кај шо фаќа плочката, и наново да си направи плочката нова површина за кочење, ама ај ... нека бега нешто.

А со фреонот ќе видиме летово, или можи другото лето.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1689
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #83 на: Мај 26, 2022, 10:14:43 am »
Се мислев само лагер да менувам и со штрафцигер да ги истуркам флекиве кај шо фаќа плочката, и наново да си направи плочката нова површина за кочење, ама ај ... нека бега нешто.

Мора да се зезаш, шегобиец еден
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5789
  • French diamond
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #84 на: Мај 26, 2022, 10:22:22 am »
Дискот е напраен попара, кузнај колку бил тенок ;D Создравје кочење со новите, нека легнат барем 1000км, ќе се подобри кочењето.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5388
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #85 на: Мај 26, 2022, 12:48:54 pm »
Се мислев само лагер да менувам и со штрафцигер да ги истуркам флекиве кај шо фаќа плочката, и наново да си направи плочката нова површина за кочење, ама ај ... нека бега нешто.

Мора да се зезаш, шегобиец еден

Никогаш не можиш да бидиш сигурен, 20години стара е колата.  ;D

Инаку не беше дискот ламарина, не беше потрошен, само падна слој од ламинираното. Холандија евентуално некоја висока тумба ако имало па да ги изгорија дисковите од кочење, до полуматура таму се возеше.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 42319
  • Il Moderatore
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #86 на: Мај 26, 2022, 14:13:58 pm »
у јеаа, ориџинале. Брат, од отпад да земиш поарно е него заменскиве, оригинал си е оригинал, подруг е квалитетот.  ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ако е рѓосан и распаднат, кочниците и рачната си кочеа нормално и поминуваа на технички во исправност, а за естетика не. И не, не се убив досега, жив сум.  ;D
Ама затоа ме стемна и работев на сијалица, до 20 часот трчав по алати и пребарував на гугл, за до 23 сатот вечерта да завршам.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Неееее... Озбилно?! Тролаш гарант. Ова вака било на кола и никому ништо?! Ако не тролаш, тогаш среќа е што си жив до сега :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #87 на: Мај 26, 2022, 14:16:32 pm »
И ја мислев дека е заштитната ламарина првично на сликата  :-X
Мора да не трола, не знам  ;D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5388
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #88 на: Мај 26, 2022, 14:36:47 pm »
Не тролам, вака беше, ама ај да се види целата слика ќе ги сликам дисковите цели, да се види приказната и од другата страна.
И не се слаби, дури добија на месо од рѓа (шо да не добијат не се карбонски).

Опасни се флеките, ама пошто тркалото врти на десно, ако се откачи флека мава од долната страна на плочките и паѓа долу. Лошо беше брзо во рикверц ако терав од горе ако заглави флека ничкум ќе одев, ама затоа брзо во рикверц не возев.  ;D
Немам заштитна ламарина, исчезна совреме таа, побрзо од на опел.

шо сторе тропање глупости јас...


Криво ви е здрави шо фрлате, а не ги користите максимум како мене.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9280
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #89 на: Мај 26, 2022, 15:20:59 pm »
Ух, заборавив да те поучам, си пишал "пролетни дефеци"...

Пошо колата била у возна состојба, а на технички не ти нашле замерка (а и да нашле, не се брои) се што си сменил било за лична сатисфакција, особено што самоволно си ги купувал деловите, некои дури и сам си ги сменил :)

Значи: дефекти = нула :)