Автор Тема: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback  (Прочитано 30777 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #45 на: 23 Октомври 2019, 12:22:56 pm »
Prasanje, ja instalirav aplikacijata i posle nekolu polnenja benzin ne mi dava prosek na potrosuvacka... sto pravam pogresno? (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Пресметува само на полн резервоар.

Кога полниш, ако полниш фул, обележи го Are you filling the tank?.

На наредно полнење фул, ќе имаш просек.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #46 на: 23 Октомври 2019, 13:16:00 pm »
60 и кусур литри човече ;D

Затоа денес ги прават колите со едвај 50 литри.

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 965
    • nobrain.dk
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #47 на: 23 Октомври 2019, 18:59:08 pm »
Fala


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #48 на: 24 Октомври 2019, 07:16:03 am »
Не знам шо апликација е оваа ама во Fuelio ставија опција и на неполн резервоар да ти го пресметува просекот, внесуваш отприлика колку литри имаш во резервоарот после точење.

Реално корисно е кога си околу резервата, па си ја додаваш на точеното.

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 965
    • nobrain.dk
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #49 на: 24 Октомври 2019, 21:19:32 pm »
Fuelio valjda e samo za android bidejki za ios ne ja pronaogam... brw driveo brka rabota ok e


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #50 на: 24 Октомври 2019, 22:13:42 pm »
Јас користам Fuelly на iOS.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2513
  • Дете Битолчанче
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #51 на: 17 Ноември 2019, 18:43:26 pm »
Фарбаното на рачките уште стој или почна да се лупи?
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #52 на: 18 Ноември 2019, 07:22:21 am »
Стои кај мене кај возачот, ама кај совозачот е излупен/ изгребан малку тој делот од предната страна што беше и лакиран.
Ќе го префарбувам пак, ми остана боја и изгледа не сака наеднаш сите слоеви, прајмер, боја и лак, па сега во два дена ќе го правам.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #53 на: 11 Декември 2019, 14:35:02 pm »
Дојде денот да ги сменам дисковите земени уште од летото, па после читање на сервисното упатство и гледање на неколку видеа постапката одеше вака:

Вадење на тркалото, потоа штрафовите, 13-ки на „клештата“ и враќање на клипот со помош на штрафцигер додека се е сеуште на место, неочекувано лесно и без проблем со претходно одвртена капачка од резервоарчето за глицерин (а ова најповеќе коса ми креваше). Сега понатаму лесно е.
Вадење на 2-та штрафови 18-ки од адаптерот со помош на braker bar од 450мм, ако го немав ова, ташак вадење штрафовите залепени со црвен лепак.
И на крај останаа два торкс Т40ки и дискот е надвор, со помош на чекан од не знам колку кг, малиот од 200г не бркаше работа.



Чистење на главината со месингана четка а потоа и шмиргла, убо мазно да дојди, да нема груба рѓа,
и подмачкување на главината со бакарна паста, (слика немам). Монтирање на дискот и чистење со чистач за кочници.
Интересно во пакетот имаше само еден сет нови торкс штрафови, па морав по еден од страна да ставам.



Потоа следуваше подмачкување на пиновите со бакарната маст, поставување на лизгачите за плочките и враќање на адаптерот на главина/рукавец?
Не купив црвен перманентен лепак, пошто веќе синиов (медиум) ми беше скап, 6мл за 230ден од веро, па да давам 460ден за лепак според мене е лудост, 5 денари дали вреди хемијата внатре. Ќе мора да држи синиов пошто на друго место никаков немаше да ми стават.  :-\
За клештата и штрафовите за дискот синиот е тамам. Се стегна адаптерот колку што можев најповеќе.





Потоа се подмачка и со бакарна маст рабовите на плочките каде ќе лизгаат на ламаринчињата и ставив и на клипот и телото од кочницата каде ги допират плочките. Се стегнаа и последните два штрафови и се комплетира едната страна.



Дојде на ред и другата, каде очекувано мора да излези некој проблем. Едниот торкс прошлајфова. Ајде спреј еден од напред и од назад и малку чукање на самиот штраф да попушти. Потоа бургија 8-ка да ја скинам главата, ама ај си реков да пробам, со торкс Т45 на страна го заглавив и запнав и за нецели 5мин, штрафот беше надвор.  ???



Едниот диск беше и рѓосан од едната страна па со 800-ка шмиргла го исчистив и за 3 часа завршив работа, каде на еден механичар немаше да му треба повеќе од 1 час. Извадив 20мм глицерин од резервоарот и изгубив 10мин плус да го извадам капакот од под мотор оти капачката ми падна на него.  :-\



Старите дискови, цвичеа и не се трошеа рамномерно:






Потребен алат:


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #54 на: 11 Декември 2019, 14:47:35 pm »
Големо браво за сработеното!
Убаво е чуството кога сам си ја сервисираш колата.  :D

Од каде ги набави перманентниот лепак (thread locker), бакарната маст и силиконска маст за пиновите на шепата?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #55 на: 11 Декември 2019, 14:56:23 pm »
Фала, убаво е.  :D

Thread locker-от го купив од Веро 229ден, имаш црвен и син од К2, во автоделови нема такво нешто, или е за што ти е.

Бакарната за среќа ја најдов во една продавница за автоделови Кети во Битола, и се чудеа зошто ја имаат, истата ја користев и за пиновите,
не знам дали требаше силиконска, таква немам.

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #56 на: 11 Декември 2019, 15:50:22 pm »
Браво за сработената работа и да ви е ќеф сам на своја кола да смениш делови онака нежно и полека и чистење цакум пакум и оп нови делови за разлика од сервисиве каде на брзање менуваат без предходно чистење


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #57 на: 11 Декември 2019, 16:52:36 pm »
Препорачливо е користење на силиконска маст за пиновите дека имаат заштитни гумици и може да се разјадат со тек на време од користење на не соодветни „лубриканти“.  ;D

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #58 на: 11 Декември 2019, 17:59:01 pm »
Секоја чест за сработеното. Никој сервис нема да обрне толку внимание. Бар во Прилеп така, каде повеќе од пола во сервисите се дечишта по 20 год. кој едвај клуч знаат да држат во рака.

И јас истото го направив летово на ксарата ама највеќе мака видов со тие торксовите  што го придржуваат дискот. За жива глава не се одвртуваа за на крај да ги избушам, по што мораше со урезница винтовите да ги “чистам“.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #59 на: 11 Декември 2019, 18:12:05 pm »
Создравје лепење на волан првите неколку кочења, од ко ќе легнат дисковите  :) Требаше и плочки нови во пакет.