2023-та зафати:
- 272,200км >> 6100ден - Delphi Регулатор за притисок на гориво
и решен проблемот со нестабилни вртежи посебно на ладно.
- 273,600км >> 710ден - Стабилизатор лев (Sidem), и пак чука нешто, го имав од поодамна ај реков да го сменам да не се испрај работата, сепак не!
- 280,900км >> 3250ден - Мал сервис, 5L Elf 900 SXR, Muller филтер воздух и масло, Comline кабина.
- 281,000км >> 3800ден - Акумулатор
Vesna Premium 62Ah 600A (Ромбат истера точно 5години)
Регистрација, гуми менување стандард како секоја година...
За чудо ништо поголемо не излезе годинава, освен 2 проблеми кои се активни:
- Напред лево ми мава како на метал нешто на многу рандом ситуации, на клекнување после лежечки, при вртење некогаш при паркирање, при пренос на тежина кон десно..., скоро една година веќе никако да се влоши позначајно, на технички два пати гледаат џабе, јас по мое го извадов и браникот некој радијатор да не лупа, џабе...
- втор проблем, почна да ми се отклучува од двете картици рандом колата, дугимињата не се пропаднати ама ете на потчукнување или тресење картицата се активираат.
Вгодина на есен е на ред голем сервис, па со малку храброст изгледа ќе го правам сам, и да прекрши нова година ќе добие нови амортизери на багашник, на ладново одвај држат оригиналните.
Позначајни случувања во текот на годинава:
- почна да квичи на загреана линискиот каиш, па зедов каков било, Мејле, 600ден, за тој да квичи во ладно уште полошо, резили насабјале, па го вратив стариот континентал пошто очигледно Мејле е ѓубре невидено, како шо можи да се види на сликите по мазната површина. Стариот во ред е засега можи обратно го ставив.
- гратис набиен полумесец на задно тркало по сусрет со браник од Лада Нива, при маневар не ги пресметав тие 40цм надвор од шасија на браникот. Лада Нива ќе заобиколувам со минимум метро во иднина. Ова ќе остани така како што е, нема ниту есап ниту логика пошто е поголем зафат за да биди естетски прифатливо од двете страни на колата.
- се затна лев одвод под шофершајбна заради кривина во цревото, па го одзатнав.
Тоа е, нови авантури во новата...