Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2377773 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3399
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14340 на: 06 Април 2026, 14:35:24 pm »
Не знам, ама се крајно безобразни. Особено со мене, зошто сум возел таква кола, па кој кур, не сум ни мамин ни татин син. Мајка ми кога ја стопираа и рекле "Епа, вади ги таблиците чим немаш печат во сообраќајна, мене фискалните сметки и полисата за ао, не ме интересира". Дали треба така да постапува службено лице со 3 жени и 1 малолетно дете??

Значи дојдовме до заклучокот дека полицаецот постапил професионално. Наишол на случај на нерегистрирано возило и согласно своите ингеренции го исклучил од сообраќај. Причините зошто возилото имало нецелосни документи него не го интересира. Не е он судија да утврди кој направил грешка. За тоа си има суд.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14341 на: 06 Април 2026, 19:38:45 pm »

Кога одеше 3 пати до Штип за да го одјавиш кадетот, каде што лична карта не ти ја важеа за валиден документ да докажеш каде живееш, туку мораше некакво решение, а4 лист да им носиш, дали и тогаш МВР постапуваше професионално во твојот случај ?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6854
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14342 на: 06 Април 2026, 19:40:27 pm »
^ Затоа и не одговарам на провокации, зошто цело членство на форумот му е тоа и поддржува нефункционална држава само кога е во негова полза, инаку Блгариа е најдобра.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14343 на: 06 Април 2026, 19:45:53 pm »
^ Затоа и не одговарам на провокации, зошто цело членство на форумот му е тоа и поддржува нефункционална држава само кога е во негова полза, инаку Блгариа е најдобра.

Твојот случај е чиста неспособност на некој си службеник-лемур, клати врата зимај плата колку да ја протера смената која најчесто му трае максимум 4-5 часови во техничките станици.

Тоа со 29 денови, благе везе нема, секој од нас ја знае процедурата кога регистира возило, фино културно предава сообраќајна и сите останати служби позади шалтерот си ја тераат работата, од технички преглед, до осигурање и на крај шалтер на МВР да удри печат.

Изигрување на законот мало морген кога сепак како странка само чекаш да те повикаат на следен шалтер да ја истераш процедурата.

Некој неписмен ти ја предал така сообраќајната и тоа е тоа.

Затоа и ќе си научиш, со државни институции особено, секогаш да си проверуваш што ти пишале на документите одма после нивното издавање.

А тој што ја казнил мајкати, не бил неписмен, туку чаламџија да се покаже дека е некој и нешто во општеството.
А да бил малку човек можел да и посочи веднаш на прв технички да отиде само да и стават печат во сообраќајната и да и посака пријатен пат.

Ама да бил човек.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14344 на: 06 Април 2026, 19:48:57 pm »
Затоа и ќе си научиш, со државни институции особено, секогаш да си проверуваш што ти пишале на документите одма после нивното издавање.

Не се сеќавам кој беше на форумов, му имаа утнато дата на регистрација при обновување. Не ми текнува ич у пм.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14345 на: 06 Април 2026, 19:59:03 pm »
Мене во 2024та ми ја утнале, тогаш кога сум ја регистрирал завеле во сообраќајната 24.02.2025, а треба 24.03.2025

Јас тек во ноември случајно видов.
По логиката на Кими ако во текот на период 24.02.2025 до 24.03.2025 во тие последни 30 денови ме запрела полиција, исто ќе сум го јадел и ќе требало да се објаснувам.

Бидејки по негова логика јас ќе сум бил со нерегистрирано возило.

А ако е според негова логика, зошто во ноември 2024та кога отидов и им посочив, одма преправија без никаков збор ? И тоа преправија согласно датумот на полисата.

Затоа тоа со ќелепур возење 29 денови е апсолутно нонсес.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6854
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14346 на: 06 Април 2026, 20:00:01 pm »
Треба да проверам и во сообраќајната на мојата астра дали има печат, убаво ме потсетивте. Таа се вози 5-6 пати годишно моментално.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3399
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14347 на: 06 Април 2026, 20:01:38 pm »

Тоа со 29 денови, благе везе нема, секој од нас ја знае процедурата кога регистира возило, фино културно предава сообраќајна и сите останати служби позади шалтерот си ја тераат работата, од технички преглед, до осигурање и на крај шалтер на МВР да удри печат.

Изигрување на законот мало морген кога сепак како странка само чекаш да те повикаат на следен шалтер да ја истераш процедурата.

Во другите градови техничките немаат сообраќаец туку ти дава комплетна документација за техничкиот. Па идеш во осигурителна си вадиш полиса па одиш во мвр заверуваш. 3 различни физички локации посетуваш. И не ретка пракса беше да се одолговлекува со денови заверката..

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3399
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14348 на: 06 Април 2026, 20:10:22 pm »
Кога одеше 3 пати до Штип за да го одјавиш кадетот, каде што лична карта не ти ја важеа за валиден документ да докажеш каде живееш, туку мораше некакво решение, а4 лист да им носиш, дали и тогаш МВР постапуваше професионално во твојот случај ?

Дали беше професионално што на веб страната во документи за одјава на возило немаат наведено дека треба такво решение? НЕ ПРОФЕСИОНАЛНО
Дали беше професионално што во архива во Штип го немаа документот иако баравме цел час, тој документ треба да го имаат во архива. НЕ ПРОФЕСИОНАЛНО
Дали беше професионално од тој на шалтер што ми го бараше ако навистина во деловникот за работа стои дека треба да се приложи тој документ. ДА
Ако го нема во деловникот а го бара? НЕ ПРОФЕСИОНАЛНО

Во кратки црти така би ја рангирал професионалноста на МВР во мојот случај.

А логичноста зошто е повежен тој документ од биометриска лична карта е друга тема надвор од професионалноста.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14349 на: 06 Април 2026, 20:18:02 pm »
И доаѓаме до заклучот дека Нестор си ја истерал уредно постапката за регистрација и проблемот настанал само заради пропуст на службеник во МВР.

При контрола кога увидел полицаецот дека нема датум за важност на регистрација, во ред што изреагирал.
Но штом ги видел платената полиса и платениот технички кои насочуваат на тоа дека возилото му фали само уште една обична процедура, датум и печат, можел да постапи баш професионално со тоа што или во истиот момент да ја прати на технички за да и стават датум и печат или да и посочи дека ако не може одма во моментот, тогаш најбрзо што може во прва прилика.

Затоа тоа со теоријата за 29 денови, како и ова што самиот го потврдуваш со одјавата на кадетот, ја признаваш непрофесионалноста на МВР.

Како и што наведов веќе претходно, нема што да се повторувам, се ми е кажано во претходните постови.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30602
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14350 на: 06 Април 2026, 20:24:40 pm »
Колку и да биле МВР непрофесионални, факт е дека Нестор немал валидно регистрирано возило. И џандарот нема да го интересираат ни фискални, ни ништо пропратно. За него, печатот го прави документот валиден. И тоа е тоа.

Затоа и ќе си научиш, со државни институции особено, секогаш да си проверуваш што ти пишале на документите одма после нивното издавање.

Апсолутно.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14351 на: 06 Април 2026, 20:47:41 pm »
Види, сеа имаш исто такви ситуации пример и со фабрички затемнетите стакла кои при увоз, хомологација и прва регистрација кај нас не биле заведени во сообраќајна.

И тебе те застанува полиција и по секоја цена сака да те казни дека возиш со затемнети стакла, а ти не си крив што друг во МВР чија должност е тоа да го заведе, за тоа и зима плата.

Или како моментот со зимските гуми и ланците, каде правилникот е јасно дециден дека ако си со зимски гуми, ланците не се задолжителна опрема.
Полицаецот ова треба да го знае, и исто така треба да знае да распознава што се летни, што зимски гуми, за да знае по која алинеја од правилникот да се повика за да утврди дали си исправен или не пред законот.

Така и во случајот со Нестор, кога веќе те застанал, ако јас како странка приложувам докази дека нештото што го констатира не е заради моја грешка, туку заради негов колега, треба да преовладее разум.

Ама како што кажав, синдром да се покаже дека он е тој кој ќе воведе ред.
Се надевам дека Нестор низ нос ќе му го извади со тужбата неговото чаламење, наместо да бил човек кога увидел дека сепак има пропуст во службите.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14352 на: 06 Април 2026, 22:21:37 pm »
Државава е заглавена во небулози.
Една од небулозите е полисата што ја вадиш на 10ти во да речеме во 11:00, и целосната документација да се бележи на 10ти, а всушност осигурувањето да почне да важи по полноќ, односно од 11ти.
Фактички, 13 часови со "нерегистриран" доколку направиш сообраќајка.

Друга небулоза е непокривањето на работното време на центрите за регистрација со претставник на МВР.
Сообраќајната е документ издаден од МВР кој на едно парче хартија потврдува постоење валидна полиса и извршен технички преглед при што е констатирана техничка исправност на возилата, и платени сите давачки поврзани со регистрацијата на возилото, и дека е заведена во регистарот на МВР, скратено регистрирана.
Едноставно мора да има лице кое ќе ја заокружи постапката на регистрација во истиот ден.

Пример, сопругата 10 дена пред истек на регистрација, за 5 минути го испушти службеникот. Компликација настана поради тоа што мораше да замине во странство на 3 недели, а нели мора лично сопственикот за печат.
Кога се врати ја натераа да вади нова полиса со нов датум, а можеше едноставно да удрат печат со стариот датум.
И доаѓаме до едно можно сценарио дека сопственикот нужно не мора да поседува возачка дозвола, може да најми возач кој не смее да ја вози колата поради слична ситуација.
Второ сценарио, колата има валидно осигурување, но не се вози и стои паркирана, пијаница ја зденува, зарем поради тоа што нема печат во сообраќајната и не е регистрирана нема да подлежи на процена на штета?

Да заокружиме, нерегистрирана кола не значи дека колата не е технички исправна, ниту значи дека не е осигурана, само дека не е регистрирана во регистарот на МВР.
Печатот во сообраќајната и самата сообраќајна потврдуваат исполнети претходнит услови за регистрација, и намалуваат папирологија на увид на службените лица при вршење контрола.

Ама јас сум МВР, јас сум Бог и батина.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2349
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14353 на: 06 Април 2026, 23:15:26 pm »

Не мора лично, може да се даде полномошно за регистрација.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7771
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14354 на: 07 Април 2026, 00:00:05 am »
Ако имал полицаецот МАЛКУ здрав разум, се можело човечки да се реши. Нажалост, биднало што биднало.