Државава е заглавена во небулози.
Една од небулозите е полисата што ја вадиш на 10ти во да речеме во 11:00, и целосната документација да се бележи на 10ти, а всушност осигурувањето да почне да важи по полноќ, односно од 11ти.
Фактички, 13 часови со "нерегистриран" доколку направиш сообраќајка.
Друга небулоза е непокривањето на работното време на центрите за регистрација со претставник на МВР.
Сообраќајната е документ издаден од МВР кој на едно парче хартија потврдува постоење валидна полиса и извршен технички преглед при што е констатирана техничка исправност на возилата, и платени сите давачки поврзани со регистрацијата на возилото, и дека е заведена во регистарот на МВР, скратено регистрирана.
Едноставно мора да има лице кое ќе ја заокружи постапката на регистрација во истиот ден.
Пример, сопругата 10 дена пред истек на регистрација, за 5 минути го испушти службеникот. Компликација настана поради тоа што мораше да замине во странство на 3 недели, а нели мора лично сопственикот за печат.
Кога се врати ја натераа да вади нова полиса со нов датум, а можеше едноставно да удрат печат со стариот датум.
И доаѓаме до едно можно сценарио дека сопственикот нужно не мора да поседува возачка дозвола, може да најми возач кој не смее да ја вози колата поради слична ситуација.
Второ сценарио, колата има валидно осигурување, но не се вози и стои паркирана, пијаница ја зденува, зарем поради тоа што нема печат во сообраќајната и не е регистрирана нема да подлежи на процена на штета?
Да заокружиме, нерегистрирана кола не значи дека колата не е технички исправна, ниту значи дека не е осигурана, само дека не е регистрирана во регистарот на МВР.
Печатот во сообраќајната и самата сообраќајна потврдуваат исполнети претходнит услови за регистрација, и намалуваат папирологија на увид на службените лица при вршење контрола.
Ама јас сум МВР, јас сум Бог и батина.