Ист случај како кај несторот. Имал платено осигурување ама не заведено. Од тука тргна и целата дискусија и на тоа му укажав и јас. Тоа што си платил осигурување не значи дека колата е регистреирана и возилото осигурано!!
Не е така. Затоа што ако е така како што велиш, треба поново на технички да плаќа и технички и полиса ако возилото не било осигурано и регистрирано по твојава логија.
Мене пред 2 години кога ми беше згрешен датумот на важност на регистрацијата, требаше да биде 24.03.2025, а беше заведен 24.02.2025 бидејки знам дека уште првата година кога го земав, видов дека до 24ти март ми трае регистрацијата.
Гледам на полисата датумот е 24.03.2025.
И отидов во ПСС, првин на шалтер за осигурување, им кажувам што е проблемот, гледа таа и ми вели дечко се гледа според полисата, плус и провери во систем дека возилото наназад било секогаш со важност на полиса до 24ти март.
Отидов одма на шалтер на МВР, му го посочувам ова, одма го преправи датумот на 24.03.2025
Така да и во случајот на Нестор, возилото си било уредно регистрирано, поминат технички и платена полиса кои ги приложува со кои возилото ги исполнува условите за продолжување на регистрацијата за дополнителна година.
Тоа што неспособен шалтерски службеник од МВР направил грешка и не удрил печат, ни под разно не требало да биде санкциониран возачот, бидејки доказите се таму, платен технички и платена полиса.
Така да во случајот на Нестор е само неспособност на некој си таму платен со наши пари да знае како да работи.
Возилото си било уредно осигурано, платен технички. Само уште печат што требало некој да стави, каде што му прошла низ рака таа собраќајна.
Не си во право за ова бидејки секогаш кога идеш да регистрираш кола, мора првин да отидеш на шалтер за технички и шалтер за осигурување, да се исполнат тие за да можи полицаецот да констатира дека возилото смее да се пушта во сообраќај.
Тоа што фалело печат и датум е само неспособност за која ни крив ни должен Нестор, односно мајкаму требало да ја плати, а не дека навистина возилото не било регистрирано и немало важечко осигурување.
Ова ти го велам затоа што тоа со 29 дена што го велиш е тотален нонсес бидејки регистрација на возилото можи да направиш 30 дена пред истекот на сообраќајната, односно полисата.
Еве сега јас кога ја регистрирав оваа година, ми важи до 24.03.2027, а ја регистрирав на 27.02.2026.
Така да немора истиот ден да ја завериш сообраќајната, можи нема полицаец тогаш, се додека си во тој последен рок на последни 30 дена е вака како што ти велам,
Ова твојава логика со последните 29 дена, со различни датуми е тотален нонсесн и апсолутно без никаква логика.